Мицкоски: Започна изградбата на нов продажен маркет на „Лидл“, ова е уште една потврда дека сме вистинска дестинација за инвеститорите - Канал 5

Мицкоски: Започна изградбата на нов продажен маркет на „Лидл“, ова е уште една потврда дека сме вистинска дестинација за инвеститорите

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на почетокот на изградната на новиот продажен маркет на „Лидл“.

Мицкоски: Започна изградбата на нов продажен маркет на „Лидл“, ова е уште една потврда дека сме вистинска дестинација за инвеститорите

„Почитувани претставници на компанијата „Лидл“,

Почитувани граѓани, пријатели и соработници,

Денес поставуваме камен-темелник на еден проект кој е важен за македонската економија и за нашите граѓани. Со оваа инвестиција, Македонија добива нова енергија, нови работни места и нова потврда дека сме вистинска дестинација за инвеститорите.

Новиот малопродажен објект на „Лидл“ ќе се протега на површина од 3.438 квадратни метри, со модерен продажен салон од 1.200 квадратни метри и со 57 паркинг места за удобност и достапност на потрошувачите. Ова не се само бројки, тоа е порака дека компанијата влегува сериозно на македонскиот пазар, со визија за долгорочен раст и развој, што впрочем можевте и да го слушнете.

Оваа инвестиција се одолговлекуваше и беше заглавена, но токму по изборот на оваа Влада, пред неполни 15 месеци, веднаш се фативме за работа со цел да ги откочиме и ја ставивме меѓу првите приоритети. Затоа сум посебно горд што денес гледаме како една идеја станува реалност. Со тоа ја потврдуваме нашата определба да бидеме Влада која решава проблеми, отстранува пречки и отвора нови можности.

Особено ме радува што менаџментот на „Лидл“ ја прифати нашата забелешка за зголемување на застапеноста на домашното производство и македонските производи на полиците на „Лидл“. Тоа е од исклучителна важност – затоа што со тоа не само што се поддржува локалната економија, туку се гради доверба кај потрошувачите дека македонското е најдобро.

И втора добра вест којашто сакам да ја споделам е дека не само на полиците на „Лидл“ во Македонија се наоѓаат македонски производи, односно ќе се наоѓаат македонски производи, туку можам да кажам дека производи македонски се наоѓаат на полиците на „Лидл“ во околните земји. Во 2024 година извозот беше околу 5 милиони евра. Очекуваме оваа година, во разговор неформален со менаџментот на „Лидл“, таа бројка да достигне и 10 милиони евра и со време таа бројка да расте. Тоа треба да биде инспирација, поттик и мотив за македонските претприемачи да ги задоволат стандардите на „Лидл“, да произведуваат според стандардите на „Лидл“, а „Лидл“ сигурно дека ќе даде можност и шанса македонските производи да се наоѓаат на полиците на „Лидл“ во околните земји и секаде онаму каде што „Лидл“ ќе има потреба од квалитетни македонски производи.

Во исто време, ја промовираме кампањата „Македонско – најдобро“ и денес имаме партнер кој е подготвен да ја сподели истата филозофија. Верувам дека токму тоа ќе ја направи разликата – во квалитетот, во пристапноста и во почитта кон домашното производство.

Овој проект не е само почеток на изградба на еден обичен објект. Тоа е почеток на едно ново поглавје во малопродажбата, со нови стандарди, со поголема конкуренција и со подобри услови за граѓаните. Ваквите инвестиции носат повеќе избор, пониски цени и повисок квалитет, а тоа е најголемата придобивка за граѓаните, за секој потрошувач.

Денес испраќаме силна порака дека сме земја каде што се вреднува трудот, каде што инвестициите се почитувани и каде што перспективата е реална. Ќе продолжиме со вакви политики, затоа што нашата цел е јасна – да изградиме економија која расте, која вработува, која создава можности и која го подобрува секојдневието на граѓаните.

Почитувани пријатели,

Денес градиме нешто повеќе од еден објект – градиме мост на доверба, партнерство и развој. Сигурен сум дека ова е само еден од неколкуте десетици, стотици, илјадници чекори во долгата и успешна приказна на „Лидл“ во Македонија.

Ви благодарам“, изјави Мицкоски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во сабота во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ракометно дерби, Вардар- Алкалоид

Во сабота нè очекува уште едно големо ракометно дерби – Вардар против Алкалоид. Видеолотарија и  навивачите со силна подршка на трибините за црвено-црните.

Во сабота во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ракометно дерби, Вардар- Алкалоид

Дерби-натпреварот меѓу Вардар и градскиот ривал Алкалоид, закажан за сабота, 14 ноември, со почеток во 18:30 часот, ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, наместо во малата сала на СЦ „Јане Сандански“.

ВЛТ е со Вардар! Ги повикуваме сите навивачи во сабота да бидат дел од црвено-црната енергија и со гласна поддршка да му помогнат на тимот во дербито.

Вардарци, се гледаме во СЦ „Борис Трајковски“!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!

Колку повеќе прашања за одговорност се отвораат за Алта банка, толку по панично Христијан Мицкоски ја брани. 

СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!

Од што се плаши Мицкоски најмногу? Од вистината.

Од тоа што ќе го покажат документите за влезот на Алта банка во Македонија, што ќе се откие потеклото на капиталот, трансакциите и сметките и ќе ги потврдат неговите врски со криминалниот картел на Вучиќ.

Мицкоски и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ја внесоа пералницата на пари на Вучиќ.

Славески јавно призна дека одлуката ја донел по консултации со Мицкоски.

Во Србија има истрага, Алта банка е под стечај, сопственикот е приведен, се истражуваат 380 милиони евра. Дури се споменуваат сомнежи и за печатење пари.

Во Македонија граѓаните не можат да дојдат до своите пари а Мицкоски и Славески сакаат да го заташкаат скандалот за да се спасат од одговорност.

Обвинителот Ненад Савески треба да го прекине молкот и веднаш да постапи по кривичната пријава што ја поднесе СДСМ.

Гувернерот Трајко Славески има директна одговорност.

Основани се сомненијата за несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување при одобрувањето на преземањето на банката и спроведувањето на надзорот.

Зошто не биле направени потребните проверки на сопственикот Давор Мацура, потеклото на капиталот за кој има инофрмации дека е од криминал и дрога, зошто не се пресметале ризиците?

Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Трајко Славески, за да се спречи влијание врз сведоците, уништување на документацијата и доказите.

Обвинителството мора да покаже дека работи независно и по закон.

Скандалот со Алта банка нема да се заташка. Правдата доаѓа.

Од Мицкоски до Славески – сите ќе одговараат!

Скопје, 13.11.2026 година

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ

Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ

Вистината за случајот со Алта банка излегува на виделина. Документите и фактите јасно покажуваат дека СДС и Венко Филипче пласираат невистини и се обидуваат да создадат политичка хистерија околу влезот на Алта банка на македонскиот финансиски пазар.

Како што беше посочено и на надзорната расправа во Собранието, уште во 2023 година, за време на владата на СДС и ДУИ, на 194 седница на Владата додека претседател бил Димитар Ковачевски, одржана на 24 октомври, тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими побарал одобрување Државното правобранителство да влезе во деловни односи со Алта банка од Србија во сопственост на Давор Мацура.

Тоа значи дека токму владата на СДС и ДУИ ја разгледувала и ја прифатила можноста за воспоставување деловна соработка со истата банка и истиот сопственик, за кои денес, Филипче и СДС шират обвинувања.

Исто така, невистинити се и тврдењата дека Алта банка имала забрана за работа во Европската Унија или дека била санкционирана од Европската централна банка.

Податоците објавени на официјалната веб-страница на Адико банка во Виена покажуваат дека Алта банка Белград поседувала 9,63 проценти од акциите на оваа банка, а тој удел банката го има до ден денес.

Дополнително, Алта банка склучила договор со Рајфајзен банка од Виена во врска со планираното преземање на Адико банка и идното пренесување на нејзините филијали во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Ваквата одлука е активна до моментот на одземањето на лиценцата на Алта банка во Србија, по што Рајфајзен банка носи нова одлука со која ја прекинува соработката со српската банка.

Овие факти се во спротивност со политичките тврдења на СДС дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ.

Особено е важно да се потенцира дека македонските институции постапуваат врз основа на законите и надлежностите, а не врз основа на политички конструкции и неаргументирани обвинувања. Банката не само што не била забранета, туку била дел од сопственичките структури на ЕУ банка.

Од друга страна, СДС и Венко Филипче треба да одговорат зошто во 2023 година нивната влада ја разгледувала деловната соработка со Алта банка, а денес истата таа банка ја користат за политички конструкции и напади, со кои свесно шират паника за да ја нарушат довербата во финансискиот систем и државата, а тоа нема да им успее.

Затоа го повикуваме Јавното обвинителство да ги истражи сите овие основни сомнежи и да започне постапка против претседателот на СДС, Венко Филипче.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер