Мицковска: Светското училишно првенство во ракомет во Скопје е инспирација за младите спортисти и гордост за државата - Канал 5

Мицковска: Светското училишно првенство во ракомет во Скопје е инспирација за младите спортисти и гордост за државата

Претседателката на Федерацијата на училишен спорт, Елена Мицковска смета дека добивањето на организација на Светско училишно првенство во ракомет е голема чест, но и одговорност.

Мицковска: Светското училишно првенство во ракомет во Скопје е инспирација за младите спортисти и гордост за државата

- Организацијата на овој настан за нас како Федерација на училишен спорт е огромна чест, но и уште поголема одговорност. Да се биде домаќин на Светско училишно првенство значи дека Македонија е препознаена како сериозен партнер на меѓународната спортска сцена, особено во ракометот кој е и број еден спорт во Македонија. Би сакала да упатам голема благодарност до Министерството за спорт и до министерот Борко Ристовски кој првенствено верува во училишниот спорт ,дава безрезервна поддршка и во организација на овој училишен ракометен Мундијал. Верувам дека ова натпреварување ќе биде мотив и за сите млади спортисти да продолжат да работат, а ние сме тука да ги поддржиме и заеднички да градиме успешни спортски приказни, изјави Мицковска.

Таа е убедена дека натпреварите ќе ги инспирираат најмладите д апочнат да се занимаваат со ракомет и спорт воопшто.

- Ова не е само натпреварување, туку можност да инспирираме нови генерации, но и да создадеме нова база на спортисти. Спортот има уникатна моќ – обединува и сплотува. Младите спортисти ќе видат што значи да се биде дел на голема спортска сцена која ќе биде дополнителен мотив за да го засакаат ракометот.

Мицковска упати апел до сите љубители на спортот да дојдат на Свеченото отворање на 21 април.

- Ги повикувам сите вљубеници во спортот да дојдат на свеченото отварање на Плоштад Македонија кое ќе се одржи на 21 април и да ги поддржат младите спортисти, да им го дадат потребниот импулс и мотив. Само заедно обединети можеме да успееме.

Натпреварите ќе се играат во шест спортски сали во Скопје: СРЦ „Македонско сонце”, СРЦ „Архиепископ Доситеј”, СРЦ „Кочо Рацин”, СРЦ „Крсте Мисирков” и СРЦ „Антон Димитров”, додека финалните натпревари, ќе се одиграат на 28 април во спортската сала “Расадник„ кога ќе се одржи и свеченото затворање на првенството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев

Александар „The Great“ Волкановски, австралискиот УФЦ-борец со македонско потекло, оствари спектакуларна победа над непоразениот Мовсар Евлоев на УФЦ 333!

Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев

На денешниот голем настан UFC 333 во Абу Даби, тој приреди вистински спектакл и ја одбрани светската шампионска титула во перолесна категорија со спектакуларен технички нокаут во втората рунда против досега непоразениот Мовсар Евлоев.

Според резултатот прикажан на официјалниот пренос, Волкановски славеше со технички нокаут во втората рунда, на 4:54 минути!

YouTube video

Волкановски никогаш не го крие своето македонско потекло. Неговиот татко потекнува од селото Беранци, Битолско, а борецот роден и израснат во Австралија гордо го носи презимето Волкановски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протести во Португалија: Повредени седуммина демонстранти, 31 уапсен во интервенција на полицијата

Најмалку седум лица беа полесно повредени, а 31 беа уапсени рано утрово во Лисабон и Порто кога португалската полиција интервенираше за да ги отстрани шаторите поставени од демонстрантите.

Протести во Португалија: Повредени седуммина демонстранти, 31 уапсен во интервенција на полицијата

Најмалку седум лица беа полесно повредени, а 31 беа уапсени рано утрово во Лисабон и Порто кога португалската полиција интервенираше за да ги отстрани шаторите поставени од демонстрантите кои протестираа против кризата со домувањето и високите трошоци за живот.

„Полициската акција беше целосно непропорционална“, рече пратеникот од Левичарскиот блок, Фабијан Фигеиредо, нагласувајќи дека немало нарушување на јавниот ред и мир, објави Луса.

Демонстрантите поставија повеќе од 100 шатори откако неколку илјади луѓе учествуваа на протестен марш во Лисабон во саботата. Неколку стотици луѓе се собраа за да го заштитат кампот откако полицијата отстрани сличен камп на истото место во вторникот.

Во Португалија, цените на недвижностите се зголемија повеќе од двојно од 2017 година, додека кириите за нови договори за закуп речиси се удвоија.

Меѓу најтешко погодените од ситуацијата се младите луѓе, кои се оние кои ги започнаа протестите на прво место.

Протестите поради кризата со домувањето во Португалија, што доведе до поставување шатори во центарот на Лисабон, започнаа на 10 октомври во Порто, а потоа се проширија во Лисабон и други градови. Во Лисабон, на 17 октомври, по протестниот марш на илјадници луѓе, започна поставувањето шатори на плоштадот Росио. Полицијата интервенираше на 20 октомври и ги отстрани камповите во Лисабон и Порто.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нејмар направи хаос во Бразил- соиграчите мораа да го задржуваат (ВИДЕО)

Бразилскиот фудбалер Нејмар (34) предизвика голем инцидент за време на натпреварот помеѓу Сантос и Баија (1:1) во 32-то коло од бразилското првенство. 

Нејмар направи хаос во Бразил- соиграчите мораа да го задржуваат (ВИДЕО)

Ѕвездата на Сантос беше исклучена по судир со Родриго Нестор, а потоа се обиде физички да го нападне противничкиот фудбалер. Во тоа беше спречена од другите играчи, кои мораа да ја смират ситуацијата на теренот.

Конфликтот започна во 31-та минута, кога Нестор го фаулираше Нејмар. Бразилецот луто ја фрли топката кон противникот, кој падна на тревникот. Нејмар потоа се обиде да ја подигне, по што дојде до туркање на играчи од двата тима. Судијата Савио Переира Сампајо му покажа жолт картон на Нејмар.

Веќе на полувремето, Нестор го обвини Нејмар дека го навредил во интервју за Sportv. Тој рече дека играчот на Сантос му упатил низа навредливи зборови, но не сакаше да открие што точно му рекол.

„Тој знае што ми кажа. Тоа беше големо непочитување кон мене и дресот на Баија. Мислам дека како играч е идол за сите, но денес тој потфрли како личност со своето однесување. Никогаш не би рекол нешто такво. Не сакам да ги повторувам неговите зборови, има многу луѓе и деца кои го гледаат ова“, рече Нестор.

Нејмар доби црвен картон и се обиде да го нападне Нестор

Кавгата продолжи пред почетокот на второто полувреме. Нејмар повторно му се приближи на Нестор и му ја покри устата со раката за време на разговорот. Играчот на Баија веднаш го извести судијата, кој по интервенцијата на ВАР ја прегледа снимката и му покажа директен црвен картон на Нејмар.

Neymar loses his temper and tries to assault a Bahia player
by u/cocacolapepsifanta in soccer

Одлуката е донесена врз основа на таканареченото правило Винисиус Јуниор, воведено во Бразил за да се спречи прикривање на навреди и расистички испади за време на натпреварите. Според ова правило, играч може да биде исклучен ако за време на конфронтација со противничкиот играч намерно ја покрие устата за да скрие што зборува.

Нејмар целосно го изгуби трпението откако беше исклучен. Тој не сакаше веднаш да го напушти теренот, а потоа тргна кон Нестор, кој беше заштитен од неговите соиграчи и други играчи. Поради целиот инцидент, паузата помеѓу полувремињата траеше повеќе од 25 минути. Погледнете го видеото од инцидентот ТУКА.

Нејмар: Сепак ќе го фатам

По напуштањето на теренот, Нејмар ја објасни својата верзија на настаните и призна дека направил грешка кога ја покрил устата со раката.

„Бев на средина од теренот, се шегувавме и се смеевме, а потоа отидов да разговарам со Нестор. Направив грешка со ставањето на раката преку устата, но дури и не му реков ништо сè уште, а тој веќе ја крена раката. Тоа е најголемата подлост во фудбалот. Но, сепак ќе го фатам“, рече Нејмар.

Подоцна, тој се огласи и на социјалните мрежи. Им се извини на навивачите на Сантос и призна дека исклучувањето било оправдано, но го обвини Нестор за злоупотреба на правилото против расизмот за да му даде предност на својот тим.

„Она што Нестор ми го направи денес е многу сериозно. Ова правило е создадено за борба против расизмот, а тој сакаше да го искористи за да добие предност на натпреварот. Не му реков ништо. Секако дека се навредувавме и провоциравме, но тоа е дел од фудбалот. Она што го направи беше навистина злобно“, рече Нејмар. Поради исклучувањето и третиот жолт картон, Нејмар ќе ги пропушти следните два натпревари на Сантос, против Палмеирас и Ред Бул Брагантино. Сантос го заврши натпреварот со нерешен резултат 1-1. Баија поведе со голот на Лучано Џубе, а домаќините добија бод со голот на Луан Перез во судиското продолжение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер