По моштите на Самоил, во Бугарија пристигна и чесната глава на Св. Климент – коинциденција или тенденција?
2По моштите на Самоил, во Бугарија пристигна и чесната глава на Св. Климент – коинциденција или тенденција?
3Осудениот адвокат Стафа тврди дека не му дал пари на судијата Ристов и оти признал вина од страв и под притисок
Вакцините против сезонски грип до крајот на месецов - доцнат поради глобален проблем во производството
2Вакцините против сезонски грип до крајот на месецов - доцнат поради глобален проблем во производството
МакедонијаМицкоски: Започна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција во вредност од 60 милиони евраДенес не го поставуваме само почетокот на изградбата на еден гасовод. Туку го поставуваме почетокот на еден нов, енергетски посигурен, економски поефикасен и стратешки поисплатлив период за сите нас.„Почитувани екселенции, деловни партнери, почитувани претставници на институции, драги пријатели, Денес отпочнуваме со уште една капитална инвестиција за државата. Денес не го поставуваме само почетокот на изградбата на еден гасовод. Туку го поставуваме почетокот на еден нов, енергетски посигурен, економски поефикасен и стратешки поисплатлив период за сите нас. Ова не е само инвестиција во цевки и бетон, туку уште еден значаен влог во енергетската независност и стабилност на земјата, во нејзиниот целокупен економски развој и во нејзината просперитетна иднина. Преку реализацијата на овој проект, како и најавените поврзувања со гасоводните системи на останати наши соседи, стануваме значајна енергетска крстосница, што очекувам дека ќе донесе конкретни придобивки за целиот регион, а пред сè за македонските граѓани и домашната економија. Ова што денес го правиме не е симболика. Ова е суштинска промена. Ова е доказ дека, кога ќе се фатиме за работа, кога ќе имаме визија и кога ќе владее одговорност- сè може да се направи. Работиме. Градиме. Создаваме. Не со зборови, туку со дела. Овој гасоводен интерконектор ќе донесе нови извори на природен гас, стабилно снабдување за индустријата и домаќинствата, пониски цени за граѓаните, поголема конкурентност за компаниите и една силна порака- конечно стануваме дел од европската енергетска мрежа. Со овој проект ќе изградиме 66,7 километри гасовод на македонска територија, со цевки со дијаметар од 700 милиметри. Како што кажа и директорот, почетниот капацитет е 1,5 милијарди кубни метри гас годишно, кој што може да се зголеми и до 3 милијарди. Тоа е енергија за раст. Тоа е гориво за економијата. Тоа е безбедност за иднината. Вкупната вредност на проектот е околу 3,7 милијарди денари, или околу 60 милиони евра. Со поддршка на овој проект од Европската инвестициска банка, Европската банка за обнова и со Европската Унија покажуваме дека можеме да направиме многу повеќе. Да бидеме искрени- овој проект не е нова идеја. Но, досега остана само како идеја. Иако беше ветувано претходно, никогаш не беше започнат. Затоа, денес не правиме спектакл за да ги залажеме луѓето, туку да покажеме дека се работи со одговорност, истрајност и вистински намери- резултатите стигнуваат. И ова е само дел од поголемата слика. Се поврзуваме со гасоводите на соседите. Тоа ќе нè направи регионална енергетска крстосница. Тоа значи повеќе избори, повеќе стабилност и пониски трошоци. Тоа значи дека повеќе нема да бидеме на крајот од мрежата, туку во срцето на регионалниот енергетски тек. Зашто тоа е нашата работа- да ја изградиме таа иднина. Ние сме тука да градиме нешто подобро. Ги засукавме ракавите, ја презедовме одговорноста и почнавме да ги поставуваме темелите. Темели на нови патишта и автопати. Темели на нови инвестиции и индустриски зони. Темели на нови болници и училишта. Темели на нова енергетска архитектура. Денес, повторно покажуваме дека не стоиме, се движиме. Не чекаме- градиме. Создаваме нови можности. Ги градиме темелите на промените. Затоа, ова не е крај- ова е почеток на нешто поголемо. Ова е порака до секој инвеститор, до секој граѓанин, до секој млад човек- дека тука, во оваа држава, има простор за развој, за шанса, за стабилност. Ќе продолжиме да работиме. Ќе продолжиме да градиме. Ќе продолжиме да ја создаваме новата македонска иднина. Затоа што времето што доаѓа не е само слоган. Тоа е реалност што ја правиме заедно. Да живее трудот и визијата. Да живее иднината која ја градиме со сопствени раце. Ви благодарам.“, рече во своето обраќање премиерот Христијан Мицкоски. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
МакедонијаСо градежна механизација урнати дел од тезгите на Бит пазар Неполн ден откако се промени описот на скопски Бит-пазар, местото кадешто се урнаа објекти и тезги е веќе ограден со тараби и подготвен за нова градба.На терен има тешка механизација, но засега нема официјални информации кој ги урнал објектите и дали на нивно место ќе се гради нешто, како што се шпекулира во јавноста.Станува збор за првите тезги долж булеварот „Цветан Димов“, на потегот од Центар кон Чаир. Земјиштето е во приватна сопственост, а засега не се соопштува причината за отстранувањето на тезгите. Од Општина Чаир најавуваат повеќе информации, додека Град Скопје посочува дека случајот не е во нивна надлежност. Во меѓувреме, останатиот дел од Бит-пазар функционира непречено. Меѓу вработените на пазарот има незадоволство и револт, а дел од нив не сакаат јавно да ја коментираат ситуацијата. Дополнително, само неколку дена претходно, во непосредна близина, Град Скопје со повеќе институции спроведе акција за отстранување на дивите тезги на потегот од Бит-пазар кон „Мавровка“. Тогаш беа запленети околу 500 килограми храна, а за нелегалните препродавачи беа најавени и казни. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПо моштите на Самоил, во Бугарија пристигна и чесната глава на Св. Климент – коинциденција или тенденција?Со литиска поворка и црковни почести, во катедралниот храм „Св. Николај“ во Стара Загора свечено беа пречекани дел од моштите за кои од Софија се тврди дека се дел од чесната глава на свети Климент Охридски.Според бугарските медиуми, реликвијата пристигнала од грчкиот манастир „Св. Јован Крстител“ во близина на Верија, како дел од меморандумот за разбирање меѓу Бугарија и Грција за взаемно предавање историски предмети од значење. Настанот доаѓа само еден ден по трансферот од Грција во Бугарија на останките за кои бугарската страна тврди дека му припаѓаат на цар Самуил. Но, во период кога историското и црковното наследство повторно стануваат дел од регионалната дипломатија, се отвора прашањето дали овие два настани треба да се гледаат изолирано или како дел од бугарската црковна историографија која со децении се обидува да го присвои наследството на средновековната Охридска црковна традиција. За професорката Наташа Котлар не е случајно што теми поврзани со личности длабоко втемелени во македонската историска и духовна традиција повторно се отвораат од страна на Софија. -Ако се тангира историјата, бидејќи историјата е еден од најважните моменти во градењето на еден народен па и национален идентетите, покрај религијата и културата тоа значи директна негација на македонскиот целокупен идентитет, историскиот а посебно културниот. Ако тоа негирање е во функција тоа значи дека ништо не е случајно, и дека на просторот сме исправени пред сериозен офанезивен фронт, отворен за негација пред се за македонскиот целокупен идентитет и ние треба да ги градиме постапките во таа насока – вели - Наташа Котлар – Професорка. Охридската Архиепископија претставува клучен дел од историскиот идентитет врз кој се повикува и денешната МПЦ-ОА а најголемиот дел од неговите мошти се чуваат во манастирот „Св. Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, каде што се наоѓа и неговиот гроб. И свети Климент Охридски и цар Самуил се дел од веќе усогласените препораки на Заедничката македонско-бугарска историска комисија за заедничко чествување. Комисијата препорача двете држави заеднички да го негуваат споменот на свети Климент, а и чествувањето на цар Самуил да се одвива во духот на добрососедството. Такво заедничко одбележување на свети Климент веќе имаше во декември 2022 година каде тогашниот македонски министер за надворешни работи Бујар Османи и неговиот бугарски колега Николај Милков заеднички положија цвеќе пред споменикот на свети Климент Охридски во Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
МакедонијаОсудениот адвокат Стафа тврди дека не му дал пари на судијата Ристов и оти признал вина од страв и под притисокАдвокатот и поранешен правобранител Фехми Стафа кој веќе издржува 15 месечна затворска казна откако призна вина дека зел 50 илјади евра за да му ги даде на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, денеска тврдеше дека не му дал пари на Ристов.Адвокатот и поранешен правобранител Фехми Стафа кој веќе издржува 15 месечна затворска казна откако призна вина дека зел 50 илјади евра за да му ги даде на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, денеска тврдеше дека не му дал пари на Ристов – ниту во овој, ниту во кој било друг случај. Стафа кажа дека парите пронајдени кај него биле адвокатска награда од неговиот клиент Љупчо Пецов, а не пари наменети за судијата. Уште посериозни беа неговите тврдења за начинот на кој го признал делото. Стафа рече дека признанието го дал од страв и под притисок, откако како што рече, видел што му се случува на Ристов и стравувал дека може да помине уште полошо. -Во ниеден предмет не сум дал поткуп на судијата Ристов. Ја одбрав најблагата казна оти не сакав да ме снајде тоа што го снајде него. Кога ме лишија од слобода едениот истражител беше агресивен и ми викаше ако сакаш да се спасиш да кажеш дека 20 илјади евра треба да завршат кај Ѓоко Ристов. Парите не ги најде а тие се пријавени, а се работи за адвокатска награда. Пари 30 илјади евра ми беа дадени како заем од сестрата на Љупчо Пецов и за тоа имам писмен договор. Кога ме однесоа во обвинителството во недела утрината се појави обвинителката Искра Хаџи Василева и бараше да кажам дека парите требало да завршат кај Ѓоко Ристов а за возврат ќе бидам ослободен,- - Фехми Стафа – Сведок. Обвинителката Хаџи Василева посочи дека кредибилитет на Стафа како сведок ќе биде предмет на анализа во завршниот збор. Иако тој беше повикан во судница како сведок на одбраната а неговото претходно признание е еден од доказите во обвинението, обвинителката вели дека располага и со други докази. -Обвинителството, а во овој предмет особено, исказите на секој од сведоците ги поткрепуваше, и тоа како, со материјални, вербални и најважно од сè електронски докази, директен говор меѓу инволвираните лица, сите во оваа постапка, вклучително и Фехми Стафа, и Љупчо Пецов, и сите останати кои имаа сведочења од судови и во таа прва постапка. Значи, ние кредибилитетот на сведоците го цениме секако во текот на истрагата, меѓутоа водејќи се од кредибилитетот на секој еден сведок, како што и бива во секоја постапка, се обидувате да трагате по докази кои ќе поткрепат нечие сведочење,- изјави – Искра Хаџи Василева – Обвинител ОЈО ГОКК. Но, одбраната тврди дека такви материјални докази досега не биле презентирани пред судот. Адвокатот Давидовиќ вели дека одбраната не може да се повикува на докази кои, според него, не се изведени во постапката. -Материјални докази никаде не се прикажани, ќе мораме да ѝ веруваме на збор на обвинителката, како што ѝ веруваме во овој предмет, дека има коруптивни дејства, ама ниту еден предмет од каде е примен поткуп за судијата Ѓоко Ристов, па ќе мораме на збор да ѝ веруваме, пошто ни во тој предмет тие докази не се изведени. Ако обвинителството, како државен орган на кому му стојат на располагање сите можни државни институции — еден огромен апарат за присила и репресија — го злоупотребува тоа право, тогаш не им се пишува добро на граѓаните,- изјави – Звонко Давидовиќ – Адвокат на Ѓоко Ристов. Во сведочењето Стафа посочи и дека Ристов не одлучувал сам, туку бил дел од судски совет, па праша зошто во овој случај обвинет е само тој. А дали има предистрага и за други судии од Апелација, обвинителката не открива. Судењето против апелацискиот судија Ѓоко Ристов продолжува во четврток на 8 октомври кога како сведоци во судница треба да се појават неговите родители. Тагови: Ѓоко Ристов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00