БалканМицотакис: Дојде време да истражиме дали нуклеарната енергија може да има улога и во ГрцијаВо неговиот говор на самитот потсети дека Грција нема нуклеарна енергија, иако оваа можност била разгледувана во 60-тите и 70-тите години.Дојдов денеска во Париз за да соопштам дека Грција врти нова страница, дојде време да истражиме дали нуклеарната енергија, поконкретно малите модуларни реактори, можат да имаат улога во грчкиот енергетски систем, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, говорејќи на вториот самит за нуклеарна енергија во Париз, јави дописничката на МИА од Атина. Објасни дека ќе се формира министерска комисија на високо ниво која ќе подготви конкретни предлози до Владата, но и дека ова е позиција што произлегува од здравиот разум. - Нуклеарната енергија брзо се менува. Постои брз технолошки напредок, огромна иновација. И знаеме дека нашата потреба за електрична енергија континуирано ќе се зголемува. Без разлика колку ќе ги прошириме обновливата енергија, ќе ни биде потребна долгорочна стабилна базна енергија. Ниту една технологија не може да се натпреварува со она што ни го нуди нуклеарната енергија. Знаеме дека нуклеарната енергија има предизвици. Јавното мислење во Грција, како и во многу други земји, е поделено. Но верувам дека треба да водиме искрен и разумен дијалог без идеолошки предрасуди, нагласи Мицотакис. Во неговиот говор на самитот потсети дека Грција нема нуклеарна енергија, иако оваа можност била разгледувана во 60-тите и 70-тите години, но никогаш не бил направен чекор кон развој, бидејќи „трошоците секогаш беа малку повисоки, а исто така имавме пристап до многу евтин лигнит, па затоа не беше донесена таква одлука“. - Драги пријатели, ова е важен ден за Грција. Пишуваме ново поглавје. Ве молам, сметајте ја Грција за „пријател“ на нуклеарната енергија. Дали нуклеарната енергија ќе има улога во нашата земја, останува да видиме. Но, во време на големи геополитички турбуленции, сите опции мора да бидат на маса. Наша должност е повторно да ја направиме нуклеарната енергија дел од решението, порача Мицотакис.Тагови: Киријакос Мицотакис Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветМечки влегуваат во дворови во Русија: 16 лица загинаа за еден месецСпоред анализата на „CNN“ на извештаите од руските медиуми, само во септември најмалку 16 лица загинале во напади од мечки низ Русија.Најтешко погоден е огромниот регион Краснојарск во централен Сибир, каде што оваа година седум лица ги загубиле животите во напади од мечки. Руското Министерство за природни ресурси и животна средина наведува дека во земјата годишно вообичаено се регистрираат меѓу 20 и 30 напади од мечки врз луѓе. Оваа година, мечките навлегле во населени места во повеќе од 40 руски региони. С конца августа в России медведи терроризируют села и города. Их замечают в Сибири и других частях России, даже около Петербурга. Хищники едят собак и скот, громят дома — и нападают на людей. Счет смертей по всей стране пошел на десятки, хотя прежде ежегодно гибли единицы. pic.twitter.com/VQMkk1TCwB — Ilya Varlamov (@varlamov) October 3, 2026 Жена нападната веднаш откако излегла од својот дом Минатата недела во регионот Краснојарск, мечка убила 51-годишна жена откако таа излегла од својата куќа. Два дена претходно, еден чувар загинал во напад на паркинг за камиони во шумска област. Претходно во септември, биле пронајдени и телата на две постари жени кои одделно отишле да берат печурки, нивните повреди укажувале на напад од мечка. 🐻Когда сосед сверху шумит, а сосед за окном — медведь. На Красной Поляне это уже почти норма Местный житель снял косолапого прямо из окна и признался, что к таким встречам уже привык «Пойду куплю водки и достану балалайку, чтобы соответствовать стереотипам», — пошутил автор pic.twitter.com/UtVbN6Bqbq — Игорь Лиепас (@igorkushnarev2) September 28, 2026 Смртоносни напади се случиле и на други места во Сибир. Во Тува, таткото на рускиот НХЛ-играч Андреј Кузменко загинал во напад од мечка додека рибарел кон крајот на септември. Во август, во регионот Алтај, мечка искинала шатор, одвлечкала 29-годишна жена во шумата и ја убила. Зошто се приближуваат до луѓето? Експертите со кои разговараше „CNN“ наведуваат неколку можни причини за порастот на опасните средби во одредени делови на Сибир. Зоолозите како клучен фактор го посочуваат исклучително слабиот род на борови јатки и шумски плодови, што им го отежнува наоѓањето храна на мечките пред зимскиот сон. Големите шумски пожари исто така уништиле делови од нивното природно живеалиште. Во есенскиот период, мечките интензивно бараат храна за да натрупаат доволно масни резерви за зимскиот сон. Доколку нема доволно храна во дивината, тие сè почесто се приближуваат до населби, депонии за отпад и други локации каде што храната е лесно достапна. Експертите исто така предупредуваат дека ширењето на индустриските активности во претходно оддалечени природни предели ја зголемува веројатноста за средби меѓу луѓето и мечките. Полициски часови и затворање на паркови Во текот на изминатите два месеца, властите во најмалку десет региони низ Сибир и рускиот Далечен Исток ги предупредија жителите за зголемена активност на мечките. Во делови од регионите Алтај и Бајкал се воведени ноќни ограничувања на движењето, додека властите во Краснојарск го затворија Националниот парк „Краснојарски столбови“ и популарната планинарска патека на гребенот Торгашински. Регионалните власти исто така формираа мобилни ловни тимови и нудат парични награди за убивање мечки. Во регионот Краснојарск се нуди награда од над 35.000 рубљи – приближно 420 долари – за нивно отстрелување. Ага, в Ленинградской области шастают.... Пару дней назад, 2 дурака грибника, сутки от медведя бегали, пока не приехали спасатели... Ты за калитку не выходи, на всякий случай☝️хотя, такому пофиг и калитка pic.twitter.com/COstRaAAbz — Наталья Питерская (@nat22p) September 26, 2026 По смртта на еден турист во регионот Алтај, убиени се повеќе од 50 мечки, а издадени се дозволи за отстрел на уште 157. Властите во регионот Краснојарск најавија отстранување на повеќе од 180 животни кои се сметаат за потенцијално проблематични. Експерти: Масовниот отстрел нема да го реши проблемот Зоологот Сергеј Колчин смета дека, иако отстрелот на агресивна мечка што навлегува во населено место понекогаш е неопходна итна мерка, сепак предупредува дека масовното убивање животни нема да го намали бројот на инциденти на долг рок. Според него, суштинскиот проблем е лесно достапниот отпад што ги привлекува мечките кон населбите. Ако се убие една мечка во близина на депонија, друга може едноставно да го заземе нејзиното место. Како долгорочни решенија, експертите ги наведуваат подоброто обезбедување на отпадот, едукацијата на жителите за тоа како да се однесуваат во живеалиштата на мечките, како и употребата на електрични огради и други средства за одвраќање. Извор: Индекс.хрТагови: мечки русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МетеоУтре сончево и релативно топлоУтрото ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени. Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени. Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и услови за локален дожд, a утринските температури ќе бидат во пораст.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
АвтомобилизамНе е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблемГерманската управа за моторни возила (KBA) во петокот предупреди дека, покрај милиони возила на „Volkswagen“ и „Audi“ ширум светот, и околу 1,7 милиони возила на Шкода може да имаат потенцијално опасен дефект.Предупредувањето се однесува на потенцијално слаб шраф во механизмот за управување, кој е подложен на корозија. Во најлош случај, шрафот би можел да пукне, соопшти „KBA“. Минатата недела, агенцијата објави дека сопствениците на 2,16 милиони возила на „Volkswagen“ – конкретно моделите „Tiguan“, „Touran“, „Golf Variant“, „Caddy“ и „Golf“ произведени помеѓу 24 септември 2013 и 1 јули 2024 година – треба да контактираат со сервисен центар за да се изврши проверка и евентуална замена на проблематичниот дел, пренесува „DPA“. Истото важи и за моделот „Audi Q3“ произведен помеѓу 31 октомври 2017 и 23 мај 2024 година. Истиот ден, групацијата „Volkswagen“ упати повик до сопствениците на овие возила да ги донесат на технички преглед. Се чини дека и возилата на Шкода – кои исто така се дел од групацијата „Volkswagen“ – се погодени од истиот проблем со дефектниот шраф. Истото важи и за засега неутврден број возила од шпанскиот бренд „SEAT“. Меѓу моделите на Шкода, под лупа се „Kodiaq“, „Karoq“, „Octavia“ и „Superb“, соопшти „KBA“, без да прецизира датуми на производство. Ова опфаќа околу 1,7 милиони возила ширум светот, вклучително и околу 370.000 во Германија. Извор: Б92Тагови: Volkswagen Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter