3Вакцините против сезонски грип до крајот на месецов - доцнат поради глобален проблем во производството
МакедонијаМицкоски: Време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца, младите ќе стапуваат во брак Време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца, младите ќе стапуваат во брак, а оние кои што се отселени да се вратат.Почитувани претставници на институциите, експерти, пријатели, соработници, Во политиката многу често зборуваме за кризите што ги гледаме. За оние што доаѓаат со драматични вести, со протести, со економски потреси. Но денес ќе зборуваме за една поинаква криза. За една тивка, долготрајна, системска и глобална криза, a тоа е демографската рецесија. Ова не е проблем само на Македонија. Ова е предизвик на целата Европа, па и пошироко би рекол. Германија, Италија, Бугарија, Јапонија, Јужна Кореја- сите тие држави веќе одамна се соочуваат со истото: Се раѓаат се помалку деца, населението старее, а младите се сè почесто во потрага по подобар живот надвор од границите. И ние не сме исклучок. Но, нашата состојба е посебна. Затоа што додека некои држави ја забележуваат оваа појава како тренд, кај нас таа е аларм. Овој проблем од претходните влади се ставаше под тепих и не се гледаше на него како на сериозна закана. Фактите се јасни: -Во 2024 година, се родија 16.061 дете, а починаа 20.201 лице. Тоа е природен пад од 4.140 луѓе за само една година; -Во последните 4 години, изгубивме повеќе од 33.000 жители- како да исчезна еден град од големина на Кавадарци или Кичево; -Стапката на наталитет падна од 12,5‰ во 2010 година на само 8,8‰ во 2024; -Во многу општини и села веќе нема ниту прво одделение; -Сè повеќе луѓе живеат сами. Сè помалку се женат, сè помалку деца се раѓаат. Ова не се само бројки. Ова е тишина што се шири. А кога велиме дека „ги рушеа темелите“, не мислевме само на корупцијата, на стопираните проекти, на нефункционалните институции од минатата влада. Мислевме и на ова. На рушење на семејството. На губењето на иднината. На иселувањето како единствена опција. Затоа денес кажуваме гласно: Оваа Влада не го премолчува проблемот. Го именува. Го признава. И се бори со него. Но, што значи таа борба? Тоа не е борба со едно министерство. Тоа е борба на сите нас. Борба што се води во градинките, во училиштата, во родилиштата, во домовите, во иселеничките клубови, на граничните премини каде се простуваат мајки и синови. Затоа, нашата борба е: -Да го направиме животот овде вреден; -Да го направиме мајчинството благослов, а не товар; -Да им дадеме на младите причина да останат; -Да изградиме институции што не ја трошат туѓата младост, туку ја негуваат; -Да изградиме држава во која надежта е поважна од пасошот. Знаеме дека нема магично решение. Но има намерна, постојана, државничка борба. И ние ја почнавме. Секоја мерка, секоја инвестиција, секоја политика што ја носиме- е со цел да ја вратиме вербата. И тука сериозно размислуваме за дополнителни даноци за немажени и неженети. Почитувани, Нема ништо посвето од животот. И нема ништо потажно од тоа што денес нашата држава тивко се празни. Но исто така- нема ништо похрабро од народ што се буди. Затоа велиме: Време е. Време е за иднина. Време е за држава-каде што ќе се раѓаат повеќе деца, тоа ни е главниот императив, повеќе млади да стапуваат во брак и да се раѓаат повеќе деца, а оние кои што се отселени да се вратат. Затоа што само така ќе се живее со повеќе срце. Едгар Морен, рекол: „Демографијата не е судбина- туку огледало. Прашањето е: што ќе видиме во него и дали ќе имаме храброст да дејствуваме.“ Ние веќе гледаме. И веќе дејствуваме. Ги градиме темелите на промените- затоа што доаѓа времето на народот и граѓаните. И тоа нема да биде време на заминување, туку на враќање. Не на тишина- туку на нови гласови. Не на исчезнување- туку на раѓање. Ви Благодарам.“,истакна премиерот Мицкоски.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластериПостепено членство со пристап до единствениот европски пазар, но и со строг 15-годишен мониторинг, ќе се соочат новите земји членки на Европската Унија.. Наместо со едногласност, земјите членки на ЕУ да гласаат со квалификувано мнозинство и за време на отворањето и затворање на преговарачките поглавја за земјите кандидатки е првата клучна точка од новата претпристапна политика на ЕУ која денеска ја презентираше еврокомесарката за проширување - Марта Кос. Втората точка се однесува на постепена интеграција на земјите кандидатки во одредени стратешки области на Унијата како енергетика, транспорт и одбрана, но која сепак може да биде повлечена доколку земјата покажува уназадување, соопшти Кос. „Можно е да се намали бројот на области каде што една земја сама може да стави вето на одлуки што сите други ги поддржуваат, на пример, за санкции или борба против даночни измами или во процесот на пристапување каде што средните чекори помеѓу отворањето и затворањето на преговорите. // Постепената интеграција ќе бара две клучни состојки - напредок во реформите, за земјите-кандидатки и стратешко усогласување. // Учеството во политиките на ЕУ треба да биде реверзибилно, условено од реформи и отворено само за оние кандидати кои ги делат вредностите на нашата унија и нашите стратешки интереси.“ Во претпристапната политика се воведуваат и заштитни мерки од новите земји членки кои нема да можат да се спротистават на влезот на следните земји кандидатки поради билатерални прашања, посочи Кос. Иако новите земји членки ќе ги имаат истите права како и постарите, сепак доколку се докажат сериозни прекршоци во правосудството, демократијата и европските вредности, ќе може да им се рестриктра финансиската поддршка но и правото на глас, соопшти Кос. Иако директно не посочи временски рок, според неколку угледни европски медиуми, се работи за 15 годишен мониторинг период за новите членки. „Сите нови земји-членки, и ова многу го нагласувам, ќе уживаат еднакви права, исто така и новодојденците, не сакаме двостепено членство. // Предлагаме посилни заштитни мерки за секоја нова земја-членка од сериозно отстапување од обврските. // Тие заштитни мерки ќе бидат во сила само ако има прекршувања.“ Наместо да ги обесхрабрува, патоказите за четирите фаворитки – Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија дополнително ќе ги мотивира останатите земји кандидатки кои не се најдоа во оваа група, оценува Кос. Понудата за асоцијативно членство на Канада не може да се понуди на Македонија и Косово, а важно е сите земји од поранешна Југославија да станат дел од ЕУ, изјави Кос.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаГолем хакерски напад: Украдени податоци на речиси девет милиони луѓеДанска претрпе масовен хакерски напад, еве кој е погоден.Хакиран е централниот регистар што ја содржи листата на поединци и нивните адреси во Данска, со што е овозможен пристап до податоците на 8,8 милиони луѓе, соопшти данското Министерство за дигитализација. „Националната агенција за регистрација (CPR) утврди дека неовластени лица стекнале нелегален пристап до имињата, адресите и CPR-броевите (еквивалент на број за социјално осигурување) на приближно 8,8 милиони регистрирани поединци (живи, починати, оние што емигрирале итн.)“, се наведува во соопштението. Аномалии во септември Во тек е истрага, но сторителите сè уште не се идентификувани во оваа фаза, наведе истиот извор. Пристапот до податоците бил остварен преку легитимен канал за пристап на една данска компанија. Овој пристап оттогаш е укинат. Агенцијата во петокот била известена за „аномалија“ во CPR-системот што се случила „во текот на септември“. „Ова е исклучително сериозен инцидент“, изјави министерката Кристина Егелунд, според соопштението за јавноста. „Заедно со сите релевантни тела, во процес сме на утврдување на целосниот обем на инцидентот“, додаде таа. По пробивот на податоците, агенцијата соопшти дека презела мерки за спречување слични инциденти. Националниот регистар содржи податоци за 11 милиони луѓе. Покрај поединците што моментално живеат и престојуваат во Данска, тој содржи информации за починати лица и за лица што ја напуштиле земјата. Поединците со заштитени адреси и имиња не се погодени од протекувањето на податоците, се додава во соопштението. Извор: Б92Тагови: хакерски напад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОбвинителството побара доживот затвор за Бојковски, пресудата во петокВо Основниот суд во Куманово попладнево се одржаа завршни зборови во судскиот процес против Трајко Бојковски од Старо Нагоричане, кој е обвинет за четири убиства и два обиди за убиство.. Обвинителството побара доживотен затвор за обвинетиот серискиот убиец Трајко Бојковски од кумановско Старо Нагоричане, на денешното судско рочиште на завршните зборови. Судската пресуда се очекува во петок. Јавниот обвинител Љубомир Лапе побара во завршните зборови, обвинетиот жртвите ги бирал по пол, се прикрадувал и напаѓал со цел задоволување на некрофилски страсти. На товар му се ставаат убиствата на Станче Каровска, Јанка Антевска, Марија Маринковска и Мира Станковска. Тој се осврна на негирањето на Бојковски дека го извршил убиството на сега покојната Станче Каревска од село Клечовце. Одбраната на Бојковски побара судот при изрекување на кривичната санкција да ги има предвид олеснителните околности, како и ветувањето дека во иднина нема да направи ново кривично дело, како и дека се работи за млада личност. Трајко Бојковски е обвинет за четири убиства и два обиди за убиство. Тој со веќе убиените жени ги задоволувал своите сексуални страсти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook