3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
БалканМицотакис: Го почитуваме Договорот од Преспа, даваме поддршка за пристапување на Македонија во ЕУДоговорот од Преспа е испочитуван, но се уште имаме проблеми со неговото имплементирање како трговските марки и сопствеништвото на брендот, даваме поддршка за евроатлантската иднина на земјата, изјави грчкиот премиер Мицотакис на дебата во Вашинтон.– Им помагаме на грчките компании да ги заштитат трговските марки „македонски", и работиме систематски на тоа. Но, истовремено кажавме дека ќе го предводиме Западниот Балкан во ЕУ и сакаме грчкото влијание и интереси кај северниот сосед да бидат земени предвид, рече Мицотакис на дебата во Атлантскиот совет во Вашингтон. Притоа, посочи тој, потребен е отворен пристапен процес со Унијата. – Не треба да им ја затвориме вратата в лице, истакна тој, посочувајќи дека го поддржува пристапувањето и оти е разочаран од ветото на Франција за отварање на преговорите со Македонија. За пристапувањето на Албанија во ЕУ пак, истакна дека постојат некои услови како признавањето на правата на грчкото малцинство во таа земја. – Дали се тоа сопственички права, или учество во социјалниот и културниот живот на земјата, не прифаќаме незаштитени права на грчкото малцинство во Албанија, порача Мицотакис. Додаде дека сепак, направен е прогрес во врска со реформите кои се прават во процесот на пристапување на нови земји во ЕУ. -Се надевам дека во мај во Загреб, Франција, Данска и Холандија ќе ги преиспитаат нивните одлуки, рече грчкиот премиер. Тој истакна дека Грција се наметнува како столб на стабилноста како во источниот Медитеран, така и на Балканот, и оти Вашингтон и Атина сега имаат заедничка агенда да работат кон зголемување на економската стабилност и безбедноста во југоистична Европа, преку економска интеграција на источниот Медитеран и поддршка за евроатлантската иднина на Западниот Балкан. -Изградбата на гасоводот „ИстМед" не е против турските интереси. Со Анкара сакаме политика на заемно почитување, а не разговор од позиција на сила, истакна тој на прашање дали гасоводот, што е планиран да биде завршен до 2026 година, е против интересите на Турција. Договорот за изградбата на гасоводот „ИстМед", премиерите на трите земји го потпишаа минатата недела во Атина. Гасоводот ќе се простира од Израел, преку Кипар до Грција и Европа, но против настапи Турција, бидејќи во регионот работи трансанадолискиот цавковод по кој Грција добива гас од Азербејџан. -Десет години бевме префокусирани на нашите внатрешни проблеми. Време е да се вратиме во регионот со напредна агенда, најави Мицотакис. Според новата стратегија за која синоќа се зборуваше и на средбата со американскиот претседател Доналд Трамп, САД во Грција гледаат и клучен сојузник во спроведување на американските интереси во регионот на источен Медитеран. Двајцата лидери зборуваа и за американските инвестиции во Грција, можност за купување воена опрема од САД, а ги спомнаа и акциите на Турција, кои Мицотакис ги опиша како провокативни. Трговска соработка меѓу двете држави се зголемува, се отвараат нови американски капацитети во земјата, се потврди на дебатата во Атлантски совет. Мицотакис денеска продолжува со официјалната посета на Вашингтон и има средби во Сенатот и Претставничкиот дом, но и со американски бизнисмени. Вечерва пак ќе присуствува на прием организиран од потпретседателот на САД Мајк Пенс и државниот секретар Мајк Помпео. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСедница на ЕСС: Различни пресметки за кошничката, без договор за неработните деновиВладината потрошувачка кошничка, празничните денови и неработна недела, во фокусот на денешната седница на Економско-социјалниот совет. Владата на седницата ја објави и просечна септемвриска кошничка за која пресметала дека изнесува 58.117 денари за четиричлено домаќинство, 358 денари помалку во однос на август, но за 1.736 денари повеќе од јануари. Разликата од околу 12.000 денари со синдикалната кошничка, која прв пат надмина 70.000 денари, министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, ја објаснува со различниот пристап во пресметките, посочувајќи дека станува збор за просечна, а не минимална потрошувачка кошничка. Најави изработка и на минимална кошничка, како и посебни за пензионери и студенти. -Треба да ги гледаме и двете просечни плати на едно семејство четиричлено семејство, така да ова е просечна, не е минимална потрошувачка кошница. Во наредниот период во аа соработка со експертите или во во меѓународните институции сме разговарале и во аа овој дел каде што ќе бидеме ааа поддржани и од аа Европската Унија во овој во делот на реформската агенда каде што ааа тие бројки ќе ги побараме од Европската Унија, веќе сме побарале извинете и оние аа дадоа свој придонес и известија дека во наредниот период ќе ни помогнат заедно со аа експертите да направиме да ги направиме и другите потрошувачки, како на пример минималната и аа другите потрошувачки кошници за пензионери и студенти и така натаму.- Бесар Дурмиши – министер за економија и труд Од ССМ велат дека платите не го следат растот на трошоците за живот. Бараат поефикасни инспекциски контроли и механизми за реакција на поскапувањата во текот на годината, наместо да се чека редовното усогласување на платите во март. -Залудно мислам дека се обидуваат да ги убедат граѓаните дека не се живее со 70, а се живее со 58.000 денари. Сите најубаво си знаат со колку се живее и дека секојдневно стандардот на граѓаните само повеќе и повеќе опаѓа. Ние не ја пресметуваме за да ги убедиме граѓаните со колку се живее, туку тоа ни е единствен аргумент кога одиме за дел од зголемување на плата и да не чекаме секој месец усогласување на платата за некои мизерни 1.000–1.300 денари, туку дека треба да се најде нова формула или во текот на годината да се реагира кога гледаме вакви ценовни шокови, на крајот на денот што ги плаќаат граѓаните и работниците.- Иван Пешевски – ССМ На седницата се разговарало и за евентуални измени поврзани со неработните денови, празниците и работата во недела. Дурмиши изјави дека синдикатите немале конкретен предлог за измените, поради што не била донесена одлука. Од ССМ, пак, децидни се дека не прифаќаат промени надвор од постојното законско решение. Бараат сите празници да останат неработни, неделата да биде неработен ден за сите, а за работниците кои работат во недела или на празник да се исплаќа 250 проценти од дневницата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧелниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
МакедонијаСтудентите бараат зголемен студентски оброк, бесплатен превоз и подобри услови во домовитеСтудентските права се загарантирани на хартија, но во пракса проблемите остануваат нерешени. Лоши услови во студентските домови, проблеми со јавниот и меѓуградскиот превозот, недоволен студентски оброк и сомнежи за фаворизирање при оценувањето – ова се дел од проблемите со кои се соочуваат студентите. Едно од главните барања на студентите е зголемување на дневниот надоместок за субвенциониран студентски оброк, од сегашните 140 на 200 денари. Според нив, постојниот износ не е доволен за покривање на трошоците за исхрана. ,,Од 2023 година до денес износот на оброкот не е зголемен ниту еднаш... спротивно на Законот за студентски оброк кој го има донесено Собранието на нашата држава. Она што студентите можеле пред 3 години да го купат за 140 денари дневно, денес таканаречено можат да ,,сонуваат,, Тоа е првиот проблем за кој студентите најмногу пријавуваа.“ – Основач на „СТУДЕНТАРИЈА“- Гоше Николов Покрај студентскиот оброк, прашањето за бесплатниот јавен превоз е само уште еден од шесте проблеми што денеска беа посочени. ,,Дискриминаторски е студентите во Скопје да имаат превоз, а студентите од Тетово,Охрид,Битола,Прилеп... кадешто постои градски превоз и каде има државни па и приватни универзитети да го немаат тоа право.“ – претставник на„ СТУДЕНТАРИЈА“ - Александар Николовски За само шест месеци, преку платформата „Студентарија“ пристигнале над 700 пријави, а повеќе од 1.200 студенти гласале за пријавените проблеми. Бројките покажуваат дека студентскиот глас е сè погласен, но сега се очекуваат и конкретни решенија од надлежните. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСобранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Сања БожиновскаНе помина интерпелацијата во Собранието за министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска- 19 пратеници гласаа за, а 63 дадоа глас против. Во тричасовната дискусија за струјата, долговите, рудниците, подносителите од Левица и пратениците од СДСМ ја оспоруваа нејзината работа со критики дека во две години се создало енергетско безредие. Божиновска кажа дека со интерпелацијата добила можност да каже што сработила, но потенцираше дека постои граница меѓу надлежностите на министерството и работењето на ЕСМ и РКЕ за кои добива забелешки од нив. Пратениците продолжија и со меѓусебни обвинувања за тоа која власт донела поголеми трошоци и долгови за граѓаните. Се дебатираше и за потенцијалот на Чебрен и Галиште, за кои СДСМ критикува дека се уште нема напредок ниту финансиска конструкција. Од Владата неодамна најавија дека следната година се очекува да биде поставен камен темелник за двете хидроцентрали, а државата ќе биде инвеститор на проектот за кој имало интерес за финансирање од американска финансиска корпорација. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧелниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59