Португалците спроведоа анкета за враќањето на Роналдо во репрезенатцијата: Огромно мнозинство има ист став
1Португалците спроведоа анкета за враќањето на Роналдо во репрезенатцијата: Огромно мнозинство има ист став
МакедонијаМицковски за „Политика“: Францускиот предлог не нуди почеток на македонската евроинтеграцијаФранцускиот предлог за решавање на билатералниот спор меѓу Бугарија и Македонија не нуди почеток на македонската евроинтеграција, туку, напротив, отвора бесконечни преговори или асимилација по бугарски диктат, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.Францускиот предлог за решавање на билатералниот спор меѓу Бугарија и Македонија не нуди почеток на македонската евроинтеграција, туку, напротив, отвора бесконечни преговори или асимилација по бугарски диктат, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. – Во Бугарија ликуваат што овој предлог ги содржи сите нивни барања кои се крајно неповолни за Македонија и имаат тенденција да го негираат македонскиот идентитет, јазик и историја, тврди Христијан Мицкоски во интервју за белградска „Политика“. Според него, како што јави дописникот на МИА од Белград, тука повторно имаме уцени, ултиматуми, диктат. – Доколку на оваа содржина се додаде и едностраната декларација на Бугарија, која директно ја негира посебноста на македонскиот јазик и нотира дека тој е бугарски дијалект, очигледно е во каква позиција е Македонија, која нема никакви гаранции од Европската унија за европската перспектива, вели Мицкоски. Како што тој го оцени францускиот предлог, „по сите голготи низ кои помина, македонскиот народ не може да биде согласен со овој предлог“. – ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија и предлага на владејачката СДСМ да го отфрли францускиот предлог за евроинтеграции, а ние ќе се откажеме од барањето за предвремени избори, изјави Мицкоски. Тој тврди дека протестите во земјава добиваат поддршка не само од ВМРО-ДПМНЕ, туку и од интелектуалци, експерти на евроинтеграциите и поддржувачи на владејачката партија, додавајќи дека земјава има свои цели и мора цврсто и одлучно да застане зад своите интереси. – Ние сме кандидати за членство во ЕУ веќе 17 години и мораме да работиме за да достоинствено го добиеме тој датум за влез во ЕУ, рече тој. Говорејќи за Отворен Балкан, Мицкоски вели дека ја поддржува таа иницијатива, но оти таа не смее да биде алтернатива на ЕУ. – Реформите на балканските земји се поттебни и треба да продолжат без разлика дали се резултат на некоја регионална соработка или се спроведуваат од секоја земја посебно. Јас верувам во идејата за обединет Балкан во обединета Европа, додава Мицкоски во интервјуто за „Политика“. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНапад со нож во училиште во Полска, ученик ги нападнал директорот и домарот Три лица се повредени во уште еден напад со нож во училиште во Полска.Петнаесетгодишник вооружен со нож наводно упаднал во училиште во близина на Вишково и со нож нападнал три лица, меѓу кои директорот на училиштето и домарот. Министерот за внатрешни работи Марчин Кирвински изјави дека осомничениот е уапсен и додаде дека врз домарот се врши реанимација. Според полицијата, директорот бил повреден додека се обидувал да го совлада ученикот пред пристигнувањето на полицијата на местото на настанот. Напаѓачот наводно бил ученик во завршната година од средното училиште, соопшти полицијата. Тинејџерот е задржан во притвор додека трае истрагата. Во соопштение, полицијата наведе дека осомничениот влегол во училиштето и „повредил тројца вработени со остар предмет“. „Полицијата пристигна на местото на настанот само неколку минути по пријавата.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШасивари на Меѓународниот самит за правда во Истанбул Министерот за правда, Јетон Шасивари, учествува на Меѓународниот самит за правда „Истанбул 2026“, кој се одржува на 8 и 9 октомври, во организација на Министерството за правда на Република Турција.Самитот ги обединува министрите за правда од повеќе земји, високи претставници на правосудните институции и меѓународните организации, претставувајќи значајна платформа за дијалог, размена на искуства и унапредување на меѓународната соработка во областа на правосудството. Под мотото „Иднината на правдата: Заедничка одговорност за човештвото“, на Самитот ќе се дебатира за современите предизвици во правосудството, владеењето на правото, заштитата на човековите права и потребата од зајакнување на соработката меѓу државите во справувањето со глобалните предизвици.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУбиена лекарката на британското кралско семејствоДокторката Хана Кејн, која лекувала членови на британското кралско семејство, е пронајдена мртва во својот дом во Дерсингам, недалеку од кралскиот имот Сандрингам. Нејзиниот сопруг е уапсен под сомнение за убиство. Кралот Чарлс и кралицата Камила исто така биле информирани за нејзината смрт, објавија британските медиуми. Полицијата од Норфолк била повикана во домот на Хана Кејн, професионално позната како Хана Тери, кратко по два часот наутро на 4 октомври. Повикана била брза помош, а докторката била прогласена за мртва на местото на настанот, објавија денеска лондонски медиуми. Нејзиниот сопруг, Марк Кејн, бил уапсен под сомнение за убиство и е во притвор во исчекување на истрагата. Полицијата подоцна добила наредба за продолжување на притворот за дополнителни 32 часа за да им се даде на истражителите повеќе време. Обдукција била извршена следниот ден. Хана Кејн работеше во Медицинскиот центар Гримстон, кој објави дека привремено ги затвора своите врати по нејзината смрт.Тагови: Британија крал Чарлс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59