Мицкоски: За дел од трговците има постапки пред институциите, девијантното однесување ќе се сведе на минимум - Канал 5

Мицкоски: За дел од трговците има постапки пред институциите, девијантното однесување ќе се сведе на минимум

Премиерот Христија Мицкоски соопшти дека веќе има постапки за дел од трговците поради состојбата со цените на храната и оти е убеден дека, како што изјави денеска,  девијантното однесување кај ланците маркети ќе се сведе на минимум.

Мицкоски: За дел од трговците има постапки пред институциите, девијантното однесување ќе се сведе на минимум

На новинарско прашање за индексите на цените во земјоделството во август годинава Мицкоски наведе дека трошоците за импут во создавањето на земјоделскиот производ се зголемени за над два проценти, а за аутпутот, цената со која го продаваат земјоделците производот, за над 12-13 проценти.

- Тој производ тие го продаваат или на маркетите или директно на трговците. Порано состојбата во делот на аутпутот била негативна затоа што одредени политички елити во соработка со одредени трговци свесно ја држеле ниска цената при аутпутот односно онаа цена по која земјоделците ги продаваат своите производи и честопати работеле по принципот пола со пола. Ова не е нешто ново, тоа го кажуваат дел од самите трговци кои соработувале со такви луѓе кои во тоа време биле на водечки позиции во државата и во Министерството за земјоделство. Прашувате дали тие производите кога ќе дојдат на полиците во маркетите ќе имаат повисока цена. Да, претпоставувам дека тоа ќе биде така, но она што не охрабрува е што на месечна основа, во август споредено со јули, имаме конечно намалување, односно после неколку години храната е во минус, за 0,7 проценти, рече Мицкоски при денешната посета на Куманово.

Очекувам, дополни, тој тренд да продолжи во периодот што следи.

- Преку Државниот пазарен инспекторат и Комисијата за заштита на конкуренцијата секојдневно вршиме инспекциски надзор, ги следиме движењата и убеден сум дека таков тип на девијатно однесување кај ланците маркети во периодот што следи ќе биде сведено на минимум, посочи Мицкоски.

Коментирајќи ги укажувањата на земјоделците дека прекупците и трговците имаат голема заработка и оти крајната цена за граѓаните е многу висока, Мицкоски рече дека цените со кои земјоделците ги продаваат своите производи се историски највисоки, но оти трговците ставаат нелогична маржа.

- Не малку, малку повеќе дел од трговците ставаат маржа која е нелогична. Цените со кои земјоделците ги продаваат своите производи се историски највисоки. Сега е пиперката ајварка, но исто така ако се вратиме наназад и доматите, краставицата, зелката, кромидот, тукунот и сите останати производи, сега грозјето, ќе видите дека цените се сега историски највискоки, а тоа го говори и речиси удвоениот извоз на храна споредено со минатата година, посебно на земјоделските производи. Го следиме однесувањето на трговците и веќе колку што сум информиран за дел од нив има одредени постапки и процедури пред институциите. Веќе се процесуирани, само треба да влезат во финална завршница, изјави Мицкоски.

Тој ги коментираше и последните податоците за состојбата во индустријата, истакнувајќи дека трговијата во индустријата во делот на размена со странство е дури повеќе зголемена отколку трговијата во индустријата дома.

- ДЗС објави вчера дека тргиовијата во индустријата е зголемена за 13-14 проценти во јули споредено со истиот месец лани и тоа е тренд којшто не следи цела година, но, она што за мене е забележливо е што цела година таа трговија во индустријата во делот на размена со странство е дури и повеќе зголемена отколку трговијата во индустријата дома. Зборувам за повеќе од 15 проценти и тоа е единствен резултат во Европа каде што имаме толку силна зголемена трговија во индустријата, рече Мицкоски.

Тоа, дополни, е добар показател бидејќи јули е првиот месец од третиот квартал. Во првиот квартал имавме 3,2 проценти раст на БДП, во вториот квартал 3,4 процернти, иако номиналниот е 7,8 проценти. Очекувам во третиот и четвртиот квартал тој раст да продолжи до крајот на годината. Ова се индикатори што ние со години наназад не сме биле ни блиску да ги постигнеме, а камоли да ги коментираме, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По верижниот судар на автопатот Тракија ќе се проверува асфалтот

По тешките верижни судири на автопатот „Тракија„ во Бугарија, во кои загинаа 11 лица а над 50 беа повредени  - се проверува состојбата на асфалтот.

По верижниот судар на автопатот Тракија ќе се проверува асфалтот

Освен примероци од прилепливоста на асфалтот, Обвинителството побарало документи од агенцијата за патна инфраструктура, за пуштањето во употреба и поправките на делницата каде што се случија несреќите, по што ќе биде изготвено и техничко-градежно вештачење.

Врз основа и на сеопфатното вештачење кое ќе ја опфати и судско-медицинската анализа, Обвинителството ќе одлучи дали постојат основи за покренување обвиненија против одредени поединци.

Во меѓувреме обвинителството нема да поднесе обвиненија против романскиот возач кој беше задржан по карамболот, а кој учествувал во почетокот на првиот верижен судар.

Лекарите од болниците во Сливен, Јамбол и Бургас продолжуваат да се борат за животите на четворица најтешко повредени во несреќата на автопатот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Виткоф и Кушнер на средба со Путин во Москва

Претставниците на американската делегација која посредува во преговорите меѓу Русија и Украина – Стив Виткоф и Џеред Кушнер, утрово пристигнаа во Москва на средба со претседателот Владимир Путин.

Виткоф и Кушнер на средба со Путин во Москва

Врз основа на тоа што Путин ќе слушне од нив, ќе се определи идниот план на дејствија на Москва, изјави шефот на руската дипломатија – Сергеј Лавров.

Како што вчера изјави Кушнер, кој е зет на американскиот претседател Доналд Трамп, тие доаѓаат и по „благослов„ од Путин, во преговорите да се вклучат и европски претставници.

Кушнер ги искритикува Европејците дека тие сакаат да бидат присутни на преговарачката маса, а не можат да се договорат кој ќе зборува во име на Европа. Од украинската страна пак изразија надеж дека може да биде постигнат договор до нова година, доколку Европејците се вклучат во преговорите. Деталите од вчерашните преговори не се откриваат освен дека е договорена размена од големи размери на заробени војници од двете страни. Сепак, познато е дека територијалните барања и безбедносните гаранции остануваат главни спорни прашања меѓу Москва и Киев.

По посетата на Москва, Виткоф и Кушнер треба да отпатуваат во Даблин, каде веќе пристигна украинскиот претседател Володимир Зеленски за понатамошен дијалог околу можностите за завршување на војната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител

Денеска пред  Советот на јавните обвинители на Македонија, Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција -Скопје.

Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител

Хаџи Василева беше избрана на непосредните избори со тајно гласање на јавните обвинители од целата држава, кои беа одржани во октомври годинава, и победи со најмногу гласови во конкуренција на петмина кандидати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер