3Мицкоски: Владата не е на комфор, туку на резултати – функцијата е одговорност што секој ден повторно се заслужува
3Лолеска: Едно ваше „да“ пишува нови поглавја во нечиј недовршен живот - може да спаси едно дете, нечија мајка, татко, брат или сестра
МакедонијаМицкоски за изјавите на Филипче: ВМРО-ДПМНЕ е промакедонска партија, тоа што СДСМ го изгуби својот идентитет е нивен проблем!Незнам што да кажам, утре ќе излезе измисли некоја друга придавка, практично човекот секој ден кажува, и раководството на СДСМ генерално секој ден кажува работи што прво се не културни.Незнам што да кажам, утре ќе излезе и ќе измисли некоја друга придавка, практично човекот секој ден кажува, и раководството на СДСМ генерално секој ден кажува работи што прво се некултурни, а второ тоа што го соопштуваат во јавноста во текот на денот неколкукратно го менуваат, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарскко парашање во однос на тоа што претседателот на СДСМ Венко Филипче ВМРО-ДПМНЕ ја нарече бугарофилска партија. – Претпоставувам до вечер ќе имаме некаква друго-филска партија. Да, ние сме промакедонска партија и тоа е она кое што нас не интересира, а тоа што тие целосно како партија го изгубија својот идентитет и начин на делување, тоа е нивен проблем и мислам со тој проблем многу скоро на избори ќе се соочат, рече премиерот Мицкоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Најголема жртва на блокадата на СДС, Левица и ДУИ е македонската дијаспораНајголема штета од блокирањето на Изборниот законик од страна на СДС, Левица и ДУИ нема да претрпи ВМРО-ДПМНЕ, туку македонските граѓани кои живеат надвор од државата.Со месеци се бараше заедничко решение, но наместо процесот да заврши со политички консензус, СДС, Левица и ДУИ избраа да го блокираат законот и да ги стават сопствените партиски интереси пред интересите на десетици илјади македонски иселеници. ВМРО-ДПМНЕ јасно порача дека ќе ги прифати сите барања на опозицијата, иако тие барања не се суштински, само дијаспората да може да гласа по електронски пат или по пошта. Македонската дијаспора заслужува еднакво право на учество во изборните процеси. Затоа ги повикуваме СДС, Левица и ДУИ да престанат со блокадите и да покажат одговорност, за конечно да се донесе Изборниот законик во интерес на сите македонски граѓани, без разлика на тоа каде живеат. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КошаркаАлександар Секулиќ нов тренер на БарселонаСелекторот на Словенија, Александар Секулиќ е назначен за нов тренер на шпанскиот гигант Барселона.Секулиќ дефинитовно одлично го валоризираше и наплати успехот со Дубаи во АБА-лигата . Словенечкиот тренер Александар Секулиќ е новиот тренер на Барселона, пренесува „Еурохупс“. Покрај него, во опција беа и Јанис Сферопулос и Паоло Галбијати, но раководството на каталонскиот гигант се одлучи за тренерот кој му ја донесе титулата во АБА-лигата на Дубаи. Секулиќ го замени Јурица Големац на клупата на Дубаи и успеа да го победи Партизан во финалето на регионалното натпреварување, што предизвика интерес кај неколку евролигашки клубови. За кошаркарските фанови овој ангажман е интересен и поради фактот што Чави Пасквал и Секулиќ ќе си ги замената клупите, бидејќи Чави Пасквал ќе биде претставен како нов тренер на Дубаи. Тој доброволно ја напушти Барселона и, иако се шпекулираше за внатрешни конфликти во клубот, тој го негираше тоа и нагласи дека заминува од други причини. Во текот на својата кариера, Секулиќ инаку, ги предводел екипите на Геоплин Слован, Триглав Крањ, Крка, Приморска, Нимбурк, Локомотива Кубањ, Зенит и Дубаи. Од 2020 година, тој е и селектор на словенечката репрезентација.Тагови: Евролигата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:5516-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Бистрица на Шар Планина11:10
Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29
По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:55
МакедонијаСДСМ: Непотизам-братот на Трајко Славески од чувар до функционер, М-НАВ е како комитет на ВМРОНаместо сервис за граѓаните ВМРО и Мицкоски институциите ги претворија во приватна партиска фирма за вдомување на роднини, блиски и партиски кадри.Скандалот со унапредувањето на братот на Трајко Славески, од чувар во член на Управен одбор на Акционерското друштво за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација – М-НАВ, е шокантен пример за тоа. Уште поскандалозно е што ова унапредување се случило уште во март 2025 година, а јавноста за него дозна дури пред неколку дена, кога членовите на Управниот одбор кои го спровеле незаконското унапредување добија кривична пријава. Управниот одбор на М-НАВ незаконски го унапредил Сашо Славески од работно место обезбедувач на имот на позицијата „помошник за обука и координација во Одделение за воздухопловни информации – AIS во Сектор за воздухопловна навигација“. Со тоа платата двојно му се зголемила, од 50.000 на околу 100.000 денари. Значи, за само 14 месеци незаконски му биле исплатени повеќе од 7.000 евра на штета на М-НАВ. Само во ВМРО човек кој работел како чувар во М-НАВ станува член на Управниот одбор на институција задолжена за безбедноста на македонското небо. Нема ситем, нема критериуми е избран, квалификации, искуство. Ништо. Единствениот критериум е тоа што е брат на Трајко Славевски и близок до ВМРО. Така М-НАВ наместо за безбедност на македонското небо е претворено во партиски комитет на ВМРО. Криминалната организација ВМРО е симбол на непотизам, партизирани вработувања и злоупотреби на институциите. Видовме бројни примери изминативе години на домување на браќа, сестри, роднини, партиски активисти. Затоа младите се иселуваат од државата затоа што гледаат дека тука знаењето не се цени, системот функционира само за партиски подобните. Затоа ВМРО не сака во Европската Унија - затоа што тоа значи владеење на правото, професионални институции и мерит-систем. Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска - портпаролка и членка на ИО на СДСМ СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:5516-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09Успешно евакуирани три лица од непристапен терен на Бистрица на Шар Планина11:10
Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29
По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:55