Мицотакис: Грција стана значаен центар на енергетска безбедност за Балканот и Југоисточна Европа - Канал 5

Мицотакис: Грција стана значаен центар на енергетска безбедност за Балканот и Југоисточна Европа

За обвинувањата од Андрулакис дека Грција има една од најскапите цени на електричната енергија во Европа, Мицотакис рече дека станува збор за лага бидејќи, како што објасни, сега сметките се намалени за 21 отсто во однос на европскиот просек.

Мицотакис: Грција стана значаен центар на енергетска безбедност за Балканот и Југоисточна Европа

Денес, како резултат на политиките на оваа влада, во земјата минуваат вкупно 17 милијарди кубни метри природен гас, а нашата земја стана значаен центар на енергетската безбедност за Балканот и Југоисточна Европа - посочи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис одговарајќи на пратеничкото прашање за енергетиката од лидерот на ПАСОК, Никос Андрулакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис посочи дека „тоа не е случајно, туку беше постигнато“. Тоа, како што рече, е резултат на систематски одлуки на владата да инвестира во инфраструктура за природен гас наспроти ситуацијата во 2019 година кога „земјата увезуваше и трошеше околу шест милијарди кубни метри природен гас“, односно „сè што влегуваше во системот го трошевме во Грција“.

- Ова е нешто што не може да не го гледате, не може да не го признаете, дека денеска Грција може да ја поврзе својата енергетска политика со надворешната политика бидејќи, очигледно, придобивките од ова енергетско надградување на земјата се повеќекратни - рече Мицотакис и се осврна на претстојните истражувања за природен гас, што се очекува да почнат в година и се првпат по 40 години.

За обвинувањата од Андрулакис дека Грција има една од најскапите цени на електричната енергија во Европа, Мицотакис рече дека станува збор за лага бидејќи, како што објасни, сега сметките се намалени за 21 отсто во однос на европскиот просек.

- Сметките на грчките домаќинства, г. Андрулакис, во првата половина од 2025 година - и се ограничувам на првата половина затоа што до тогаш имаме достапни податоци од Евростат - беа за 21 отсто поевтини од европскиот просек. И не може, г. Андрулакис, да сметате дека меѓународната енергетска криза е грчка, криза што сите знаат дека избувна по руската инвазија на Украина - рече Мицотакис.

Лидерот на ПАСОК во своето пратеничко прашање нагласи дека „граѓаните плаќаат поскапа струја од европскиот просек според нивната куповна моќ“ и дека „32 отсто од Грците имаат заостанати обврски за сметките за основните услуги кога во ЕУ соодветниот процент е само 6,9 проценти, односно во Грција е речиси петпати повеќе“.

- Речиси едно од пет грчки домаќинства не е во можност доволно да го загрее својот дом. Зад овие бројки се луѓе, семејства, кои го исклучуваат греењето за да може да платат во супермаркет. Постојат мали и средни претпријатија, кои ја ограничуваат својата дејност затоа што не може да ги поднесат трошоците за струја. Постојат и земјоделци, оние што протестираа на блокадите, кои го гледаат нивното производство како станува неконкурентно и неодржливо - рече Андрулакис.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хорор на градилиште во Брисел: Безживотни тела пронајдени во лифт

Неколку лица загинаа во пожар на градилиште во Брисел денес, додека потрагата по уште шест исчезнати е во тек, соопштија локалните власти.

Хорор на градилиште во Брисел: Безживотни тела пронајдени во лифт

Телевизијата „VRT“ објави дека повеќето од приближно 200 работници биле евакуирани откако избувнал пожарот.

Портпаролот на локалниот инспекторат за труд изјави дека голем број тела се пронајдени во еден од двата лифтови на голем проект за реновирање на „Place de Brouckere“, каде што пожарот избувна рано утрово.

Сепак, тој не прецизираше за колку тела станува збор.

Тој додаде дека сè уште не е јасно дали телата на исчезнатите работници се пронајдени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Падна Владата на Украина

Украинскиот парламент, Врховната рада, денес ја прифати оставката на премиерката Јулија Свириденко.

Падна Владата на Украина

Целата украинска влада со тоа автоматски поднесе оставка заедно со премиерката, а 258 пратеници гласаа за нејзино усвојување, објавува Укринформ.

Свириденко претходно им се заблагодари на пратениците во своето обраќање пред парламентот за нивната заедничка работа во текот на целата година и на украинскиот претседател Володимир Зеленски за довербата што ѝ ја покажаа, објавува агенцијата.

Претседателот на украинскиот парламент, Руслан Стефанчук, вчера објави на Фејсбук дека оставката на премиерката Јулија Свириденко стигнала до украинскиот парламент.

„Благодарен сум на Јулија Анатолиевна за нејзината работа на чело на владата во исклучително тежок период за земјата, нејзиниот придонес во зајакнувањето на економијата, поддршката на граѓаните и напредокот на нашата земја на патот кон Европската унија. Ѝ посакувам успех во понатамошната работа“, додаде претседателот на украинскиот парламент.

Зеленски претходно најави реорганизација на Кабинетот на министри како дел од спроведувањето на нова политичка стратегија и промената на раководителите на безбедносните и судските институции.

На 17 јули 2025 година, Врховната Рада го поддржа назначувањето на Јулија Свириденко за премиер на Украина.

Според извори на „Укринформ“, гласањето во парламентот за назначување на нова влада се очекува да се одржи на 16 јули.

Дотогаш, првиот заменик-премиер, поранешниот премиер Денис Шмигал, привремено ќе ја извршува функцијата шеф на владата.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ

 Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ, фактите се непријатни за СДС, а бегањето од сопствената одговорност преку политичка пропаганда не е политика, туку лицемерие.

Петрушевски: Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ

Падна монтираниот случај за политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ!

Колку и да се обидува СДС да ја префрли вината, фактите не можат да ги избришат.

Факт е дека предметот го отвори нивното криминално СЈО, како дел од тогашниот политички прогон против ВМРО-ДПМНЕ, со цел промена на името. Дополнително, факт што свесно го избегнуваат, а кој денес судот јасно го образложи, е дека пресудата е последица на измените на Кривичниот законик од 2023 година, кои СДС ги предложи и ги изгласа.

Јавноста добро памети и како тогаш беа донесени тие измени на Кривичниот законик, со силни сомнежи дека се дел од пошироки политички договори и трговија со влијание, со цел уставни измени за внесување на Бугарите во Уставот.

Затоа, наместо да измислуваат приказни за „судство под контрола“, најпрвин нека се погледнат во огледало, а потоа нека одговорат јавно: кој и за какви цели преку тогашното СЈО го нарача политичкиот прогон против ВМРО-ДПМНЕ и зошто ги донесоа измените на Кривичниот законик во 2023 година?

Фактите се непријатни за СДС! А бегањето од сопствената одговорност преку политичка пропаганда не е политика, туку лицемерие.

Бране Петрушевски

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер