Мицотакис: Ако понекогаш она што го правиме предизвикува одредена непријатност кај Турција – C’est la vie (Таков е животот) - Канал 5

Мицотакис: Ако понекогаш она што го правиме предизвикува одредена непријатност кај Турција – C’est la vie (Таков е животот)

 Тоа што имаме отворен канал на комуникација со Турција, не значи дека се согласуваме со Турција по сите прашања. Ако понекогаш, она што го правиме предизвикува одредена непријатност кај Турција – нека биде така. C’est la vie (Таков е животот),.

Мицотакис: Ако понекогаш она што го правиме предизвикува одредена непријатност кај Турција – C’est la vie (Таков е животот)

Тоа што имаме отворен канал на комуникација со Турција, не значи дека се согласуваме со Турција по сите прашања. Ако понекогаш, она што го правиме предизвикува одредена непријатност кај Турција – нека биде така. C’est la vie (Таков е животот), што би рекле Французите, посочи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис говорејќи за „Wall Street Journal“ на маргините на Генералното собрание на ОН.

За односите со Турција, Мицотакис нагласи дека со турскиот претседател се има сретнато седум пати од тогаш кога стана премиер и „не беа секогаш лесни средби“, но нагласи дека секогаш поддржува отворени канали за комуникација со соседната земја и „отворена дискусија за проблемите“.

Додаде дека ќе продолжат конструктивно да разговараат и ќе се обидат да најдат проекти од заеднички интерес.

Се осврна и на турските туристи, кои на островите во источниот дел на Егејското море добиваат експресна виза, објаснувајќи дека летово пристигнале над 100.000 Турци и „ова е, на пример за проект на ниво на граѓани, кој покажува дека кога станува збор за односите како народи, можеме да градиме врз овој однос“.

За истражувањата што во Егејското море ќе ги врши американската „Chevron“, истакна дека нема што да разговараат со Турција за конкретната тема, бидејќи ги остваруваат суверените права јужно од Крит.

На прашањето дали се сретнал со американскиот претседател Трамп рече дека имале разговор за време на приемот и објасни дека лично тој е „еден од лидерите кои соработуваа со претседателот Трамп за време на неговиот прв мандат“ и имале многу добра соработка.

- Имаме одлични односи со САД. Станува збор за стратешко партнерство, двопартиски однос. Што се однесува до билатералните односи, тие стануваат сè посилни. Некои од прашањата со кои се занимава претседателот Трамп, како што е енергијата, се важни и за нашата стратегија. Грција се развива во енергетски центар во Источниот Медитеран. „Chevron“ и „Exxon“ бараат природен гас јужно од Крит. Придаваме големо значење на обновливите извори на енергија, но ја разбираме и улогата на природниот гас како транзициско гориво. Соработуваме многу тесно со САД за овие прашања, особено за енергијата, објасни Мицотакис.

Говорејќи за грчката економија, нагласи дека „сите податоци потврдуваат“ дека економијата „се врати“, истакнувајќи дека „приказната што ја раскажува Грција е важна и за пошироката европска, па можеби дури и за светската јавност“, ако се земе предвид каде се наоѓаше.

-Пред десет години, приносот на грчката десетгодишна обврзница беше околу 9,5 отсто, додека француската десетгодишна обврзница беше на 1 процент. Денес, Грција се финансира по пониска каматна стапка отколку Франција и Италија — и малкумина ќе се обложеа на такво нешто, дури и пред две или три години. Значи, според мене, ова е извонредна приказна за пресврт. Тоа е приказна што во фокусот ја има макроекономската стабилност. Грција постигнува не само примарен, туку и фискален суфицит, порача Мицотакис. /МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Илинден ја одбележа 25-годишнината од загинувањето на македонскиот бранител Драго Маневски

Со положување свежо цвеќе пред спомен-плочата на македонскиот бранител Драго Маневски, Општина Илинден ја одбележа 25-годишнината од неговото трагично загинување.

Општина Илинден ја одбележа 25-годишнината од загинувањето на македонскиот бранител Драго Маневски

Делегација од Општина Илинден, предводена од градоначалникот Александар Георгиевски, положи свежо цвеќе и му оддаде почит на херојот од 2001 година, кој го положи својот живот во одбрана на татковината.

Драго Маневски е роден во 1966 година во Марино, а трагично го загуби животот на 11 ноември 2001 година во селото Требош, како припадник на македонските безбедносни сили.

