МакедонијаМицкоски за вчерашниот протест: Обид на опозицијата да направи дестабилизација, информирани се сојузниците Експерти подготвуваат решение за полагање правосуден испит на албански јазик согласно Устав и меѓународни стандарди, а опозицијата преку протести се обидува да ја дестабилизира државата.Експерти подготвуваат решение за полагање правосуден испит на албански јазик согласно Устав и меѓународни стандарди, а опозицијата преку протести се обидува да ја дестабилизира државата, за што се известени во НАТО И ЕУ, изјави премиерот Мицкоски коментирајќи го вчерашниот протест и барањата на студенти од албанска националност од три универзитети. Тој потсети дека актуелниот Закон за употреба на јазиците е веќе оспорен пред Уставниот суд, а Венецијанската комисија има дадено јасно негативно мислење за двојазичноста во судството. -Формирана е комисија од уставни експерти која работи на решение коешто ќе биде и уставно и согласно меѓународните стандарди. И исто така е факт дека вчера видовме голем број опозициски активисти и функционери кои што беа на протестот и на тоа му дадоа и политичка конотација. Ние за тоа ги информиравме нашите сојузници во НАТО и во рамките на ЕУ за обид на опозицијата на одреден начин да направи дестабилизација и мислам дека тоа не наиде на одобрување од страна на високи претставници на меѓународната заедница, рече Мицкоски. Опозициската СДСМ, пак, проблемот го гледа во Владата и премиерот Мицкоски, кои според нив се инспиратори на поделби. “Дефинитивно треба да се најде решение за да може секој да ужива во основните човекови права за она што е согласно закон. Меѓутоа, она што е проблем и што главни инспиратори на сите овие поделби се токму Мицковски и Владата. Денеска го слушнавме низ медиумите дека ќе пријавел во НАТО и во ЕУ за ова. Ете да му порчаме на Мицкоски тој да се пријави и во НАТО и во ЕУ, затоа што тој ја дестабилизира состојбата во државата. “ Легитимно е да се протестита, но не и да се прави злоупотреба на протестот за политички цели што нема да го реши проблемот на студентите, сметаат дел од познавачите. - Видовме доста функционери на ДУИ и многу нелогично е да кажат тие дека Филков им е крив, дека тој работи против Албанците, кога имавме министрите токму од ДУИ за правда. Го имавме последен Билен Салиу, Аднан Јашари, Џафери, Блерим Беџети, Дардишта, Кренар Лога беше исто. изјави Мухамеди. -Нема да го оправдам УЧК, УЧК.. тоа за мене го симболизира конфликтот од 2001 година кој сите сакаме да го заборавиме. Тие деца, можеби некој од нив не биле родени кога бил конфликтот, а сега извикувањето на УЧК и на функционери од ДУИ, само му дава една политичка конотација на ова прашање, кое ако се гледа како политичко нема да се реши, изјави Ѓулистана Марковска. Во однос на барањата за полагањето на правосудниот испит, од Министерството за правда вчера уште еднаш потенцираа дека истиот се спроведува согласно важечката законска рамка. Станува збор за стручен испит кој не претставува управна постапка, туку механизам за обезбедување на квалитет и стручност во правосудниот систем, посочија меѓудругото од Правда. Тагови: устав Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваБела ноќ повторно во Скопје!Во сабота /3 октомври/, од 19:00 до 03:00 часот, плоштадите, мостовите, галериите, музеите и чаршијата ќе бидат места за нови доживувања и средби што се паметат.- Има ноќи во кои градот се доживува поинаку. Ноќи во кои улиците стануваат сцена, уметноста ни доаѓа во пресрет, а музиката нè спојува. Скопје повторно ќе живее една таква ноќ, нашата Бела ноќ! Ве поканувам заедно да го исполниме Скопје со љубопитност, насмевки и енергија и да ја почувствуваме неговата креативна сила – истакна Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Само за „Бела ноќ“, работното време на угостителските објекти на подрачјето на Град Скопје се продолжува за два часа, за дружењето и убавата атмосфера да траат подолго. За сите полесно да бидат дел од оваа ноќ, превозот со ЈСП ќе биде бесплатен од 18:00 часот на 3 октомври до 05:00 часот на 4 октомври. Во рамките на „Бела ноќ“, бесплатен ќе биде и влезот во Зоолошката градина Скопје. Уметноста ве очекува на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ, во МКЦ, на Мостот на уметноста, на Боемска улица и во Старата скопска чаршија. Дел од оваа ноќ ќе бидат и Музејот на Град Скопје, „Аудио Култура“, Домот на градежници, „Мала станица“, ДКЦ „Карпош“, Градската библиотека, Чифте амам, улицата „Македонија“ и Музејот на современа уметност. Излезете со семејството, повикајте ги пријателите и одберете ја својата прва станица. Дозволете му на Скопје да ве изненади со нешто што досега не сте го виделе, слушнале или почувствувале. Бела ноќ е покана за сите генерации, за сите што го сакаат овој град и за сите што допрва ќе го доживеат. На 3 октомври, да ги наполниме улиците со живот и да создадеме уште еден убав спомен за нашето Скопје! Град СкопјеТагови: Бела ноќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСвечено отворени Ресурсниот и Младинскиот центар - КарпошПо повод одбележување на 50 години од основање на Општина Карпош, попладнево, во рамки на култниот спортски објект „Наум Наумовски Борче“ – Партизан, беа официјално отворени Младинскиот Центар – Карпош (МЦК) и Ресурсниот Центар – Карпош (РЦК).Идејата за отворање на двата младински центри на територија на Карпош, потекнува од Сотир Лукровски и Мирјана Пехчевска, а за нивната целосна реализација се погрижија претставниците од Секторот за развој од Општина Карпош, Александра Теова и Роберт Јанковски. И покрај тоа што овие два центри активно функционираат веќе три месеци, денеска беа официјално промовирани пред пошироката јавност. Станува збор за две нови простории во рамки на спортската сала Партизан, која Општина Карпош им ги отстапи на невладините организации и на младите карпошани, за да можат на едно место непречено да ги реализираат своите идеи, активности и иницијативи. На свеченоста присуствуваа жители од Карпош, претставници на невладини организации, на Халк банка, Стопанска банка, вработените од книжарницата Тримакс, како и првиот човек на Општина Карпош, Сотир Лукровски. „Особено значајно е што во работата на двата центри веќе се вклучени десет невладини организации, кои делуваат во различни области – од спортот и бизнисот, преку екологијата и младинските прашања, па сѐ до поддршката на лицата со попреченост. Затоа, нека Ресурсниот и Младинскиот центар – Карпош, бидат места каде ќе се раѓаат идеи, ќе се создаваат промени, во кои младите ќе се чувствуваат слушнати и поддржани, граѓанските организации ќе бидат секако добредојдени, а целата локална заедница ќе го препознае просторот за соработка и заедничко дејствување“ – истакна градоначалникот Лукровски. Во оваа пригода, градоначалникот Сотир Лукровски им врачи благодарници на претставниците на ХАЛК банка, Стопанска банка и Тримакс, за поддршката која ја пружија трите фирми, во насока на опремување на МЦК и РЦК. Во знак на поддршка за младите, голем дел од присутните гости донираа книги по личен избор, кои ќе ја збогатат колекцијата на младинската библиотека, која ќе функционира во рамки на Младинскиот Центар – Карпош. По повод свеченото отворање, гостите напишаа куси пораки и предлози до младите, додека пак младите испишаа креативни идеи како го замислуваат Карпош. Дополнително, манифестацијата беше разиграна со динамичните звуци на шест прекрасни младински бендови. Во пријатна атмосфера, младите се запознаваа, меѓусебно другаруваа и ширеа позитивна енергија. Од понеделник, Младинскиот Центар – Карпош ширум ги отвора вратите за младите, каде ќе се одржуваат тематски сесии, ќе се развиваат конструктивни дебати и ќе се презентираат нови идеи. Оттука се очекува да произлезат младински иницијативи, за подобрување на квалитетот на животот на сите жители кои се дел од оваа локалната заедница.Тагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаЧекањето заврши: пристигна новата реалност во Тиго со намалени трошоциА што е потребно за една нова реалност? Понекогаш, само вистинскиот рецептТокму на оваа идеја е изградена новата кампања „Нова реалност во Тиго“, која ја поврзува една од најпрепознатливите македонски традиции со новата понуда на Тиго. Оваа есен, Тигомир тргнува во потрага по совршениот рецепт за ајвар, а Тиго ја открива својата формула за новата реалност – намалени трошоци и повеќе можности за клиентите. А, да се најде совршениот рецепт за ајвар во Македонија не е едноставна задача. Прашајте десет луѓе како се прави најдобриот ајвар и веројатно ќе добиете десет различни одговори – секој со своја тајна состојка, семеен рецепт и убедување дека токму неговиот е вистинскиот. Додека Тигомир ги истражува пиперките, традицијата и тајните на совршениот ајвар, Тиго веќе го има вистинскиот рецепт за својата нова реалност: намалени трошоци на кредит до 720.000 денари и до 72 рати, но и намалени трошоци на понудата за рефинансирање на постојните кредитни обврски. За вистинско добредојде, првиот кредит во Тиго.мк е целосно бесплатен, со рок на отплата до 30 дена. „Сакавме новата сезона да ја започнеме со нешто што е навистина наше, препознатливо и блиско до луѓето. Ајварот е тема за која сите имаме свое мислење, особено кога станува збор за тоа чиј рецепт е најдобар. Затоа на Тигомир му ја доверивме тешката задача да го пронајде совршениот рецепт. Во Тиго, пак, ќе се држиме до она што најдобро го знаеме: да им понудиме на нашите клиенти едноставни решенија со намалени трошоци и повеќе можности полесно да ги реализираат своите планови“, велат од Тиго. Кампањата ќе биде присутна преку телевизиски, дигитални и надворешни канали, како и во филијалите на Тиго ширум земјата. А потрагата на Тигомир по совршениот рецепт нема да остане само на екраните, туку ќе продолжи и преку дополнителни есенски активности. Совршениот рецепт за ајвар? Тигомир сè уште го бара. Но, кога станува збор за намалени трошоци и нови можности, новата реалност во Тиго веќе е тука.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter