3Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
МакедонијаМицкоски: Законот за правична застапеност наскоро пред пратениците - прв критериум ќе биде стручноста и компетентностаТурската заедница има апсолутна поддршка од мене и ги охрабрувам апликантите да се пријавуваат на конкурси за јавната администрација во кои според новиот Закон за правична застапеност прв критериум ќе биде стручноста и компетенцијата.Турската заедница има апсолутна поддршка од мене и ги охрабрувам апликантите да се пријавуваат на конкурси за јавната администрација во кои според новиот Закон за правична застапеност прв критериум ќе биде стручноста и компетенцијата, одговори премиерот Христијан Мицкоски на пратеничко прашање поставено од пратеникот Сали Мурати, а во врска со правилната застапеност на етничките заедници во рамки на јавната администрација. Претседателот на Владата пред пратениците во македонското Собрание потврди дека Законот за правична застапеност ги минал филтрите на Венецијанската комисија и очекува тој закон наскоро да се најде на пленарна седница и да се донесе. - Законот ги мина филтрите на Венецијанската Комисија и забелешките се вклучени во рамки на законот. Се надевам и очекувам пратениците да дадат поддршка за овој закон кој што според наше длабоко убедување е во согласност со сите меѓународни стандарди и очекуваме да нема проблеми со уставноста како што тоа се случуваше со некои минати законски решенија. Со овој закон прв критериум ќе биде стручноста и компетентноста. Ги охрабрувам граѓаните што се дел од турската заедница во нашата земја да аплицираат во рамки на јавната администрација. Ние како Влада сме покажале дека немаме никаков проблем, напротив образованието на мајчин турски јазик го поттикнуваме и поддржуваме, турската заедница во Македонија е дел од идентитетот на нашата заедничка македонска нација, турската заедница во Македонија е ценета заедница со чесни граѓани кои ја почитуваат својата татковина Македонија, но исто така имаат нераскинливи врски со Турција и јас немам никаква дилема, напротив ја имаат мојата поддршка и ќе бидат дел од моите приоритети и мојата оптика, нагласи Мицскоски и додаде дека како претседател на Владата пледирам да бидам претседател на сите граѓани, вклучително и на турската заедница, односно на дел од турскиот народ. Во своето обраќање пред пратениците во македонското Собрание, премиерот Мицкоски посочи дека со новото законско решение ќе се избегнат проблемите и девијантното однесување што се случувало во јавната администрација во минатото. - За мене претставува предизвик што повеќе луѓе да аплицираат на јавните повици, но се помалку имаме мотивирани луѓе кои што би се пријавиле на тие конкурси. Во минатото сме биле сведоци на девијантно однесување, луѓе кои што фигурирале на платни списоци а не оделе на работа, луѓе кои фигурирале на платни списоци, а долго време биле отселени од државата или пак имало и такви случаи на луѓе кои за жал биле починати, а сепак добивале плата од државата. Сигурен сум дека тоа е минато време и дека сите заедно ќе работиме за интересот на нашата заедничка татковина Македонија, истакна Мицкоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државатаСДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев .Во СДС прво треба на научат кој за што е надлежен во државата. Јасно е дека во нивно време немаше линии во поделбата на власта па беа по старото ‘кадија те тужи, кадија те суди’, но еве потсетување дека Народната банка и гувернерот се институцијата која носи одлуки во рамките на своите надлежности за банкарскиот систем. Алта банка е увезен проблем и не може СДС од ракав да даваат вакви изјави, прво немаат кредибилитет, второ очигледно ги знаат основните надлежности на ниедна институција. Но Заев правеше така, па нив им е всадена таа матрица и гледаат низ истата призма, имаат двојни стандарди, а можеби како што беше за Еуростандард така и за Алта на сон им доаѓаат сценаријата. Од партијата на Венко сега пак гледаме обиди за создавање на искривени перцепции, дека проблемот можел да се прелее во сите банки, иако од надлежните има транспарентна комуникација и се работи на решение, а гувернерот порача дека граѓаните нема да бидат оштетени. Ама лица од СДС на телевизиски настапи настапуваат со однапред подготвена програма за ширење паника и повторно спинување на изјави во јавноста за оваа тема како и секоја останата да можат да ја искористат. СДС се симбол за нестабилност, криминал и афери и свесно користат теми од јавен интерес за да создадат чувство на нестабилност со вакви неосновани тврдења. Им порачуваме на СДС да престанат со обидите за политичко профитирање, има надлежни кои работат на решение, деструктивноста на СДС не им треба на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНов инцидент во Краков: Полицијата пукала на човек кој со нож во рака шетал по улица Ноќеска кратко по 3 часот, полицијата во Краков отвори оган врз маж (23) кој одел со нож во рака во југозападниот дел од градот, неколку часа откако во масовното пукање во тој град беа убиени девет лица, соопшти локалната полиција.Портпаролката на полицијата во Малополска, Катаржина Цисло, изјави дека по пристигнувањето на местото на настанот, полицајците испукале предупредувачки истрели, а потоа еден од полицајците испукал еден истрел кон мажот, но промашил, пренесува RMF24. Цисло нагласи дека инцидентот што се случил преку ноќ не е поврзан со пукањето што се случило вчера на Главниот плоштад во Краков, каде што биле убиени шест лица, додека истиот напаѓач претходно убил уште три лица, чии тела биле пронајдени во неговиот стан. Никој не е повреден во инцидентот синоќа, а мажот го испуштил ножот откако биле испукани истрелите, бил уапсен и однесен во болница. Првичните полициски наоди укажуваат дека уапсениот маж бил психички растроен.Тагови: краков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот Среде скандалот со Алта банка доцни исплатата на плати во повеќе државни институции, меѓу кои и во најголемата енергетска компанија ЕСМ.Вработени реагираат дека вакво нешто се нема случено досега. Вообиечано плата добивале во првите пет дена од месецот. Според информациите, вработените во ЕСМ добиле и СМС-пораки дека се уште не се знае кога точно ќе биде исплатена октомвриската плата и дека треба да бидат трпеливи. Дополнитено, од општини пристигнуваат реакции дека преку Трезорот не можат да реализираат плаќања. Што се случува? Дали Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ до толку ја испразнија државната каса што веќе не можат да се сервисираат ниту редовните обврски? СДСМ со месеци предупредува за катастрофалната состојба со буџетот. Дупката во буџетот е околу 900 милиони евра, јавниот долг неконтролирано расте. Мицкоски и ВМРО ги доведоа државните финансии во сериозна опасност, со криминалните политики создадоа нов долг од 4 милијарди евра за две години и до крај на година ќе биде и над 60% од БДП. Затоа е вториот ребаланс, затоа се задолжувањата – затоа нема пари за минимална плата од 600 евра, затоа нема пари за земјоделците, празна е касата, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28