Мицкоски: Зголемувањето на платите на наставниците и професорите е лага

Владата на Заев, според Мицкоски, е досега најнеспособната влада, и оти по изборите доаѓа Влада која ќе направи вистинско зголемување на платите во образованието.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција рече дека зголемувањето на платите во основното и средното образование е лага бидејќи согласно новиот закон за минимална плата, кој е во собраниска процедура и Колективниот договор на Синдикатот и МОН од 2010 година, платата на наставниците би изнесувала 36.700, а не колку што е предвидено од 1 јануари 2020 година.

Мицкоски во своето објаснување рече дека во моментот просечната плата исплатена заклучно со октомври 2019 година во средното образование е приближно 23.680 денари, а со предвиденото десетотстоно зголемување од 1 јануари 2020 година оваа плата ќе биде 26.000 денари.

– Во овој колективен договор јасно во членот 34 и членот 35 се дефинира што значи најниска плата во образованието и како се пресметуваат нето платите на вработените во образованието вклучително и образовниот кадар, но и вклучително и техничкиот персонал кој што е дел од образовниот процес, рече тој.

Мицкоски посочи дека според колективниот договор кој што претходно го споменав професорите во средното училиште и наставниците во основните училишта имаат коефициент на сложеност во подгрупа три од 2, 533.

-Според членот 34 и 35 платата се добива кога овој коефициент ќе се помножи со минималната плата или таа денеска требаше да изнесува 31.660 денари. Т.е. да бидам попрецизен за 5.660 денари повеќе од тоа што е предвидено со покачувањето од 10% кое што овие лажливци им го понудија на професорите во основното и средното образование. Со зголемувањето на минималната плата која што е во процедура во Парламентот на ниво од 14.500 денари тогаш платата согласно Законот за минимална плата и согласно Колективниот договор на професорите во основното и средното образование треба да биде 36. 700 денари односно 10.700 денари повеќе од тоа што во овој момент е предвидено со зголемувањето од 10 отсто, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Владата на Заев, според Мицкоски, е досега најнеспособната влада, и оти по изборите доаѓа Влада која ќе направи вистинско зголемување на платите во образованието.

Мицкоски зборуваше за неостварените проекти од Планот за живот во Македонија на СДСМ, и притоа потенцираше дека во делот на образованието иако беше ветувано не е реализирано секој млад човек веднаш по завршување на школувањето да добие вработување. Екстерното оценување е укинато, а за сметка на тоа е воведено државно тестирање. Образовните предмети не се намалени, не е сменет системот за оценување, како што ветуваа, а не е воведено ниту задолжително едногодишно предучилишно образование, наставниците и училиштата не се мотивираат парично.

– Ова не само што не е реализирано, туку вакви средства не се предвидени ниту во буџетот во следната 2020 година, рече Мицкоски.

Додаде дека не е формиран Институт за развој на образованието ниту дека е формиран Научно- истражувачки центар за талентирани ученици.

– До ден денес нема никаква повратна информација од државните комисии кои ги евоулирале учебниците кои што ги затекнале во основното образование. Да бидам попрецизен нема нови учебници. Но и тие кои што постојат доцнат со печатење и воопшто ги нема, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. /МИА

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер