Началникот на Генералштабот на Армијата на состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната – DECI
1Началникот на Генералштабот на Армијата на состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната – DECI
БалканМицотакис: Eвропа мора да се подготви за нов мигрантски бранЕвропа мода да се подготви за нов бран мигранти и бегалци , предупреди грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во разговор пред почетокот на состанокот на Европскиот совет.Сто дена по стапувањето на должност, Мицостакис, чија земја стана главниот миграциски портал за Европа, денеска им се обрати на земјите од Европската унија кои одбиваат да прифаќаат мигранти. „Мора да има последици за оние кои не сакаат да учествуваат во задачата за европска солидарност“, рече Мицотакис. Грчкиот премиер претходно го предупреди грчкиот парламент дека ќе бара „конкретни санкции“ за тие земји, но не прецизираше кои. Со повеќе од 70.000 баратели на азил во Грција, од кои близу 33 000 на егејските острови во близина на Турција, Мицотакис рече дека „неприфатливи се однесувањата на неколку земји членки на ЕУ кои сметаат дека не се нивни проблем“. „Имаме меѓу 3000 и 4000 придружници на малолетни лица во Грција, така што европските земји треба да преземат дел од товарот“, рече тој за АФП. За време на првиот состанок на Европскиот совет на Мицотакис, утре и задутре, лидерот на десничарската партија Нова демократија, кој го наследи левичарскиот премиер Алексис Ципрас во јули, вети дека ќе го постави неизбежното прашање за поделбата на мигрантите и истакна дека Грција не може сама да го носи товарот. „Ние се соочуваме со проблем од тешки пропорции само од бројот на мигранти кои го преминаа Егејското Море ако го споредиме со бројот од минатото лето“, додаде грчкиот премиер. Во 2019 година, повеќе од 46.000 мигранти пристигнале во Грција, според CROMAC, повеќе отколку во Шпанија, Италија, Малта и Кипар заедно. Иако тоа е далеку од еден милион бегалци во 2015 година, овој прилив го покренува прашањето за приемот на мигрантите во Грција. Камповите на егејските острови се преполни и не можат да го издржат новиот бран предизвикан од турската офанзива во Сирија. Мицотакис остро го осуди упадот на Турција во Сирија бидејќи создаде нова нестабилност што ќе предизвика нов миграциски притисок во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАВидео: Дончиќ повторно во „судир“ со судиитеКошаркарите на Јута ги совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 109:97 во изминатата ноќ, а во преден план повторно изби Лука Дончиќ.Но, не поради играта на теренот туку поради расправии со судиите. Сè започна на полувремето, кога словенечкиот ас дофрли нешто кон еден од судиите, кој се сврте и го праша: „Што рече?“. Сепак, Дончиќ не реагираше на тоа, туку едноставно продолжи кон соблекувалната. The ref just ran up to Luka Doncic at the half and was held back by an assistant Luka looked CONFUSED as hell 😭 https://t.co/mSds4Jeeoo — LakersCenter (@LALakersCenter) November 19, 2026 Напнатоста меѓу Дончиќ и тројцата судии продолжи во третата четвртина, кога на клупата на Лејкерс ѝ беше досудена техничка грешка. Тогаш Дончиќ се сврте кон Даника Баруда и можеше да се слушне како вели: „Не се работи за тебе“, на што му беше одговорено дека не знае кога да застане. Целата оваа ситуација лошо влијаеше на Дончиќ, поради што Лејкерси без вистинскиот Лука беа поразени од Јута. Езерџиите на тој начин ја прекинаа низата од девет победи, а Јута неочекувано го забележа само трет триумф во сезоната. Гостите ги предводеа Кијонте Џорџ со 30 поени и Ејс Бејли со 19 поени. Лука Дончиќ го заврши натпреварот со 29 поени, но не успеа да пронајде ритам во шутот, погодувајќи само два од 12 обиди за три поени.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
МакедонијаНачалникот на Генералштабот на Армијата на состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната – DECIНачалникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, утре во Тирана, Република Албанија, ќе учествува на редовниот годишен состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбранатаНачалникот на Генералштабот на Армијата на состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната – DECI (Defence Cooperation Initiative) Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, утре во Тирана, Република Албанија, ќе учествува на редовниот годишен состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната – DECI (Defence Cooperation Initiative). На состанокот ќе присуствуваат и високи воени претставници на НАТО и ЕУ, меѓу кои заменик-командантот на Здружената команда на НАТО во Неапол, командантот на мултинационалните копнени сили, командантот на КФОР и командантот на ЕУФОР. Во фокусот на дискусиите ќе бидат актуелните безбедносни предизвици во регионот, воената соработка во рамките на DECI и НАТО, како и можностите за продлабочување на одбранбената соработка и заедничките обуки. За време на работните сесии, генералот Лафчиски ќе има свои излагања во кои ќе ја потврди посветеноста на нашата држава кон колективната безбедност и улогата на Армијата во рамките на оваа иницијатива, како сигурен партнер во зачувувањето на мирот и стабилноста на Балканот. На крајот од конференцијата ќе се утврди динамиката за следните заеднички проекти, а началниците на генералштабовите ќе потпишат заедничка изјава за соработка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураВечерва на сцената на Македонската филхармонија два оркестра, два града „Профундис“ од Скопје и „Камерата“ од Нови Сад вечерва за првпат заедно на сцената на Македонската филхармонија, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица ДашиќСКОПЈЕ, 19.11.2026: Вечерва, во 20:00 часот, во Големата сала на Македонската филхармонија, Камерниот оркестар „Профундис“ од Скопје и оркестарот „Камерата“ од Нови Сад ќе настапат како еден голем музички состав, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ. Музичарите од двата града ја споделуваат сцената во изведба во која оркестарот е вистинскиот главен актер. Наместо два ансамбли што настапуваат еден покрај друг, публиката ќе слушне една музичка целина, изградена од искуствата, изведувачките сензибилитети и уметничката енергија на двата оркестри. „За мене, посебната вредност на овој концерт е во тоа што на сцената нема да имаме два оркестри кои само настапуваат еден покрај друг, туку два ансамбли кои преку заедничката работа создаваат една музичка целина. Соработката со Камерата ни овозможува да го прошириме музичкиот простор, да ја почувствуваме силата на поголемиот ансамбл и да создадеме изведба во која оркестарот е вистинскиот главен актер. Верувам дека публиката ќе ја препознае енергијата, посветеноста и музичката комуникација што стојат зад овој проект“, вели маестра Ѓурѓица Дашиќ, основач и диригент на „Профундис“. Вечерната програма обединува четири дела од различни епохи и стилови. Публиката ќе ја доживее возвишената и полифонична звучност на „Фантазија на тема од Томас Талис“ од Ралф Вон Вилијамс, ритмичката динамика и современиот израз на „Последен круг“ од Освалдо Голијов и „Свита за гудачки оркестар“ од македонскиот композитор Стојан Стојков, а вечерта ќе ја заокружи темпераментната и виртуозна „Свита Кармен“ од Жорж Бизе, во оркестарска обработка на Родион Шчедрин. Од суптилноста на музичките линии до ритмичката енергија и драматичните контрасти, секое дело носи поинаков предизвик и ја покажува ширината на изразните можности на заедничкиот ансамбл. Со ваквите проекти, „Профундис“ продолжува да ја развива својата уметничка мисија, да воспоставува меѓународни соработки и да ја збогатува концертната сцена со внимателно осмислени музички продукции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45