19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска
219 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска
БалканМицотакис: Имав некои реални прашања со Договорот од Преспа, но го почитував Имав некои реални прашања со Договорот од Преспа, кој го склучи претходната Влада. Но, го почитував. Се обидовме да соработуваме со Македонија за да ѝ помогнеме во нејзиното европско патување. Но, за некој да се приближи до Европа ќе треба да го почитува европското законодавство и да постигне напредок во прашањата што се однесуваат на владеењето на правото, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во британскиот поткаст „The Rest is Politics“, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис говореше и за европската перспектива на Западен Балкан, откри дека една од работите што ќе ги направат во текот на следниот европски циклус е одново да го разгледаат процесот на проширување. - Што значи во пракса да се стане член? Кои се можеби меѓу-фазите што можеме да ги поставиме за овие земји за да разберат дека како што напредуваат, ќе постојат и придобивки. Затоа што во моментов, треба да бидеме искрени, граѓаните од Западен Балкан не веруваат дека ќе станат дел од европското семејство. Станува збор за голем проблем, истакна Мицотакис. Објасни дека постојат одредени земји, како што е на пример, Црна Гора, која напредува и треба да биде наградена, истакнувајќи дека не станува збор за „камшик“ и „долга листа на работи што треба да ги провериме и да им кажеме дека не им оди добро“. -Треба исто така да се потсетиме, да ги видиме нашите сопствени патишта. Грција влезе во Европската Унија во 1981 година. Ако денес бевме кандидати „ќе ги имавме штиклирано сите полиња“? Мислам дека тоа беше политичка одлука донесена тогаш, со голема поддршка од Жискар Д’Естен. Германија беше воздржана. Земјата излегуваше од хунтата. Во овој случај повеќе беше геополитичка одлука, а помалку технократска. Но, во одреден момент треба да се постигне одреден напредок. Но, ве разбирам кога велите дека во одреден момент ќе треба да се донесат одредени храбри политички одлуки, истакна Мицотакис. Паралелно повтори дека Грција е голем поддржувачи на ЕУ перспективата на Западен Балкан, бидејќи, како што рече, тоа е и во нејзини интерес, затоа што „станува збор за нашето непосредно соседство“. -Солунската декларација од 2003 година, односно од пред 21 година, за првпат ја спомена потребата Западен Балкан да се доближи до Европа, но сè уште немаме постигнато доволен напредок. Постои нова динамика и како резултат на ситуацијата во Украина и треба да ја искористиме. Затоа треба да ги наградиме земјите кои навистина постигнаа најголем напредок, рече Мицотакис. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
МакедонијаШто се случувало во Ново Село пред два дена при посетата на премиерот Мицкоски? Што се случувало во Ново Село пред два дена при посетата на премиерот Мицкоски? Од СДСМ и денеска бараат одговори од институциите со тврдење дека нивни млади активисти биле нападнати, наводно со цел да се замолчат бидејќи носеле транспарент дека нема одговорност за случувањата во Гостивар. Велат дека напаѓачите биле поврзани со владејачката партија, а меѓу нив бил и возач на градоначалник. -Бараме од Министерството за внатрешни работи и од Обвинителството - веднаш. Не утре. Не за една недела. Веднаш да ги идентификуваат сите учесници во нападот и да ги приведат. Да се утврди и кој го дал налогот за нападот врз младите. Затоа што ова не беше спонтано. Ова беше организирано,- Трајче Стојчевски – претседател на СДММ. Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека СДСМ таму пратила осудени насилници за да создадат инциденти додека се одржува настанот. На прес конференција прикажаа видеа и документи од кривични пријави од претходни настани кадешто, според нив, учествувале токму лицата кои вчера стоеа до Филипче на прес конфенрецијата во Ново Село. „Децата“ на Филипче, кои ги претставува како деца на Македонија во Ново Село, се лица кои се правосилно осудени на условни казни затвор за насилство и за кривично дело поседување на дрога и наркотични средства по член 215 од Кривичниот законик. Вистината е дека Венко Филипче со насилници и лица корисници на наркотични средства и опојни дроги сакаше да предизвика инцидент во Ново Село, за да настрадаат недолжни луѓе и граѓани. Исто како што пушташе насилници и провокатори во Ташмаруништа. Валентин Манасиевски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Од МВР за Канал 5 велат дека за овој настан до нив воопшто нема пристигнато пријава ниту од партијата, ниту од засегнатите. Освен за Ново Село, партиите претходно се обвинуваа и за случај во Ташмаруништа за време на чествувањето на Илинден кога возрасен маж ја навредувал делегацијата предводена од премиерот.. За тамошниот настан имаше институционална разврска- поднесена е кривична пријава против 52 годишно лице од Струга за кривично дело насилство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
ЗдравјеВкупно 16 лица во моментов се хоспитализирани на Инфективната клиника со симптоми на западен нилНајголем број од пациентите кои со воспаление на мозокот беа примени на Инфективната клиника во текот на минатата недела сега и официјално се потврдени на „западен нил“,.Најголем број од пациентите кои со воспаление на мозокот беа примени на Инфективната клиника во текот на минатата недела сега и официјално се потврдени на „западен нил“, што значи дека вирусот го добиле по убод од комарец и развиле тешка форма на болеста. Директорот на Клиниката, инфектологот д-р Фадил Цана, вели дека во моментот се хоспитализирани вкупно 16 пациенти кои клинички имаат невроинвазивна форма на инфекцијата „западен нил“, сите се над 60 годишна возраст со живеалиште во Скопје и имаат и други хронични состојби. Д-р Цана потврдува дека за жал нема подобрување кај тројцата пациенти кои беа ставени на респиратор. Поради локалното присуство на вирусот, алармирани се и матичните лекари кои апелираат - при појава на симптоми како што се висока температура, треска, зашеметеност и конфузност веднаш да се јават на лекар. Иако само мал процент може да имаат тешка форма на болеста, не се исклучува можноста таа да се јави и кај деца, па затоа педијатрите советуваат, дека најмалите треба највеќе да бидат заштитени. Вирусот Западен Нил не го пренесува само тигрестиот комарец, а во Македонија главен преносител е обичниот домашен комарец, кој се заразува од инфицирани диви птици, а потоа со убод може да го пренесе вирусот на човек. Затоа препораките се освен сите да користат спрејеви или лосиони за заштита од убоди, да не се чува застоена вода во дворовите, а да се носи облека на долги ракави и мрежи за заштита во количните за најмалите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска19 годишник на мотоцикл загинал претпладнето на улица Радишанска во Скопје, при судир со автомобил алфа ромео со италијански регистраски таблички. Возачот на мотоциклот починал на лице местоо. Повеќе детали за оваа несреќа има Мирјана Мирчевска Јовановиќ. Мими кога точно се случила сообрачајката и има ли повеќе детали како дошло до неа? Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: сообраќајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook