Унапредувањето на квалитетот на здравствената заштита во фокусот на приоритетите на Министерството за здравство, со поддршка на СЗО
2Унапредувањето на квалитетот на здравствената заштита во фокусот на приоритетите на Министерството за здравство, со поддршка на СЗО
3МФ:ММФ ја потврди стабилноста и отпорноста на македонската економија - извештајот со позитивни оценки за економскиот раст и фискалните политики
МакедонијаМицкоски за изјавите дека УЧК имала праведна борба- Не може убиства од заседа да се праведна борба-Не може убиства од заседа да се праведна борба, нека не се игра на картите на ДУИ за поделби.Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во текот на денешната посета на општина Петровец, на новинарско прашање беше запрашан за коментар на изјавата на вицепремиерот Изет Меџити за оправданата и разумна борба на ОНА во Македонија во текот на конфликтот во 2001 година. „Ја слушнав таа изјава и тука апсолутно имаме различни гледишта на работите. Не може да биде апсолутно разумна и праведна, а од заседа да се убиваат припадници на министерството за внатрешни работи и министерството за одбрана. Но повторно ќе кажам, тоа се теми кои се дел од минатото, затворени со Рамковниот договор, а со последните законски измени, конкретно законот за правична застапеност, којшто е во Венецијанската Комисија, тој е затворен. Нашиот фокус како Влада е иднината. Тоа е она што ние сакаме да го видиме. Ова се теми кои се затворени и јас апелирам до сите разумни политичари да не играат на картата на ДУИ и на оние кои сакаат да не вратат 25 години назад.“, одговори Мицкоски. Премиерот посочи дека суштината е да се работи на полето на носење на инвестиции со цел државата да се направи подобро место за живеење на сите граѓани. „Ова е оската околу која треба да се обединиме. Ќе повторам, да ги оставиме политичарите коишто делеа во минатото. Тие немаат тема на иднината. Тие не знаат што е иднина. Тие се заглавени во сопствената матрица на минатото. Погледнете, 14-15 месеци опозиција, единствената порака која доаѓа од ДУИ, заедно со коалиционите партнери СДСМ и Левица, е токму тоа, поделба. Затоа апелирам до сите да се воздржиме од било какви теми коишто не враќаат назад во минатото, да гледаме кон теми во иднината. Инаку апсолутно тука различно ги гледаме работите, не може некој којшто од заседа кукавички одземал животи, да биде праведна и чесна војна, барем во Македонија, не коментирам за соседството.“, заклучи премиерот,Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Нови луѓе на чело на општинските во Струмица, Шуто Оризари и ПробиштипСо новата платформа „Твоја држава, твоја шанса“, лансирањето на „Скопската иницијатива“, обединувањето околу Фронтот за вистина и правда и усвојувањето на новата програмска рамка, СДСМ отвори нова етапа на политичко дејствување.Но, промените не се случуваат само на програмски и политички план. СДСМ паралелно се зајакнува кадровски и организациски, отворајќи простор за нова енергија, нови идеи и нови луѓе. Во оваа насока, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, донесе одлука за именување нови претседатели на општинските организации во Шуто Оризари, Струмица и Пробиштип. -За претседател на општинската организација во Струмица е назначен д-р Лазо Манев, специјалист по радиологија, докажан во својата работа и современите дијагностички пристапи за рана детекција на различни заболувања, но и во своите менаџерски способности. -За претседателка на општинската организација Шуто Оризари е назначена Салија Љатив Петрушевска, докторка, стоматолог, долгогодишна активистика, поранешна директорка на Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 ноември“ - Скопје. -За претседателката на општинската организација Пробиштип е назначена Весна Ристовска, советничка во Советот на општината, која целото свое работно искуство го поминува во приватниот сектор, долгогодишна активистика и поранешна претседателка на Форумот на жени во Пробиштип. Станува збор за дел од процесот на кадровско освежување и организациско јакнење на партијата, за уште посилна и поефикасна работа на терен, поблиска комуникација со граѓаните и членовите. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМаленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
МакедонијаУнапредувањето на квалитетот на здравствената заштита во фокусот на приоритетите на Министерството за здравство, со поддршка на СЗОМинистерството за здравство започна значајна национална иницијатива за зајакнување на квалитетот на здравствената заштита и безбедноста на пациентите во земјата.Министерството за здравство, со поддршка од Светската здравствена организација, Канцеларијата на СЗО во Македонија и Канцеларијата на СЗО за квалитет на здравствена заштита и безбедност на пациентите во Атина, започна значајна национална иницијатива за зајакнување на квалитетот на здравствената заштита и безбедноста на пациентите во земјата. Иницијативата ја одразува заложбата на Владата за подобрување на здравствените услуги и постигнување подобри здравствени исходи за граѓаните, во согласност со приоритетите утврдени во Програмата на Владата во делот на здравството. Со поставување на квалитетот на здравствената заштита и безбедноста на пациентите во центарот на здравствените реформи, државава прави важен чекор кон градење посилен, поотпорен и човек-ориентиран здравствен систем. Иницијативата беше официјално започната на национална работилница во Скопје, на која присуствуваа министерот за здравство, Азир Алиу, претставникот на СЗО во Македонија, д-р Аким Али, и д-р Жоао Бреда, раководител на Канцеларијата на СЗО за квалитет на здравствена заштита и безбедност на пациентите во Атина. На настанот учествуваа и високи претставници на клучните национални здравствени институции, вклучително и директорите на Агенцијата за акредитација и квалитет на здравствената заштита, Фондот за здравствено осигурување и Институтот за јавно здравје, како и претставници на здравствени установи, академската заедница, професионални здруженија и пациентски организации. Во основата на иницијативата е првата сеопфатна проценка на националната рамка за квалитет на здравствената заштита во државава. Проценката, која ќе се спроведува во периодот мај–август 2026 година, ќе обезбеди јасна слика за постојната состојба и ќе помогне во идентификување на приоритетите за идни реформи, политики и инвестиции. Отворајќи ја работилницата, министерот за здравство Азир Алиу ја истакна заложбата на Владата за унапредување на квалитетот на здравствената заштита и безбедноста на пациентите како клучни приоритети на националната реформска агенда во здравството. „Унапредувањето на квалитетот и безбедноста на здравствените услуги е клучна заложба на оваа Влада и важен дел од нашата Програма за здравство. Нашата цел не е само да обезбедиме повеќе здравствени услуги, туку услуги кои се побезбедни, поквалитетни и поориентирани кон пациентот; услуги кои носат подобри резултати, поголема доверба и сигурност за граѓаните. Квалитетот и безбедноста на пациентите не се дополнителен елемент на реформата — тие се нејзината суштина,“ изјави министерот Алиу. Процесот на проценка ќе вклучи консултации со здравствени институции, професионални здруженија, академската заедница, пациентски организации и други релевантни чинители, како и теренски посети, технички состаноци, интервјуа и преглед на релевантните политики и практики. Наодите ќе обезбедат основа за зајакнување на управувањето со квалитетот, отчетноста и континуираното подобрување на здравствените услуги. „СЗО ја поздравува силната заложба на Министерството за здравство и националните партнери да ги постават квалитетот на здравствената заштита и безбедноста на пациентите во центарот на здравствените реформи. Квалитетот е од суштинско значење за постигнување подобри здравствени исходи, зајакнување на довербата на јавноста и обезбедување инвестициите во здравството да донесат конкретни придобивки за луѓето. СЗО останува посветена да ја поддржи Северна Македонија во преточување на наодите од оваа проценка во практични активности кои ќе го зајакнат здравствениот систем и ќе го подобрат искуството на пациентите,“ изјави д-р Аким Али, претставник на СЗО во државава. За време на посетата на Македонија, д-р Жоао Бреда сподели меѓународни искуства и примери од земји од Европскиот регион на СЗО кои успешно спровеле национални политики за квалитет и програми за подобрување на квалитетот. „Квалитетот на здравствената заштита е еден од најсилните двигатели на подобри здравствени исходи и посилни здравствени системи. Со спроведувањето на оваа сеопфатна проценка, Македонија покажува лидерство и јасна посветеност кон континуирано подобрување. Овој процес не е само проценка на моменталната состојба, туку и можност да се идентификуваат конкретни области за дејствување. СЗО е горда што ја поддржува земјата во развојот на посилна национална рамка за квалитет, унапредување на безбедноста на пациентите и вклучување на луѓето, како и во градењето култура на учење во здравствениот систем,“ изјави д-р Жоао Бреда. Овие заеднички напори ќе помогнат во поставување посилна рамка за квалитет на здравствената заштита и безбедност на пациентите, ќе ги поддржат идните политики и реформи и ќе го забрзаат напредокот кон поефективен, поотчетен и здравствен систем ориентиран кон потребите на пациентите. Министерството за здравство, Канцеларијата на СЗО во Македонија и Канцеларијата на СЗО за квалитет на здравствена заштита и безбедност на пациентите во Атина ја потврдуваат својата заедничка посветеност квалитетот и безбедноста на пациентите да станат препознатливи карактеристики на здравствената заштита во државата, со цел секој човек да ја добие безбедната, ефективна и висококвалитетна грижа што ја заслужува.Тагови: МЗ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМФ:ММФ ја потврди стабилноста и отпорноста на македонската економија - извештајот со позитивни оценки за економскиот раст и фискалните политикиММФ во рамки на редовната консултација по член IV за 2026 година оцени дека економијата на земјата покажува отпорност и стабилност и покрај предизвиците од глобалното економско окружување. Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во рамки на редовната консултација по член IV за 2026 година оцени дека економијата на земјата покажува отпорност и стабилност и покрај предизвиците од глобалното економско окружување, при што економскиот раст е забрзан, јавниот долг е стабилизиран, а финансискиот сектор останува силен и ликвиден, Во Извештајот на ММФ, објавен денеска се наведува дека економскиот раст во 2025 година достигна 3,5%, поттикнат од силната инвестициска активност и растот на приватната потрошувачка. Воедно, се констатира дека и покрај предизвиците на приходната страна, фискалните цели за 2025 година биле исполнети, а јавниот долг бележи благо намалување како резултат на силниот номинален раст на економијата. Извршниот одбор на ММФ во извештајот на поздравува определбата на Владата и Министерството за финансии за фискална консолидација и зачувување на одржливоста на јавните финансии. Во извештајот се нагласува дека континуираните напори за намалување на буџетскиот дефицит, подобрување на наплатата на приходите, зголемување на ефикасноста на јавните расходи и одговорното управување со јавниот долг се важни за дополнително зајакнување на отпорноста на економијата. Истовремено, Фондот укажува на потребата од внимателно следење на надворешните ризици, особено во услови на зголемена неизвесност на меѓународните пазари и новите притисоци од растот на цените на енергијата. Во извештајот позитивно е оценет и напредокот на државата во рамки на Планот за раст на Европската Унија, при што се потенцира важноста од продолжување на реформите насочени кон подобрување на продуктивноста, деловното окружување, владеењето на правото и борбата против корупцијата. Во Извештајот се наведува дека во наредниот период е важно да продолжат активностите насочени кон фискална консолидација, јакнење на даночната администрација и подобрување на ефикасноста на јавната потрошувачка и јавните инвестиции. ММФ укажува и на потребата од понатамошно спроведување на структурните реформи за зголемување на продуктивноста, подобрување на деловната клима, унапредување на управувањето со јавните претпријатија и зајакнување на институционалните капацитети. Воедно, се потенцира значењето на реформите во енергетскиот сектор, пазарот на труд и мерките кои ќе придонесат за одржлив и инклузивен економски раст и побрзо приближување кон економските стандарди на Европската Унија. Мисијата на ММФ беше спроведена во периодот од 18 до 31 март 2026 година, а извештајот е подготвен врз основа на прелиминарните наоди објавени по нејзиното завршување. Консултациите по членот 4 се редовни и се спроведуваат еднаш годишно.Тагови: ММФ МФ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook