Мицкоски: За нас нема простор за играње со националните чувства, а Филипче сака да се пазари со Бугарите - Канал 5

Мицкоски: За нас нема простор за играње со националните чувства, а Филипче сака да се пазари со Бугарите

Нема веќе полтрони и снисходливи, срамни политичари што ја брукаа државата, што ја виткаа кичмата на едно кивање однадвор. И тоа пречи на некого. 

Мицкоски: За нас нема простор за играње со националните чувства, а Филипче сака да се пазари со Бугарите

Нема веќе полтрони и снисходливи, срамни политичари што ја брукаа државата, што ја виткаа кичмата на едно кивање однадвор. И тоа пречи на некого. И тоа е сосема нормално и очекувано, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на вечерашната трибина на тема Инфраструктурен бум - ги градиме темелите на промените во организација на ВМРО-ДПМНЕ која се одржува во Гевгелија.

Мицкоски се осврна на постапките, поточно кажувањата на претседателот на СДС, Венко Филипче.

„Филипче вика Бугари во Устав, зошто да не. А веднаш потоа и самиот признава, и самиот знае дека тоа не е единствениот услов, туку во игра е и јазикот, идентитетот културата. Тој свесно прифаќа да се прифатат бугарските барања и да се пазариме за наредната фаза, наредната црвена линија од која нема назад, идентитетот и јазикот. Е тука имаме голема разлика, нема попуштања и нема чекор назад, зошто веќе нема простор за играње со националните чувства“, кажа Мицкоски.

Мицкоски вели „јас отворено зборувам за овие работи, без ракавици, зошто работам чесно, затоа што нема како нив да прифаќам се што ќе сервираат на маса, само за да се прогледа низ прсти за некаков криминален тендер што беше традиција во претходната влада“.

„Затоа ослободен од тој багаж јас ќе говорам и за дволичноста на Европа, за двојните стандарди што ни ги наметнуваат, за предолгото чекање и намаленото трпение, но и за лажливата опозиција потоната во скандали, која не е никаква алтернатива, туку рецепт за пропаст на Македонија. Ова не значи да се откажеме од европската иднина, и од нашето партнерство со пријателите од Европа, но секако значи дека нашата најглавна задача да се сочуваме себе си, да ја развиеме економијата и обезбедиме иднина за секој човек“, вели Мицкоски.

Мицкоски укажува дека Владата е на вистинската страна на историјата.

„Другите се на погрешната. А ако ја видите цената за која се продале од опозицијата – иако може таа ним да им изгледа како многу пари, ќе видите дека е евтина. Впрочем, какви што се и нивните лаги. Какви што се и триковите што ги користат, и плановите што ги договараат зад грб на народот. Но времето на лагата завршува. Доаѓа времето на Македонија“, заклучи Мицкоски, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мајка му на Роналдо разочарана: Мило ми е што Португалија изгуби, не го ценеа

Португалската фудбалска репрезентација претрпе убедлив пораз од Данска во Лигата на нации, губејќи со 4-1, а ова беше и првиот натпревар откако Кристијано Роналдо официјално ја заврши својата меѓународна кариера.

Мајка му на Роналдо разочарана: Мило ми е што Португалија изгуби, не го ценеа

Мајката на славниот Португалец, Долорес Авеиро, не го прифати овој пораз лесно, туку беше среќна, бидејќи како што вели, нејзиниот син не бил почитуван.

- Роналдо е тажен, сакам да беше поинаку. Тој е тажен затоа што бил измамен. И јас сум тажна. Сега загубија во Брага. Тоа беше пораз и е добро за нив, ми е мило што Португалија загуби. Тие не го почитуваа Кристијано - рече Авеиро, како што објави „А Бола“.

Како што вели таа, никој не го почитуваше нејзиниот син.

- Не, никој од нив. Тоа е она што го чувствувам, тој не беше почитуван. Дури ни од неговите соиграчи.

Таа не беше задоволна ниту од збогувањето што Португалската федерација му го даде на Роналдо, кога, имено, сите играчи излегоа во дресови со број седум.

- Не ми се допадна оддавањето почит во Брага, бидејќи оддавањето почит мора да се направи со него, а не без него. Вистинското оддавање почит ќе му го оддаде Спортинг. Таму го ценат.

Да потсетиме дека Роналдо го напушти кампот на репрезентацијата во септември, на средина од преодниот рок за Лигата на нации, а официјално објави на 5 ноември дека ја завршува својата меѓународна кариера, која траеше 23 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На 46 години почина поранешниот македонски репрезентативец, Владимир Секуловски

Тажна вест го потресе македонскиот фудбал, бидејќи поранешниот репрезентативец Владимир Секуловски почина на 46-годишна возраст.

На 46 години почина поранешниот македонски репрезентативец, Владимир Секуловски

Секуловски играше за неколку познати македонски клубови во текот на својата богата кариера, меѓу кои се „Вардар“, „Тетекс“, „Слога Југомагнат“ и „Работнички“.

Роден е во 1980 година и остави значаен белег во локалниот фудбал. Во текот на својата кариера освои шампионски титули и трофеи во Купот на Македонија, а особено се памети времето поминато во Тетекс од Тетово.

Неговата смрт претставува уште еден тежок удар за македонскиот фудбал, но и за градот Тетово, кој беше потресен од веста за смртта на Агрон Мемеди само два дена претходно.

На овој начин, македонскиот фудбал загуби уште еден поранешен репрезентативец кој ја обележа домашната сцена со своите настапи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Казнет е монструмот кој со нож избоде три деца пред училиште- нападот предизвика протести во Даблин

Алжирец кој се обиде да убие три деца пред училиште во Даблин во ноември 2023 година во напад со нож, во кој сериозно беше повредена и наставничка која ги придружуваше, е осуден на доживотен затвор, објави суд во ирскиот главен град.

Казнет е монструмот кој со нож избоде три деца пред училиште- нападот предизвика протести во Даблин

Бушакер беше прогласен за виновен и за напад на две мали деца и еден тинејџер, како и за поседување кујнски нож од 36 сантиметри.

Ријад Бушакер (52) го изврши нападот на 23 ноември 2023 година на плоштадот Парнел Ист во Даблин, кога избоде две девојчиња и едно момче додека чекаа пред училиштето, а нападот, забележува Скај њуз, предизвика немири во ирскиот главен град.

Бушакер ги негираше обвиненијата, но претходно оваа година, по судењето во Централниот кривичен суд во Даблин, беше прогласен за виновен за обид за убиство на три деца, како и за нанесување тешки телесни повреди на наставничката Лијана Флин.

Таа претходно ги зела децата од училиште и ги однела во градинка кога се обидела да го запре напаѓачот. Потоа напаѓачот ја избодел, а други минувачи ѝ притрчале на помош и успеале да го совладаат.

Флин била однесена во блиската болница по нападот, каде што била ставена во индуцирана кома и била подложена на итна операција. На судењето се слушна дека лекарите морале да ѝ ја отстранат слезината и дел од желудникот, како и дека претрпела повреда на белите дробови.

Поротата слушнала за време на судењето дека едно од девојчињата претрпела тешко оштетување на мозокот од недостаток на кислород откако срцето престанало да чука, но лекарите успеале да ја реанимираат.

Девојчето, кое имало пет години во времето на нападот, сега има доживотна состојба што сериозно ги ограничува нејзините способности за живот и бара 24-часовна нега.

Преку преведувач, Бусакаир рекол дека добил „негативна одлука“ од социјалните служби и дека чувствувал дека „оваа земја му кажува да си оди“.

Тој тврдел дека е болен, не е при здрав разум и не сакал да ги убие или повреди децата.

На судот му беше кажано и дека Бусакаир имал операција на мозок во 2021 година и дека претрпел дополнителни повреди на главата за време на интервенцијата на граѓаните кои го совладале, поради што останал во болница околу еден месец.

Немирите во Даблин избувнаа на 23 ноември 2023 година, по нападот со нож врз три деца и нивниот наставник пред училиште на плоштадот Парнел, кога групи демонстранти, вклучувајќи екстремно десничарски и антиимиграциски групи, се собраа во текот на попладнето и вечерта откако дознаа дека осомничениот за нападот е од алжирско потекло.

Демонстрациите станаа насилни во текот на вечерта, при што учесниците нападнаа полиција, палеа полициски возила, автобуси и трамваи, кршеа излози и ограбуваа продавници.

Немирите предизвикаа штета од речиси 20 милиони евра, а десетици луѓе беа уапсени.

Ирските власти и полицијата проценија дека насилството е поттикнато од екстремистички поединци и групи кои ја искористија трагедијата за ширење антиимиграциска пропаганда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер