Мицкоски: Заев се плаши од пораз, ако имаше темна дамка во моето минато денес ќе бев на друго место

​Иако не ги оправдувам, ги разбирам Зоран Заев и апологетите на власта, тие мораат да ја дефокусираат јавноста од вистинските теми.

Наутро Чулев е виновен, попладне јас. Ама позадината е друга. Чулев им го разоткрива криминалот, а јас им ја зборам вистината. И доколку денес не го објавеа ова, ќе се зборуваше за вистината, а таа е следна:

Ова е потег на очај и деликатна емотивна состојба на Зоран Заев каде јасно се гледа и има директни сведоштва дека е поплавен со криминал, корупција и рекет. Ова е и можност јавноста да види дека нема ништо инкриминирачки во тие објавени снимки.

Убеден сум дека ако имаше барем една темна дамка во моето минато, денес ќе бев на друго место и немаше ова да го пишувам. Ова ми кажува само едно дека Заев е исплашен од пораз. А го чека страшен пораз.

И да не си ги толкуваме изјавите така како што на страните им одговараат.

Јавно на прес конференција на 16 август, 2019 година на прашање дали сум се сретнал со Зоран Милевски не негирав дека сум се сретнал, напротив, велам дека сум среќавал со многу слободни граѓани. Но од тогаш до самото интервју кое се објавува на ,, А1 он” кое е во откомври 2019та година, кажувам дека сум немал средба што е и вистината.

Ќе ве потсетам на прес конференцијата во август одговорив – цитирам „Сум се гледал со сите слободни граѓани, но суштината е дека власта сака да покаже дека тој Зоки му дал пари на Мицко. Сакаат да ме вмешаат во таа рашомонијада. Еве, дајте доказ дека сум инкриминиран, не треба Рускоска и Реџепагиќ да ме спроведат, сам ќе се пријавам во истражниот затвор Шутка" Па јас и денес стојам на овој став.

Ова е период кога Македонија е претворена во мучуриште на криминалци. Ама тоа е нивната приказна. Ќе дојде време многу бргу барата ќе се избистри и сите оние кои што се во блатото сега ќе нема кај да се кријат. Тогаш ќе биде време за одговорност.

Јас на оваа епизода гледам многу спокојно и со огромна смиреност, но и радост затоа што им се ближи крајот, и да знае и Заев и неговите инструменти и емисири кои ги праќа со надеж дека може нешто да се спогоди по изборите за да не одговара, сигурно се две работи, прво заедно со народот ќе ги победиме сите на куп и второ, од одговорност нема бегање.

П.С благодарност што ми дадовте прилика да се докаже дека нема ниту “к” од криминал. А сега што правиме со трас-трас одлуките, д гау времето доаѓа?!

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Потсекретарката на Стејт департментот Елизабет М. Ален доаѓа во Западен Балкан

 Потсекретарката на Стејт департментот за јавна дипломатија Елизабет М. Ален ќе ги посети Босна и Херцеговина, Србија, Косово и Република Македонија за време на нејзината осумдневна посета на Западен Балкан.

„Посетата, која ќе трае од 12 до 20 мај, е со цел да ги продлабочиме партнерствата со земјите од Западен Балкан и да ги унапредиме нашите заеднички цели за регионална соработка и европска интеграција. Потсекретарката Ален ќе ги нагласи основните демократски вредности што ги споделуваме со луѓето од Западен Балкан и важноста да работиме заедно за да ги заштитиме слободните и отворени општества од злонамерни влијанија“, се вели во соопштението.

Турнејата на Ален ќе почне во Сараево, потоа следуваат Белград и Приштина, и ќе заврши во Скопје.

Потсекретарката на Стејт департментот за Скопје ќе се сретне со експерти за странско злонамерно влијание, стои во соопштението.

„Во однос на културната различност и богатото наследство на Македонија, потсекретарката Ален ќе го посети античкиот римски форум во Стоби, каде што поддршката на американската влада преку Фондот на амбасадорите за зачувување на културата помага да се зачува еден од највредните археолошки локалитети во Македонија. Додека е таму, таа ќе разговара со локалните партнери за потенцијалот на проектот за понатамошно проширување на економскиот развој, туризмот и врските меѓу луѓето“ информира Стејт департментот. /МИА

Деспотовски: Се остави и впечаток дека СДСМ е во подредена позиција на самата влада

„ Премногу долго време се остави да биде приоритет да биде темата за уставните измени и да биде доминантна во јавноста“

Почнавме процес на анализа за историскиот пораз. Премногу долго време се остави да биде приоритет да биде темата за уставните измени и да биде доминантна во јавноста притоа знаејќи дека исходот нема да се случи. Темите поврзани со економијата и борбата со корупцијата беа потиснати во втор план. Се остави и впечаток дека СДСМ е во подредена позиција на самата влада. Перцепцијата дека играме подредена улога во сопствената влада е цената која ја плати СДСМ. Дозволивме таква перцепција да се створи во јавноста и таа перцепција постои и треба да се дискутира за тоа, а тука го изгубивме и фокусот на кадровските прашања, рече Јован Деспотовски во Само Вистина.

Зеленски разреши висок функционер во разузнавачката служба на Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го разреши Андриј Алексејенко, првиот заменик-шеф на Службата за надворешно разузнавање на Украина, а за негов заменик го назначи Олег Луговски.

„Со указ бр. 319/2024, претседателот го разреши Андриј Алексејенко, првиот заменик-шеф на Надворешната разузнавачка служба на Украина“, објавено е на веб-страницата на претседателот на Украина.

Андриј Алексејенко беше прв заменик-шеф на Службата за надворешно разузнавање од 27 ноември 2017 година./МИА

притисни ентер