Со достоинство и почит, Општина Илинден го чува споменот за храброста, пожртвуваноста и херојското дело на Драго Маневски, во чија чест спортскиот комплекс во населба Илинден го носи неговото име, како траен симбол на благодарност и почит кон неговата жртва за татковината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски до Крмов: Доколку не знаете како да помогнете за Алта Банка, немојте да одмагате со гласини

Доколку не знаете како да помогнете за Алта Банка, немојте да одмагате со гласини – оставете на тие што знаат и што сакаат да помогнат .

Мицкоски до Крмов: Доколку не знаете како да помогнете за Алта Банка, немојте да одмагате со гласини

На денешната надзорна расправа за Алта Банка во рамки на собраниската комисија за финансирање и буџет премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашање на пратеникот Борислав Крмов за тоа дали ќе понесе одговорност доколку Алта Банка оди под стечај и како ќе се продава Алта Банка ако нема дозвола од Агенцијата за осигурување на депозити на Србија, истакна дека доколку не ја познава процедурата и начинот на кој што може да се делува за решавање на ситуацијата најдобро е да не одмага со ширење на гласини, туку да се остават луѓето коишто знаат да ја решат работата и банката да добие купец и да продолжи да функционира.

„Поврзано со стечајот мислам дека не ви е позната методологијата и начинот на којшто се делува во периодов согласно закон и согласно Устав. Меѓутоа претпоставувам дека луѓето коишто се викнати од Народната Банка ќе ви дадат одговор, иако јас ја знам процедурата и ова што го тврдите е апсолутно неточно и невистинито. Така што ве молам и вас најљубезно, ако не сакате да помогнете ве молам најљубезно немојте да одмагате. Оставете на тие што знаат и што сакаат да помогнат да ја решат работава и да не оди банката во стечај, туку да си добие купец и купецот понатаму да си ја среди и да си ја управува онака како што купецот мисли дека треба. Се разбира согласно применливото право и закони коишто ги има народната банка и државата“, потенцираше Мицкоски.

На прашањето на пратеникот Крмов дека постоеле гласини дека од страна на Владата се препорачувало на македонски институции да депонираат средства во Алта Банка, Мицкоски истакна дека никогаш не би се впуштил во такви авантури и дека надзорната расправа не треба да се базира на гласини туку на факти.

„Што се однесува до гласините, јас пак сум слушнал некои други гласини дека вие како политичка партија сте барале поголема камата за да орочите повеќе пари за да купите деловен простор во Битола, па бидејќи не ви дале поволна каматна стапка во таа банка сте се обиделе во една друга банка и со кредитот кој што сте го земале сте купиле деловен простор на прв спрат, а на приземје сте отвориле кафе бар. Има и такви гласини. Сега да видиме на кои гласини ние ќе веруваме и дали гласините се правилна алатка во политиката или пак гласините преставуваат средство за манипулирање. Затоа јас би го задржал достоинството и нивото на оваа надзорна расправа и би се држел до фактите, а не до гласините, бидејќи ако зборуваме за гласини тогаш ќе ни требаат повеќе вакви надзорни расправи. Затоа подобро да не зборуваме за гласини туку да се држиме до факти. Апсолутно такви факти не постојат. Ниту јас, ниту пак било кој друг има намера на таков начин да се однесува, бидејќи во животот има една клучна лекција што треба да ја научите, да не ги повторувате грешките на тие што веќе тие грешки ги направиле. А такви политичари коишто охрабрувале или охрабруваат ги гледаме не само во регионот, не само кај нас во државата туку малку и пошироко. Така што на памет не ми паѓа да влегувам во било какви авантури од овој тип какви што вие слушате гласини“, нагласи Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Веружен судир во близина на Сеул: Автобус предизвика хаос, десетици повредени

Најмалку 48 лица се повредени денес во судир со повеќе возила во градот Сеонгнам, Јужна Кореја, откако градски автобус удрил во повеќе од 30 возила кои чекале на семафор, соопштија надлежните.

Веружен судир во близина на Сеул: Автобус предизвика хаос, десетици повредени

Во несреќата, која се случила во 7:34 часот по локално време во округот Бунданг, учествувале четири автобуси, еден камион и 27 патнички автомобили. Автобусот конечно застанал откако удрил во заштитна ограда, пренесува агенцијата „Јонхап“.

Меѓу повредените, шест лица се здобиле со сериозни повреди, но никој од нив не е во животозагрозувачка состојба, изјавија официјални лица. Со автобусот управувал маж во своите шеесетти години, а полицијата не пронашла докази дека тој бил под дејство на алкохол.

Според полицијата, возачот изјавил дека му откажале сопирачките, а истражните органи во моментов работат на утврдување на точната причина за несреќата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер