Мицкоски за „Безбеден град“: Поддржувам да се прошири низ целата држава, ќе трпиме критики, само да спасуваме човечки животи - Канал 5

Мицкоски за „Безбеден град“: Поддржувам да се прошири низ целата држава, ќе трпиме критики, само да спасуваме човечки животи

 Некои велат тоа ќе донесе критика за Владата, тоа ќе донесе силен политички удар, јас велам подготвени сме тој политички удар да го издржиме, само да спасиме некој човечки живот.

Мицкоски за „Безбеден град“: Поддржувам да се прошири низ целата држава, ќе трпиме критики, само да спасуваме човечки животи

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека апсолутно ја поддржува применета на „Безбеден град“ проектот, како и негово проширување на целата територија на земјата и оти е подготвен да издржи какви било критики и политички удари доколку тој систем спаси макар и еден живот.

- Некои велат тоа ќе донесе критика за Владата, тоа ќе донесе силен политички удар, јас велам подготвени сме тој политички удар да го издржиме, само да спасиме некој човечки живот. Затоа што само изминативе недела, две, во строгиот центар на главниот град имавме три жртви, повредени, луѓе коишто го изгубиле животот поради неприлагодена брзина или непочитување на сообраќајните правила, изјави Мицкоски во одговор на новинарско прашање во однос на очекувањата од „Безбеден град“, по поставувањето камен темелник на детска градинка во Ѓорче Петров.

Тој во разговори што ги имал со министерот за внатрешни работи рекол дека како Влада се подготвени да ги трпат сите критики.

- Слушам некои од поранешни пратеници на поранешното владејачко мнозинство на СДСМ и ДУИ го критикуваат ова, возеле 52, 53, 55, па како добивале опомени. И со 50,5 ќе добијат опомени, бидејќи си има правила што значи прилагодена и неприлагодена брзина. И ако еден човечки живот успееме да спасиме, еве јас сум подготвен целиот товар да го прифатам на себе и да ја прифатам целокупната политичка одговорност. Дел од тие човечки животи се губат поради непочитување на сообраќајните правила, а најчесто тоа се случува со неприлагодена брзина, рече премиерот.

Тој истакна оти вчерашниот ден, кога почна пробниот период на „Безбеден град“, покажал колку многу сообраќајни прекршоци се направени само во еден ден.

- Голем дел од нив се затоа што несовесни возачи управуваат патнички возила коишто не се регистрирани. Дел од прекршоците, неколку илјади, беа вчера поради тоа што поминале на црвено светло. Еве само вратете се назад и ќе видите колку луѓе го изгубија својот живот затоа што некој управувал патничко возило, не ја прилагодил својата брзина и поминал на црвено светло. Ќе повторам, ако треба за тоа да го издржиме политичкиот притисок и удар, сето сум подготвен да го прифатам, само да спасиме човечки живот, рече Мицкоски.

Вчера од МВР соопштија дека само во првите 12 часа од стартот на „Безбеден град“ биле регистрирани 65.000 прекршоци од кои за поминување на црвено светло 2.800 и за нерегистриран автомобил 1.000.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и релативно топло

Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. 

Утре сончево и релативно топло

Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и утринските температури ќе бидат во пораст. Услови за локален дожд ќе има во петок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивна активност на СВР Куманово за зголемување на свеста кај возачите да не управуваат возило под дејство на алкохол

Во рамки на активноста беа користени специјални наочари, кои им овозможуваат на граѓаните да ја увидат намалената способност за управување возило доколку се под дејство на алкохол.

Превентивна активност на СВР Куманово за зголемување на свеста кај возачите да не управуваат возило под дејство на алкохол

Вчера (03.10.2026), полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово и Општинскиот совет за превенција во Куманово реализираа сообраќајна превентивна активност за подигање на свеста на граѓаните и степенот на сообраќајна култура, а посебен акцент беше ставен на свесноста кај возачите да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Во рамки на активноста беа користени специјални наочари, кои им овозможуваат на граѓаните да ја увидат намалената способност за управување возило доколку се под дејство на алкохол.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кучето кое влета на стадионот стана „славно“ (ФОТО)

Во дуелот со Шкотска кој донесе разочарување за македонските навивачи, куче кое влета на теренот и заради кое имаше прекин во првото полувреме, се чини стана голем хит.

Кучето кое влета на стадионот стана „славно“ (ФОТО)

Моментот кога овој натрапник влета на теренот беше реристриран на видео снимките а дел од светските спортски портали и списанија буквално го врамија на насловните страници. Кучето кратко беше на теренот по што го напушти стадионот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер