Меѓу другото, тој нагласи дека во завршна фаза е набавката на 120 електрични автобуси.. но за драстична промена во квалитетот на воздухот рече дека е потребно да се изградат таканаречени когенеративни гасни централи кои што можат да служат и за производство на електрична енергија и за производство на топлина. Мицкоски на одговор за финансискиот плат за чист воздух, посочи дека се обезбедени финансии за проектите на владата, дел како заеми, дел приватни инвестиции и тоа како што нагласи, чисто пазарно ориентирани инвестирања. Притоа тој се осврна на стратешкиот проект изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште, наведувајќи три главни аспекти за потребата од нив во иднина.
„Единствено за кое преговараме од стратешки аспект се изградбата на хидроелектраните Чебрен и Галиште, планираме да го работиме со парите од британскиот заем. Инвестицијата е 1,2-1,3 милијарди евра. Силно сум убеден дека не само од аспект на производство на електрична енергија ни се потребни овие две хидроцентрали.“
Мицкоски уверува и дека во случај на нови шумски пожари, оваа година владата е подготвена брзо да реагира, а најавува и ограничување на движењето во шумите. Покрај тоа, за побрз одговор при настанување на пожар, двете институции Центар за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, ќе се спојат во една.
„Минатата година трите воздухоплови кои ги имаме на располагање за гаснење на пожари беа приземјени, не беа сервисирани, немаа употребна дозвола за да може да бидат управувани. на повеќе нивоа има неусогласеност на командната политика за справување со пожарите, односно имаме Дирекција за заштита и спасување и Центар за управување со кризи и тоа се менува. Подготвени сме оваа година да интервенираме поорганизирано. Имаме план, точно ќе знаеме и кој е во шумите, ценам дека оваа година не би сакал да има пожари, но сме многу поподготвени.
Мицкоски посочи и дека како Влада се преземаат драстични мерки за почиста животна средина, како организирани системи за одлагање на смет, а во насока на обезбедување почист воздух, во владина процедура е усогласување на царинските тарифи со ЕУ во делот на увоз на автомобили и автобуси.