Мицкоски за стратешкиот договор со ОК:Инвестициски циклус во државата од околу 6 милијарди евра - Канал 5

Мицкоски за стратешкиот договор со ОК:Инвестициски циклус во државата од околу 6 милијарди евра

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања го опиша стратешкиот договор со Обединетото Кралство како историски момент.

Мицкоски за стратешкиот договор со ОК:Инвестициски циклус во државата од околу 6 милијарди евра

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања го опиша стратешкиот договор со Обединетото Кралство како историски момент како за државата, но и за регионот, затоа што силно присуство на еден од водечките политички чинители во светот тука во регионот значи многу и за граѓаните, и за државата, но и за иднината на регионот, при што објаснувајќи го подели во два дела, политички и економски, иако се обединуваат.

„Во економскиот дел важно е да се напомни дека како држава имаме многу стратешки цели и проекти коишто се споменуваат со децении, но за жал никако да ги реализираме. Пругата коридорот 10 да се модернизира, реконструира, прошири, надгради. Автопатишта, болници, енергетски објекти, Чебрен и Галиште го споменуваме со децении, се обидуваме да најдеме инвеститори, но никако тоа да го најдеме до сега и така натаму. И ако сето тоа се анализира, може да се заклучи дека во минатото имало многу пречки, а една од нив биле финансиски, друга немањето политичка волја и храброст, трета немањето инвеститори“, наведе Мицкоски којшто продолжи дека сега тие препреки сега се тргнати на страна со тоа што финансии се обезбедени, рамка постои, 6 милијарди евра, двете влади постигнаа договор, а пратениците го поминаа во Парламентот без никаква злоупотреба.

Премиерот во одговорот се осврна и на обвинувањата на опозицијата дека не бил транспарентен процесот, не се знаело под кои услови ќе се земеле финансиите, што ќе се трошело, како ќе се трошело, зошто така било, дали ќе се случел криминал, за што Мицкоски оцени дека тие „анатеми“ се дел од предизборната политичка сцена.

„Овој договор што го потпишавме, а вие пратениците го усвоивте е политички договор за стратешко партнерство меѓу нас и Обединетото Кралство. Во делот на финансиите факт е дека имаме рамка, факт е дека сме воделе со финансиски институции коишто се подготвени да ја испорачаат таа рамка но договор не е потпишан. Сега следи процес во кој Министерството за финансии ќе отвори конкурентен дијалог со финансиските институции од светот, повеќе од нив, меѓу кои ќе бидат и овие финансиски институции со коишто сме разговарале“, нагласи Мицкоски којшто даде и примери како тоа ќе се одвива.

„Откако Министерството за здравство ќе го информира Министерството за финансии ќе ги заврши проектите за болниците во Штип, Кичево, Тетово, студентскиот дом, здравствениот дом, тоа ќе го информира Министерството за финансии дека сака да ги заврши и ќе замоли да се обезбедат средства. Исто и ЈПМЖ Инфраструктура исто така ќе постапи ќе го информира Министерството за финансии. Министерството за финансии потоа ќе спроведе конкурентен дијалог со финансиските институции во светот, а таа понуда што ќе биде најдобра, таа ќе ја прифатиме. Не значи дека ќе ја прифатиме понудата на финансиската институција со која досега сме разговарале. Ако добиеме подобра финансиска понуда од ЕБОР, или од ЕБРД, или од ЕИБ или кои било банки тие ќе ги прифатиме“, објасни премиерот, којшто се надоврза и на прашањата за каматите.

„И во што е разликата, а и точно е во јавноста кога се зборува за каматите колку тие ќе изнесуваат, доколку ние сами излеземе на пазарот со кредитниот рејтинг којшто ние го имаме како држава, тој ЕУРИБОР ќе биде надграден со 3,5 – 4% затоа што нашиот кредитен рејтинг е тој, ББ минус. Но, ако го користиме кредитниот рејтинг на Обединетото Кралство, којшто е ААА, тогаш ние ќе добиеме најниска можна каматна стапка којшто некоја држава може да ја добие. Затоа што Обединетото Кралство со тој стратешки договор ни вели ставете го нашиот кредитен рејтинг, ние сме гарант за вас“, нагласи Мицкоски.

„Затоа секој оној што зборува во јавноста дека јас како премиер и вие пратениците ќе задолжиме неродени генерации, ако е во функција на политика го разбирам, но ако навистина го мисли, тогаш е економски и политички аналфабет“, оцени претседателот на Владата којшто посочи дека слушнал неколку такви анализи од економисти на кои им порача дека би требало веднаш да си ги искинат дипломите.

Во однос на транспарентноста, Мицкоски истакна дека сѐ што е поврзано со овој Договор ќе биде јавно и нема да се класифицира како што тоа се случуваше во минатото.

„Нема да го класифицираме, нема шверцерски да го минеме со европско знаме, нема ништо од тоа. Повторно ќе влезе во Парламент Договорот за реализација на проектите. И тука нема да дојде во Собрание компанија регистрирана или близу до седиштето на една политичка партија, да биде подизведувач или изведувач како што тоа беше и се случуваше во минатото. Туку ќе биде компанија која реализирала, компанија со портфолио. И нема да биде една, туку ќе бидат од три до пет, а можеби и повеќе коишто ќе пројават интерес. Нема да криеме ништо, секоја завртка и навртка ќе имаат цена и ќе биде по принципот „Опен Бук“. За тие што не знаат тоа е дефинирани цени и маргина во проценти.

Гарантирам дека не само што нето нема да се задолжиме туку и ќе го намалиме долгот кога овие проекти ќе се реализираат“, заклучи премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање поврзано со стратешкиот договор со Обединетото Кралство со којшто се отвори финансиска рамка од пет милијарди фунти, соопштуваат од Владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ештон Кучер би можел да стане милијардер, но не поради глумата

Холивудскиот актер Ештон Кучер наскоро би можел да стане дел од клубот на милијардери – не благодарение на неговите актерски хонорари, туку преку неговите инвестиции во вештачка интелигенција. 

Ештон Кучер би можел да стане милијардер, но не поради глумата

Неговата рана инвестиција во „Антропик“ (Anthropic) – компанијата што стои зад популарниот чет-бот со вештачка интелигенција, „Клод“ (Claude) – би можела да му донесе огромен поврат.

Според проценките на „Блумберг“ (Bloomberg), инвестициската фирма „Саунд венчрс“ (Sound Ventures) – чиј соосновач е Кучер – поседува удел во „Антропик“ проценет на приближно седум милијарди долари. Во 2023 година, преку оваа фирма, Кучер – заедно со менаџерот на Мадона, Гај Осеари – учествуваше во првата голема рунда на институционално финансирање на „Антропик“, пренесува „Индипендент“ (The Independent).

Низ годините, инвестициската фирма вложила вкупно 435 милиони долари во „Антропик“ (Anthropic); точниот удел од евентуалната добивка што ќе му припадне лично на Качер сè уште не е познат, пренесува Танјуг.

„Антропик“, компанијата што стои зад чет-ботот „Клод“ (Claude), денес треба да започне со тргување на берзата, при што се проценува дека нејзината пазарна вредност изнесува 1,5 трилиони долари, а почетната цена на акцијата е 83 долари, пишува „Индипендент“ (The Independent).

48 годишната холивудска ѕвезда – познат по своите улоги во филмови и серии како „Што се случува во Вегас“ (What Happens in Vegas) и „Лудите седумдесетти“ (That '70s Show) – ја започнал својата инвестициска кариера во 2010 година, кога заедно со Осеари и милијардерот Рон Беркл ја основал фирмата „A-Grade Investments“. Оваа фирма, меѓу другото, инвестирала во технолошки компании како „Спотифај“ (Spotify), „Убер“ (Uber) и „Ер-би-ен-би“ (Airbnb).

Во 2015 година, Качер и Осеари ја основаа компанијата „Саунд венчрс“ (Sound Ventures), преку која поддржаа голем број технолошки стартапи, вклучувајќи ги „Дуолинго“ (Duolingo) и „Рисерч-гејт“ (ResearchGate).

Според медиумските извештаи, „Саунд венчрс“ (Sound Ventures) управува со инвестиции во вредност од приближно две милијарди долари, при што околу 800 милиони долари се вложени во компании за вештачка интелигенција, меѓу кои се „Антропик“ (Anthropic), „Опен АИ“ (OpenAI) и „Ворлд лабс“ (World Labs). Претходно оваа година, Качер се повлече од својата раководна улога во „Саунд венчрс“ за да основа нова инвестициска фирма заедно со Морган Белар, поранешен партнер во инвестициската фирма „НФИКС“ (NFX). Новата фирма ќе се фокусира на инвестиции во напредни технологии, инфраструктура, енергетика и таканаречениот сектор на „длабоки технологии“ (deep tech). Качер ќе остане советник во „Саунд венчрс“, додека Гај Осеари и Ефи Епстајн ќе продолжат да ја раководат компанијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Златна фудбалерка го „фрли“ дресот и облече проѕирен фустан, Градите ѕиркаат од фустанот

Една од најсексапилната фудбалерка на светот, атрактивната Клои Кели повторно воодушеви со својот секси стајлинг.

Фото: Златна фудбалерка го „фрли“ дресот и облече проѕирен фустан, Градите ѕиркаат од фустанот

Јавноста е навикната да ја гледа во фудбалски дрес и на теренот, но Клои Кели овојпат покажа сосема поинакво издание.

Англиската фудбалерка Клои Кели привлече големо внимание на доделувањето на наградите „GQ Мажи на годината“ во Лондон, каде што се појави во мошне смело издание.

Наместо спортскиот дрес во кој сме навикнати да ја гледаме, овојпат таа се одлучи за елегантен црн фустан што ѝ го откриваше грбот, додека проѕирната ткаенина му даде на целиот изглед дополнителна доза на сензуалност.

Припиениот фустан ја истакнуваше нејзината фигура, а отворениот грб беше еден од најефектните детали во оваа комбинација. Со овој избор, Клои покажа сосема поинаква страна на својот стил, далеку од фудбалскиот терен и спортската опрема.

Бројни познати личности од светот на спортот, модата, музиката, филмот и забавата се собраа на свечениот настан, а фудбалерката на Арсенал беше меѓу гостите што го привлекоа вниманието на фотографите.

Клои Кели е една од најпрепознатливите фудбалерки во англиската репрезентација, со која освои европски титули во 2022 и 2025 година.

Особено е впечатлив нејзиниот гол против Германија во финалето на Европското првенство во 2022 година, кога го постигна одлучувачкиот погодок во 110-тата минута.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тејлор Свифт блесна во неверојатна креација, сите останаа без зборови кога таа ги покажа своите витки нозе

Светската музичка ѕвезда, Тејлор Свифт блесна во неверојатна креација на еден настан, а љубителите на модата останаа без зборови.

Тејлор Свифт блесна во неверојатна креација, сите останаа без зборови кога таа ги покажа своите витки нозе

Каков фустан! Сите останаа без зборови кога таа ги покажа своите витки нозе .

Светската музичка ѕвезда, Тејлор Свифт блесна во неверојатна креација на еден настан, а љубителите на модата останаа без зборови. Навистина, ова беше глетка за паметење.

Тејлор Свифт се врати на голема врата кога станува збор за кантри-музиката. Неодамна, по пауза од 10 години, таа учествуваше на доделувањето на наградите на Здружението за кантри-музика (CMA Awards) во Нешвил. Последен пат таа присуствуваше на оваа церемонија во 2016 година.

Овој пат, таа одлучи да блесне во жолта креација на дизајнерот Оскар де ла Рента, оставајќи го модниот свет воодушевен. Станува збор за едноставна, речиси ненаметлива тоалета, одликувана со минимализам.

И додека горниот, корсетен дел се одликува со едноставен крој, долниот дел се карактеризира со асиметричен крој, долга опашка и џебови, кои на целиот стајлинг му даваат нота на модерен гламур.

Не смееме да ја изоставиме ниту впечатливата жолта боја на фустанот, која беше главниот акцент во нејзиниот изглед. Ретко која дама би одбрала облека во оваа нијанса на жолта боја за некој голем настан, но Тејлор покажа дека за неа не важат овие стереотипи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер