Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
МакедонијаМицкоски: Законот за високото образование не е политичко туку државно прашање од кое зависи иднината на земјата Предлог-законот за високо образование не се креира зад затворени врати, туку преку дебати со универзитетите, тој е заедничко решение со академската заедница и верувам дека ќе даде резултати. Ова не е закон на Владата, ова не е политичко, туку државно прашање, од кое зависи иднната на земјата и на нашите млади, кои сега не препознаваат квалитет во домашното високо образование. Ова го порача премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција во Владата по повод пакетот закони за високо образование и за наука, кои се во владина процедура. На прес-конференцијата, заедно со министерката за образование и наука Весна Јаневска, во присуство на ректорите од седумте јавни универзитети, тој нагласи дека треба да се престане со експерименти, туку со системски решенија затоа што, рече, образованието е фундамент на секое општество. -Долго време виското образование трпи големи штети, зашто во 2018 се донесе законско решение уште полошо од претходното, со намалени прагови за напредување во звања, намалена продукција на научни трудови и намален квалитет. Во изминатите години немаше ниту една сериозна евалуација, ниту беа предложени решенија. Како Влада не можеме да дозволиме уште една изгубена деценија. Денес имаме воспоставен вистински партнерски однос со академската заедница и заедно со нив правиме нов закон, рече Мицкоски. Нагласи дека законот за високо образование одговара на реалните предизвици, а во фокусот се младите и тие да се задржат дома и тука да ја градат иднината и кариерата. Меѓу новините, рече, е тоа што првпат најдобрите студенти ќе имаат предност при вработување на државните универзитети, се воведува и нов модел на финансирање на високообразовните установи. Мицкоски соопшти дека 7,5 милијарди денари е буџетот на универзитетите и дека е значително поголем од минатата година, додавакјќи дека тој тренд ќе продолжи. Додаде дека фокусот ќе биде и на науката, поддршка на научни трудови, за нашите универзитети, како што рече, повторно да бидат препознаени како центри на квалитет и иновации. Министерката Јаневска ги соопшти предностите на новиот закон и посочи дека во неговото креирање се слушнати мислењата на дебатите организирани на сите универзитети и оти се вградени сите конструктивни и аргументирани забелешки. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГаздата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаЃорѓи Димов во „Вести плус“Вечерва во „Вести плус“ гостин ќе биде Ѓорѓи ДимовКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГаздата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
Рецепти Царска пита што секогаш успева – Мека, сочна и се спрема без макаЦарската пита е едно од домашните јадења кои речиси сите ја сакаат, особено кога ви е потребен брз појадок, вечера или нешто за послужување на гости.Царската пита е едно од домашните јадења кои речиси сите ја сакаат, особено кога ви е потребен брз појадок, вечера или нешто за послужување на гости. Не бара сукање, ниту чекање тестото да нарасне, состојките едноставно се соединуваат, смесата се истура во плех и се пече. Најубава е додека сè уште е топла, но вкусна е и кога сосема ќе се излади. Токму затоа може да се приготви однапред и да се послужи кога ви одговара. Состојки: 4 јајца 200 мл јогурт 100 мл масло 200 г. брашно 1 кесичка прашок за печиво 150 г. шунка 150 г. полутврдо сирење 3 помали кисели краставички 1 помала црвена пиперка прстофат сол малку бибер по желба Подготовка: Скршете ги јајцата и изматете ги во поголем сад додека не станат благо пенести. Додајте го јогуртот и маслото, па сето тоа добро соединете го. Брашното измешајте го со прашокот за печиво и постепено додавајте го во смесата, непрекинато мешајќи, сè додека не добиете глатка смеса без грутчиња. Шунката, сирењето и киселите краставички и пиперката исечкајте ги на ситни коцки. Додајте ги во приготвеното тесто и измешајте со дрвена лажица или шпатула, за рамномерно да се распределат. Со солта внимавајте, бидејќи шунката, сирењето и краставичките се веќе солени. По желба додајте малку бибер. Приготвената смеса истурете ја во плех обложен со хартија за печење или претходно намачкан со малку масло. Измазнете ја површината и ставете ја да се пече во рерна на 180°С. Печете околу 30-35 минути, односно додека питата не нарасне и добие убава златно - румена кора. Пред крајот на печењето проверете со чепкалка. Ако излезе сува, питата е готова. Кога ќе ја извадите од рерна, не сечете ја веднаш, оставете ја да постои 10-тина минути за да се стегне и парчињата да го задржат својот убав облик. Оваа пита може да ја послужите со јогурт, кисело млеко или кефир. Погодна е да ја понесете на работа или излет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Магазин Блејзерите оваа есен добиваат нова силуета: Струкираните модели ја враќаат женственоста во фокусотПо неколку сезони во кои доминираа предимензионираните палта, модната сцена се свртува кон поструктурирани силуети.Кога станува збор за гардероба во преодниот период и есента, постојат неколку парчиња кои се апсолутно неопходни. Добар пар фармерки, пар удобни рамни чевли и стилска, но практична чанта секогаш се основа на нашиот изглед кога се шетаме низ град, како и квалитетен блејзер што може да се стилизира на безброј различни начини. Затоа не е изненадување што токму сега повторно сме во потрага по оној модел што ќе го воздигне нашиот есенски outfit. Судејќи според актуелните трендови, оваа сезона не бараме какво било сако, по долгото владеење на преголемите кроеви, модниот фокус се префрла кон поструктурираните стилови кои ја нагласуваат фигурата и враќаат одредена доза на женственост во кројот. Еден од најголемите трендови ќе бидат блејзерите што ја следат линијата на телото и го нагласуваат струкот. Моделите со „издолжен“ струк потсетуваат на елегантните силуети од педесеттите години, но во модерна интерпретација делуваат доволно опуштено за секојдневни комбинации. Можеме да ги замислиме со широки фармерки и рамни чевли, но и со здолништа, фустани или панталони од истиот материјал. Понудата е доволно разновидна за секој да може да ја пронајде својата верзија на овој тренд - од модели без јака и заоблени контури до построги кроеви со изразени рамена и јасни линии. Токму овој нагласен струк e она што ги разликува од блејзерите што ги носевме во последните неколку сезони. Особено изгледаат добро кога строгата силуета се комбинира со парчиња облека што даваат одредена лежерност, блејзер со нагласени рамена одлично се усогласува со обична бела маичка, фармерки, патики, но и со широки панталони и елегантни чевли. Кога станува збор за боите, класиката е сигурен избор. Црните, белите и сивите блејзери се сè уште најпопуларните стилови за есенската гардероба, но оваа сезона вреди да се обрне посебно внимание на потоплите тонови. Карамела, беж, темно кафеава и чоколадна боја се совршени за есенската палета и изгледаат особено добро со тексас, кремасти нијанси и други земјени тонови. Ако барате нешто малку подраматично, бордо е една од оние бои што и на наједноставен блејзер му дава сосема нова димензија. Не треба да се занемаруваат ниту материјалите. Превртената кожа, како и нејзините висококвалитетни имитации, веќе некое време се меѓу најпосакуваните есенски текстури, а блејзер направен од овој материјал функционира особено добро како алтернатива на класичната кожна јакна. Без разлика дали оваа есен ќе изберете женствен модел што го нагласува струкот или ќе се наклоните кон помоќната естетика од 80-тите, едно е сигурно - блејзерот повторно станува многу повеќе од практичен слој за постудените денови. Ако има добар крој, може да биде парче облека што го дефинира целиот изглед.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook