Мицкоски за законите од Реформската агенда: Имаме јасен план и фокус, наша стратегија е да бидеме најдобри - Канал 5

Мицкоски за законите од Реформската агенда: Имаме јасен план и фокус, наша стратегија е да бидеме најдобри

Имаме јасен план и јасен фокус. Нашата стратегија е да бидеме најдобри во одделението. Тоа ќе го направиме. Иако тоа некој не го цени.

Мицкоски за законите од Реформската агенда: Имаме јасен план и фокус, наша стратегија е да бидеме најдобри

Ако мисли дека треба билатералните прашања да бидат пречки за нашето членство во ЕУ, простете, ние тука не можеме ништо да сториме, изјави премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање кои закони од Реформската агенда се планираат да се стават во собраниска процедура.

-Во Реформската агенда имаме носење на законот за енергетика и негово имплементирање. Тоа е еден чекор, од тие 12. Законот е донесен, усогласен со Канцеларијата на ЕУ, и донесен е во Парламент. Но не е ставен како направен чекор, затоа што не се донесени подзаконските акти. А подзаконските акти, според Европската енергетска заедница, за одредена група Грејс период од 9 мецеси, а за друга група 18 месеци. Така што, невозможно е ако требало сето ова да профункционира во јули 2025 година, бидејќи девет месеци за една група и 18 месеци, се веќе крајот на 2026 година. Така што имаме две опции. Или да го тргнеме овој чекор и да го поставиме декември 2026, или да го прифатиме делот на носење на законот за енергетика таков каков што е усогласен со ЕК, рече премиерот.

Вториот чекор, според него, е да влеземе во либерализација на пазарот за електрична енергија за домаќинствата, сите оние кои се на регулираниот пазар.

-Тоа нема да го направиме од проста причина што ако тоа го направиме тогаш домаќинствата и сите оние коишто се на регулираниот пазар минимум ќе имаат 30 до 35 проценти поскапи сметки за електрична енергија. И тоа свесно нема да го направиме, рече тој на прес-конференција за доделување решенија за самовработување како дел од Оперативниот план за вработување.

Мицкоски рече дека третиот чекор е усогласување на Изборниот законик со забелешките на ОБСЕ и ОДИХР, посочувајќи дека тоа ќе го направиме, и не гледа причина зошто во рамките на Парламентот пратениците тоа да не го поддржат имајќи предвид дека тоа е реформски закон, поддржан од самата ЕК.

Во однос на законите за ЈО, за судови, за јавнобвинителска и судска служба, вели дека се подготвени да прифатиме што тие бараат.

-Главното нивното барање се однесува на вработување и унапредувања, да не зависи од мислење на Владата. Нема проблем, нема да зависи, туку тие да го изготват и да им го одобри судскиот или Советот на јавни обвинители. А Владата само да информира, во ред нема проблем тоа ќе го прифатиме. Во делот на буџет, ние ќе поставиме долна граница односно минимална вредност во буџетот на Обвинителството, и во буџетот на судовите, коишто секако ќе биде повисок од средниот, или од медијана буџетот што го имаат земјите-членки што ги покрива Советот на Европа. И тоа ќе го направиме, рече Мицкоски.

Додаде дека и новиот Закон за Судски совет поминал на владина седница и моментално се усогласува и се чека мислење од Канцеларијата на ЕК и очекува дека до крајот на декември ќе биде и тој поминат во рамките на Собранието.

За новите вработувања во Агенцијата за одземен имот, рече дека таму има одредена систематизација која што е направена пред години, па треба да се направи нова систематизација и врз основа на неа да се обезбедат согласности од страна на Министерството и буџет за тие нови вработувања. -И тоа ќе го направиме до крајот на оваа година, рече Мицкоски.

Тој говореше дека еден од чекорите е и изготвување план со којшто ќе се направат енергетски ефикасни три проценти од јавните згради.

-Моето прашање до ЕК беше три проценти од вкупниот број или три проценти од квадратурата, бидејќи ако имаме 100 такви објекти три проценти се три згради. Ако имаме милион квадрати коишто се содржани во јавните згради, тогаш три проценти е нешто повеќе. Ние на владина седница, го донесовме практично изгласавме информација од страна на Министерството за енергетика, која е изработена со експерт ангажиран од страна на ЕК, со којшто се утврдија приоритетите. Го задолживме МФ да обезбеди средства. МФ се обрати до Француската развојна агенција, и со тоа ние овој чекор го завршивме. Само треба да знаеме дали три проценти од вкупниот број згради или три проценти од квадратурата, па така планот ќе го усогласиме за следните три години и со тоа и тој чекор е завршен, рече тој.

Во однос на либерализацијата на железничкиот сообраќај, рече дека министерот за транспрот веќе работи на таа проблематика со Канцеларијата на ЕК и очекува и тој чекор да биде завршен до крајот на годината.

-Законот за Аудио - визуелни услуги е готов, но ние чекавме заедно со членовите коишто значат усогласување со „Roam at home“ - иницијативата од страна на ЕК, ќе ги спакуваме заедно и ќе ги доставиме до Парламентот. Тоа нема да се случи оваа година. И затоа министерот за дигитална трансформација доби насока ваков каков што, е а е усогласен со канцеларијата на ЕК, да го достави најпрвин на Влада, а потоа до Парламент. Така што очекувам и овој закон до крајот на годината да помине, рече Мицкоски.

Го спомена и барањето да се формира регистар на акционерски друштва и правни субјекти во коишто државата има некаков удел, без разлика дали е мнозински или малцински сопственик.

-Ние немаме таков закон. Ангажиравме експерти од Правниот факултет, законот е изработен, даден на увид во Министерството за европски прашања и во Министерството за економија и труд. Така што очекуваме од таму повратна информација, да го поминеме на Владина седница, и ќе го доставиме до Канцеларијата на ЕК. Очекувам и овој чекор да биде завршен до крај, одговори Мицкоски на новинарско прашање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Министерството за надворешни работи на Никарагва објави дека земјата се повлекува од Централноамериканскиот парламент.

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила веднаш, пренесува Ројтерс.

Владата на Никарагва не одговори на барањето за коментар.

Овој потег уследи еден ден откако Организацијата на американските држави (ОАД) усвои резолуција со која се повикуваат властите во Никарагва да ги ослободат политичките затвореници и да ги вратат граѓанските слободи.

Никарагва ја напушти ОАД во 2023 година, тврдејќи дека оваа дипломатска организација станала инструмент на интервенционизмот на САД.

Земјата, исто така, во 2025 година објави дека ќе се повлече од Советот за човекови права на ОН, по извештајот на Обединетите нации во кој меѓународната заедница се повикува да реагира на кршењето на човековите права во земјата.

Политичка криза во Никарагва

Никарагва се наоѓа во состојба на политичка криза од април 2018 година, кога полициските сили ги задушија масовните протести, притоа загинаа повеќе од 350 луѓе, околу 2.000 беа повредени, а илјадници беа уапсени или избегаа од земјата.

Владата на Никарагва, предводена од претседателот Даниел Ортега и неговата сопруга Росарио Муриљо, минатиот јули објави дека земјата повеќе нема да одржува избори. Ортега е на власт во континуитет од 2007 година, откако претходно ја извршуваше функцијата претседател во 80-тите години на минатиот век.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп именуваше пратеник за затворениците: „Тој врати 65 Американци од Белорусија“

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека адвокатот и актуелен пратеник за Белорусија, Џон Коул, ќе биде негов специјален претседателски пратеник за прашања поврзани со затвореници.

Трамп именуваше пратеник за затворениците: „Тој врати 65 Американци од Белорусија“

Белорускиот претседател Александар Лукашенко минатиот месец помилува 15 затвореници по разговорите со Коул, кој повеќе од една година преговара со Минск.

„Во текот на изминатата година, Џон веќе обезбеди враќање на повеќе од 65 Американци и државјани на сојузнички земји од Белорусија и договори ослободување на повеќе од 800 политички затвореници од неколку источноевропски земји“, објави Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.

Коул ќе го замени Адам Болер, за кого Трамп рече дека вратил 196 заложници.

Болер, кој во август помогна да се обезбеди ослободување на поранешен американски маринец од Русија, ќе продолжи да помага околу други прашања како виш советник, додаде Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Серафимовски: Како министерство сериозно сме засегнати за решавање на проблемите

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство сериозно е засегнато за решавање на проблемите во делот на пласманот, производството и цената на оризот, порачал ресорниот министер Борче Серафимовски.

Серафимовски: Како министерство сериозно сме засегнати за решавање на проблемите

Тој денеска во Горни Подлог присуствувал на традиционалното зажетнување со срп на 35. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер