Мицкоски за стратешкото партнерство со Обединетото Кралство-За нас овој настан е историски - Канал 5

Мицкоски за стратешкото партнерство со Обединетото Кралство-За нас овој настан е историски

За нас е историски овој настан како држава затоа што, само што ја завршивме средбата со премиерот на Обединетото Кралство, изјави премиерот на Македонија Мицкоски веднаш по заедничката пресконференција со британскиот премиер Кир Стармер.

Мицкоски за стратешкото партнерство со Обединетото Кралство-За нас овој настан е историски

Премиерите на Македонија Христијан Мицкоски и на Обединетото Кралство Кир Стармер денеска во Тирана го финализираат договорот за стратешко партнерство меѓу двете земји. Двајцата премиери оценија дека договорот ќе значи уште посилна соработка, поцврсти односи и можност за продлабочување на односите.

-Македонската јавност ќе биде сведок на договор за стратешко партнерство, договор кој што ќе овозможи инвестициски циклус во вредност од 5 милијарди фунти, 6 милијарда евра, во делот на структурата, железницата, здравството и така натаму, изјави премиерот Мицкоски за Дојче веле.

Деновите кои што следат ќе бидат објавени сите детали, истакна премиерот Мицкоски.

И македонскиот премиер Мицкоски изрази задоволство и благодарност за потпишувањето на договорот за стартешко партнерство со Обединетото Кралство.

- Навистина сум мошне возбуден што ќе работиме заедно, што нашите две држави ќе можат да работат заедно. Ние сме сојузници во НАТО и со овој меѓувладин договор сигурен сум дека ќе имаме уште поголема билагтерална соработка, ќе ги зацврстиме нашите врски. Со ова ќе се подобри и ќе се сподели искуството на Обединетото Кралство во овој дел на Европа. Сметам дека Балканот е навистина инспиративно место и ви посакувам добредојде во вашата многу посилна улога во тој дел на Европа, изјави Мицкоски на средбата со Стармер

Петар Ристески Пеката „На кавга со Иван“

Утре во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ гостува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески.

Петар Ристески Пеката „На кавга со Иван“

Станува ли збор за најсестраниот спортист меѓу пратениците?

Корупцијата го еродира системот, каде запнаа реформите?

Ни треба ли ЕУ зошто самите не знаеме како да ги спроведеме или тоа се само флоскули на опозицијата?

По мерит систем или според партиска книшка, како се добива работа во Македонија?

Колку кафе филџаните му се омилен кујнски прибор?

Дали трагедијата во Пулс , го разбуди пулсот на правдата кај политичарите или само ќе се делиме на ваши и наши?

Ќе се најдеме ли на половина пат со братска Софија или ќе го вртиме курсот?

Утре „На кавга со Иван“ Петар Ристески, во 23 часот.

Фото: Голата Софија Вергара во када ги воодушеви мажите

Најплатената телевизиска актерка на светот, „жешката“ Колумбијка Софија Вергара повторно го воодушеви посилниот пол.

Фото: Голата Софија Вергара во када ги воодушеви мажите

Вергара, ѕвездата од серијата „Модерно семејство“, со неколку фотки предизвика вистински хаос меѓу своите следбеници на Инстаграм.

Во најновото издание, актерката позира во танга бикини додека се сонча покрај базенот - без маица, но со еден важен предмет: крема за сончање од нејзината линија за убавина „Тоти“.

„Летото е тука“, напиша таа кратко на шпански, заедно со слика што собра илјадници лајкови.

Атрактивната актерка исто така воодушеви и со фотка на која гола позира во када.

Вергара инаку редовно своите следбеници на социјалните мрежи ги „чести“ со фотки на кои во преден план се нејзините совршени облини.

Фото: Елегантната Северина ужива во Франција

Балканската музичка ѕвезда Северина воодушеви со стил на Француската ривиера.

Фото: Елегантната Северина ужива во Франција

Хрватската пејачка Северина се огласи од својот одмор во Франција, поточно од Кан, каде што ужива во убавината на ривиерата.

Северина, како и секогаш, блеска во беспрекорни модни комбинации – од долг црн фустан со тенки прерамки и златен дезен што зрачи со романтика, до бел миди фустан што ги комбинира елеганцијата и женственоста.


„Облечи се..ти, сакам сè. Секогаш убава, со стил. Овој црн фустан е топ за мене. Овој црн фустан е сè, прекрасен. Колку добро ти стои таа Франција. Секогаш облечена со вкус и стил. Уживајте, стилизирајќи се како и секогаш врвно“, напишаа нејзините следбеници под објавата.

притисни ентер