Мицкоски за трагедијата во Кочани дознал од обезбедувањето на Тошковски - Канал 5

Мицкоски за трагедијата во Кочани дознал од обезбедувањето на Тошковски

Пожарот во Кочани за мене е најтешкиот ден, не само за време на мандатот, туку и во животот - рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, зборувајќи на самитот Македонија 2025.

Мицкоски

Тој кажа дека веднаш по добивањето на информацијата за катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ се упатил кон Кочани.

-Тоа утро беше негде 3:30 кога човек тропаше на вратата од мојот дом. Кога отворив тоа беше еден од обезбедувањето на министерот за внатрешни работи. Бидејќи не го гледав телефонот нормално во 3:30, логично е да спиете. Го погледнав телефонот и тогаш ја видов таа порака од министерот. Тој беше веќе упатен на лице место. Веднаш се соземав и прво што направив ги повикав луѓето од мојот тим да се упатиме веднаш кон Кочани. Негде околу 5, 5 и нешто пристигнавме.

Понуда за помош пристигнувала од речиси сите земјите од регионот, но како што вели, тешко и емотивно било да се донесе одлука за прифаќање на помошта, особено од дел од соседите со кои имаме влошени односи.

-Во целата таа ситуација нормално е како човек да реагирате и да се создадат големи емоции, но треба да се носат одлуки. Сите чекаат да носите одлуки. Најтешки беа одлуките кога доаѓаше понуда за помош, посебно од регионот. А знаете вие, за жал немаме брилијантни односи со дел од соседите, би рекол поготово со еден од соседите. Кога треба да носите одлука, мора да водите сметка за сите последици коишто може да настанат.

-Размислував неколку секунди и тогаш реков ве молам спремете ги најкритичните пациенти, ќе ја прифатам помошта којашто ја нудат соседите и веднаш да ги транспортираат.

Премиерот вчера рече дека жали што родителите на загинатите во пожарот не ја прифатиле неговата покана за средба во владата. Иако негираше дека бил поканет од семејствата, изрази подготвеност да се сретне со нив во Кочани. Родителите на загинатите деца во саботата повторно излегоа на протест

а семејствата информираа дека одлуката за одбивање на поканата ја одбиваат поради тоа што е задоцнета и сметаат дека е потребно да се организира средба во Кочани.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Сотир Костов

Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Сотир Костов

„На кавга со Иван“ - Сотир Костов

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кога падот на тестостеронот кај мажите влијае на нивната улога како сопруг

Кај жените, менопаузата е добро позната животна фаза, иако сè уште не е целосно разбрана. 

Кога падот на тестостеронот кај мажите влијае на нивната улога како сопруг

Раздразливост, недостаток на енергија, лош сон и намалена концентрација можат да бидат знаци на „синдром на несреќен сопруг“, што се поврзува со постепено опаѓање на нивото на тестостерон кај мажите.

Кај жените, менопаузата е добро позната животна фаза, иако сè уште не е целосно разбрана. Помалку е познато дека и мажите, со текот на годините, минуваат низ хормонални промени кои влијаат како на телото, така и на расположението. Во науката, оваа фаза се нарекува андропауза – популарно позната како „машка менопауза“ – додека промените во расположението што ја придружуваат, во секојдневниот говор се нарекуваат и „синдром на несреќен сопруг“.

Кај мажите, нивото на тестостерон почнува постепено да опаѓа веќе после триесеттите години. Додека кај жените производството на женски хормони нагло опаѓа за време на менопаузата, кај мажите овој процес се одвива побавно. Тестостеронот не исчезнува целосно, но телото го произведува во сè помали количини.

Намаленото ниво на тестостерон може да предизвика изразени промени во расположението, при што раздразливоста е еден од главните симптоми. Мажот може да стане поимпулсивен и да се вознемирува поради ситници на кои инаку не би реагирал.

Сепак, хормоните не се оправдување. Иако падот на тестостеронот придонесува за лошо расположение, мажот сепак е одговорен за своите емоции и постапки; истурањето на гневот врз партнерката е неприфатливо. Првиот чекор е да се препознаат промените и за нив да се разговара со лекар или специјалист.

Чести симптоми се и губењето на енергијата и ентузијазмот. Ако мажот повеќе не покажува интерес за активности во кои претходно уживал, тоа може да биде знак за депресија, која може да биде поттикната токму од падот на нивото на хормоните. Депресијата може да се развие постепено или да се појави ненадејно. Во двата случаи, таа го нарушува квалитетот на животот – како на лицето што минува низ неа, така и на неговиот партнер, пишува „Your Tango“.

Затоа се важни отворените разговори за менталното здравје, особено за мажите, кои често се учени дека ранливоста е слабост. Напротив, барањето помош е знак на сила и грижа за себе.

Хормоналните промени можат да влијаат и на квалитетот на сонот. Ако мажот ноќе немирно се превртува во креветот, тоа исто така може да биде поврзано со андропаузата. Доволниот сон е неопходен за физичка и емоционална рамнотежа, па затоа е најдобро за промените во сонот да се разговара со лекар. Намаленото ниво на тестостерон може да го отежне концентрирањето, фокусирањето и краткорочното помнење, или пак да го промени начинот на кој мажот ги обработува информациите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владимир Божиновски, Љупчо Зиков и Љуљзим Фаризи во „Само вистини со Видиновски“

Вечерва во „Само вистини со Видиновски“ гости ќе бидат Владимир Божиновски, Љупчо Зиков и Љуљзим Фаризи

Владимир Божиновски, Љупчо Зиков и Љуљзим Фаризи  во „Само вистини со Видиновски“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер