Мицкоски за судството: Судството и обвинителството се во канците на политиката и тоа мора да се ослободи - Канал 5

Мицкоски за судството: Судството и обвинителството се во канците на политиката и тоа мора да се ослободи

 Мицкоски рече дека мора да има правда и дека секој што се огрешил пред законот, мора да одговара.

Мицкоски за судството: Судството и обвинителството се во канците на политиката и тоа мора да се ослободи

Македонија има сериозен проблем со испораката на правдата, а клучот на сите заглавени обвиненија седи на две адреси со заеднички господар. Судството и обвинителството се во канџите на политиката, и тоа мора да се ослободи, смета премиерот Христијан Мицкоски.

Во обраќањето на централната послава по повод 11 Октомври, Мицкоски рече дека мора да има правда и дека секој што се огрешил пред законот, мора да одговара. Ресетот на системот, како што рече, нема да значи реваншизам, ниту поделба на „наши“ и „ваши“.

- Не може за милиони украдени пари да не се одговара поради нечија политичка блискост. И ако тука, во овие случаи, нема правда, што ли се случува со многу други случаи на граѓани заглавени за ситни, но за нив многу важни предмети – меѓу нив имоти, кривични пријави, граѓански спорови. И за овој ресет на системот што ќе го спроведеме, не мислам на реванш, а во изминативе месеци покажав дека правдата е за сите иста и за, како што вели нашиот противник, „наши и ваши“, и овие категории нема да имаат разлика и за мене се непознати. Туку или некој се огрешил, или не се огрешил кон законот. Или е криминалец, или не. Или ќе има правда, или нема да нè има. А мора да нè има и мора да победиме со градење на систем во кој мора да веруваме и што ќе го оставиме на чесни професионални луѓе, истакна Мицкоски.

Се осврна и на економијата и жовотиот стандард на граѓаните посочувајќи дека работи на носење на нови инвестиции кои, како то рече, за брзо ќе ги соопшти, како и на нови проекти и мерки коишто ќе ѝ дадат нов облик на државата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џо Бајден во тешка состојба, ракот на простатата метастазирал и на коските

Сопругата на екс претседателот на САД, Џо Бајден откри страшни детали за состојбата на поранешниот претседател: Болеста е во четврта фаза.

Џо Бајден во тешка состојба, ракот на простатата метастазирал и на коските

Поранешната прва дама на САД, Џил Бајден, изјави дека нејзиниот сопруг Џо Бајден има рак на простата во четврта фаза кој се проширил на неговите коски и прима специјализирана терапија.

Џо Бајден боледува од рак на простата во четврта фаза, кој метастазирал на коските, и ќе живее со оваа болест до крајот на животот, изјави неговата сопруга Џил Бајден.

Според неа, поранешниот американски претседател, и покрај здравствените проблеми, продолжува со своите секојдневни активности и јавни ангажмани. Зборувајќи за време на промоцијата на книгата од политичката аналитичарка Ана Наваро, Џил Бајден истакнала дека не очекувала здравствените проблеми на нејзиниот сопруг да доведат до дијагноза на рак на простата, објави Фокс њуз.

Според неа, откако ја напушти Белата куќа на почетокот на 2025 година, поради долготрајни заболувања, Бајден отишол на преглед кај уролог, по што дополнителните анализи потврдиле присуство на рак.

- Џо ќе мора да живее со рак до крајот на животот - изјави Џил Бајден, додавајќи дека поранешниот претседател прима специјализирана терапија и поминал низ повеќенеделен циклус на зрачење. Таа изјави дека 83-годишниот Бајден продолжува да патува и да учествува во јавни настани, но дека поради возраста, болеста и терапијата, тој забавил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На различни локации во Скопје пронајдени тројца починати

Во Скопје вчера на три локации се пронајдени починати три повозрасни лица, соопшти полицијата.

На различни локации во Скопје пронајдени тројца починати

Според полицискиот билтен, вчера било пријавено дека во својот дом во Центар бил пронајден починат Б.О.(69). Истиот ден во хотелска соба на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат С.Е.(63) од Р.Турција со престој во државата, а во село Кучково, под патничко возило „опел” со скопски регистарски ознаки бил пронајден починат Ц.Р.(67) од с.Волково.

Лекари на итна помош констатирале смрт кај трите лица без траги на насилство, а телата на починатите се дадени на обдукција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Барселона и Челзи во трка за дефанзивец од Јувентус

Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус ја одреди цената за својот разноврсен дефанзивец Андреа Камбијасо, за кого интерес покажуваат богатите европски великани Барселона и Челзи.

Барселона и Челзи во трка за дефанзивец од Јувентус

Според италијанските медиуми, клубот од Торино нема намера да го пушти за помалку од 30 милиони евра.

Според „Скај Спорт Италија“, Барселона во последните денови активно се распрашува за можноста за доведување на Камбијасо.

Во исто време, „Калчомеркато.ком“ пишува дека Јувентус е подготвен да ги слушне понудите, но дека нема да го продадат 26-годишниот италијански репрезентативец за помалку од 30 милиони евра.

Камбијасо претходно беше поврзуван со Комо и Интер, но Јувентус во моментов не е во напредни преговори со ниту еден од заинтересираните клубови.

Камбијасо, кој може да ги покрива двете бековски позиции, има договор со Јувентус до јуни 2029 година. Поранешниот играч на Џенова и Болоња имаше успешна сезона во Јуве , во која одигра 47 натпревари за „бјанконерите“ во сите натпреварувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер