Мицкоски: Закон за правична застапеност ќе го подобри квалитетот на работа на јавната администрација - Канал 5

Мицкоски: Закон за правична застапеност ќе го подобри квалитетот на работа на јавната администрација

Законот за правична застапеност покрај соодветна застапеност ќе понуди и квалитет и ќе го подобри квалитетот на работа на администрацијата, изјави денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Мицкоски: Закон за правична застапеност ќе го подобри квалитетот на работа на јавната администрација

Законот за правична застапеност покрај соодветна застапеност ќе понуди и квалитет и ќе го подобри квалитетот на работа на администрацијата, изјави денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања кој присуствуваше на реконструкција на улица во општина Шуто Оризари. Законот наскоро треба да оди во собраниска процедура, ги поминал сите филтри на Владата, добил позитивно мислење од Венецијанската комисија и покрај правичната застапеност ќе понуди и квалитет, што како што посочи премиерот, досега можеби не бил ставен во фокусот.

- Јас мислам дека со овој закон за правична застапеност, конечно ќе се надминат сите стереотипи од минатото, сите антиуставни елементи, сето она коешто претставуваше би рекол „камен на сопнување“ во минатото. Конечно се нуди решение кое ќе ги реши овие проблеми и да можеме сите заедно правично застапени да ја градиме нашата заедничка татковина, Македонија - изјави Мицкоски.

Премиерот смета дека главна цел на носење на законот е подобрување на квалитетот на функционирањето на администрацијата. Тој дополни дека како Владата и тој како претседател се согласиле на условите кои биле побарани од синдикатите - Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство на Македонија (САДУ) и Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани УПОЗ на последната седница на Економско-социјалниот совет во однос на зголемување на платите,и нагласи оти е важно да се добие подобар квалитет од администрацијата.

- Тоа ни е главна цел. Јас на последниот Економско-социјален совет пред партнерите, но и пред синдикатите на синдикалните подружници во администрацијата и САДУ и УПОЗ, се согласија на условите како претседател на Влада, на условите коишто тие ги бара од Владата. Но тогаш, поставив едно прашање дали сте вие сложни да ние го мериме задоволството на граѓаните од работата на администрацијата. Ние веќе тоа го мериме трет месец по ред - рече премиерот.

Мицкоски нагласи дека денеска нема да ги споделува бројките, но најави дека на следната седница на Економско-социјалниот совет, ќе ги претстави пред партнерите.

- Затоа што еве историски договор, историски покачувања на платите, сето она што се бараше од нас како Влада ние го направивме, сега очекуваме заедно со граѓаните од страна на администрацијата да добиеме подобар квалитет- изјави премиерот.

Тој додаде дека е свесен оти со едно законско решение не може се да се реши сѐ, нагласувајќи дека е потребна совест и да се работи и на менталитетот, и повтори дека на наредната седница на економско-социјалниот совет ќе ги претстави резултатите пред партнерите.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕУ повторно им доделува бесплатни патувања на младите

ЕУ повторно им доделува бесплатни патувања на младите. Пријавувањето започнува на 1 октомври.

ЕУ повторно им доделува бесплатни патувања на младите

Европската Унија доделува нова серија од 41.000 бесплатни билети за воз на 18-годишници за патување низ Европа.

Младите можат да аплицираат онлајн од 1 до 15 октомври; право на учество имаат сите граѓани на ЕУ родени помеѓу 1 јануари и 31 декември 2008 година, под услов да пополнат краток квиз за ЕУ ​​и иницијативите за млади.

Право на учество имаат и жителите на земји надвор од ЕУ кои се вклучени во програмата за размена „Еразмус+“ (Erasmus+).

До седум дена патување со воз низ Европа Европската комисија ќе ги извести успешните кандидати и ќе им додели билети за воз кои важат за патување во траење до седум дена, во рамките на еден месец, во периодот од 1 март 2027 година до 31 мај 2028 година. Иницијативата „DiscoverEU“ е дел од програмата „Еразмус+“ и беше лансирана во 2018 година со цел да им овозможи на младите граѓани на ЕУ „да патуваат и да ја истражуваат разновидноста на Европа, да го откриваат нејзиното културно наследство и историја, како и да се поврзуваат со луѓе од целиот континент“.

Според информациите од ЕУ, Обединетото Кралство повторно ќе се приклучи кон програмата во 2027 година – за првпат по Брегзит (неговото повлекување од Европската Унија). Досега, околу 473.000 млади луѓе ги искористиле бесплатните билети за воз доделени преку иницијативата „DiscoverEU“, при што нови серии билети се пуштаат во оптек двапати годишно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: Расчистен случајот со објавеното видео со палење на македонското знаме на Тик-ток

Полицијата го расчисти случајот поврзан со видео објавено на социјалната мрежа „Тикток“, на која се гледа палење на македонското знаме, .

МВР: Расчистен случајот со објавеното видео со палење на македонското знаме на Тик-ток

Полицијата го расчисти случајот поврзан со видео објавено на социјалната мрежа „Тикток“, на која се гледа палење на македонското знаме, со што е сторено кривично дело „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, верска и друга дискриминаторска основа“..

Станува збор за малолетно лице под 14-годишна возраст од Тетово кој го објавил овој чин на својот профил. Со согласност на родителот, за потребите на постапката и фотодокументирањето на доказите, обезбеден е мобилниот телефон од кој било поставено видеото..

Во просториите на полицијата, во присуство на родител и претставници од Центарот за социјална работа Тетово, со малолетникот е извршен службен разговор, при што тој го признал делото, а во текот на службениот разговор, малолетникот посочил уште три малолетни лица кои учествувале во настанот. Тие дополнително ќе бидат повикани во полициска станица за целосно расчистување на случајот.. По целосното документирање на предметот, до надлежното Основно јавно обвинителство Тетово ќе биде поднесен соодветен поднесок.. , информираат од МВР..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Платформата“ со конкретен план за суштински реформи во СДСМ

Платформата, составена од поранешни и сегашни челници на СДСМ, следните денови ќе излезе со конкретен предлог за суштински реформи во СДСМ.

„Платформата“ со конкретен план за суштински реформи во СДСМ

На денешниот брифинг со новинарите објаснија дека планот прво ќе СДСМ му го презентираат на претседателот на партијата, Венко Филипче. Поводот е тоа што, според нив, опозициската партија не успева да дејствува обединувачки кон граѓаните кои се антивладино расположени. дополнително, не се задоволни од моменталниот рејтинг на партијата и сметаат дека ваквиот СДСМ, ако излезе на избори, ќе доживее катастрофален пораз кој може трајно да ѝ наштети на партијата и да ја спушти под егзистенцијалниот минимум.

Од Платформата исто така сметаат дека владата на ВМРО-ДПМНЕ покажува едни од најслабите перформанси на една владеачка гарнитура во изминативе 35 години, без да направи прогрес на ниту едно поле.

Според нив, за да може да се настапи против таквите политики на владеачката партија, потребна е силна опозиција која ќе формира и поширок опозициски фронт.

Според најавите, во текот на викендот ќе објават повеќе детали околу конкретните чекори.

Според Филипче постојат сомнежи дека тие луѓе се платени од власта за да ја раситнат опозицијата и уште еднаш ги повика ако сакаат да помогнат во опозициската битка дебатата да ја водат во рамките на партијата, а не со платформи надвор од неа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер