Мицкоски: Вратено задолжување 500 милиони евра еврообврзница од претходната влада - Канал 5

Мицкоски: Вратено задолжување 500 милиони евра еврообврзница од претходната влада

Вратено задолжување 500 милиони евра еврообврзница од претходната влада и по седум години намален јавниот долг, напиша на својот профил на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски: Вратено задолжување 500 милиони евра еврообврзница од претходната влада

-Доаѓа Времето на Македонија!

Ги градиме темелите на промените!, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВЛЕН: Официјализирањето на српскиот јазик во Куманово го носи печатот на ДУИ

Интегрален текст од прес конференцијата одржана од Гранит Османи

ВЛЕН: Официјализирањето на српскиот јазик во Куманово го носи печатот на ДУИ

„Почитувани медиуми,

почитувани граѓани,

Лицемерието во оваа држава има име и презиме. Тоа се вика ДУИ.

Оние што најгласно зборуваат за албанството се токму тие што, кога ја имаа целата власт во свои раце, ги оставија Албанците во најлоша состојба, додека себеси се вдомија со функции, тендери и полни џебови.

Затоа, пред повторно да ни продаваат лажен патриотизам, добро е да го отвориме нивниот архив.

А кога ќе се отвори нивниот архив, излегуваат работи што јавноста треба да ги знае.

Токму оваа партија, која денес од опозиција зборува за албанските права, на врвот на својата власт, на 4 мај 2010 година, овозможила српскиот јазик да влезе во службена употреба во Општина Куманово, иако Србите сочинуваат околу 6,5 проценти од населението.

Еве го документот.

Црно на бело. Ова е вистинското лице на ДУИ.

Значи, кога требало да се официјализира српскиот јазик во Куманово, имале желба, гласови и волја. Но кога требало да се решаваат проблемите на Албанците, секогаш имало одложувања и опструкции.

По овој документ, природно се поставуваат неколку прашања.

Зошто толкава грижа за српскиот јазик во Куманово, а за проблемите на Албанците секогаш имаше пречки и доцнења?

Зошто немаа истата волја за правосудниот испит на албански јазик и за правичната и соодветна застапеност?

Повеќе од 20 години по ред, многу прашања на Албанците ги оставаа недовршени, со логиката „помини и продолжи“.

ВЛЕН не е против официјализирање на кој било јазик, но е против политичкото лицемерие.

ДУИ зборува за Албанците кога е во опозиција. ВЛЕН работи за Албанците кога е на одговорност.

Тоа е разликата што ниту една нивна пропаганда не може да ја прикрие.

Ви благодариме.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаневска на промоција на нова генерација дипломци на Универзитетот „Мајка Тереза“

Министерката упати честитки и до професорите за како што рече - нивната посветеност, за пренесеното знаење, искуство, време и трпение.

Јаневска на промоција на нова генерација дипломци на Универзитетот „Мајка Тереза“

Искрени честитки до сите вас кои денес и официјално станувате академски образувани граѓани. Вие сте гордост на вашите семејства, на вашите професори и на државата. Од вас очекуваме активно учество во општествениот живот и придонес кон развојот на Македонија. Веруваме во вашето знаење, но и во вашата енергија, креативност и желба за успех. Токму тие квалитети се двигател на промените и напредокот.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на денешната церемонија на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје која беше промовирана нова генерација дипломирани студенти.

„Храбро чекорете напред. Вклучете се на пазарот на трудот, придонесувајте во развојот на постојните компании или создавајте нови вредности преку сопствени идеи и претприемачки иницијативи. Дел од вас ќе го изберат патот на науката. Македонија има потреба од млад научно-истражувачки кадар и затоа преку низа системски мерки работиме на создавање подобри услови за негов развој, напредување и меѓународна афирмација“, рече Јаневска.

Министерката упати честитки и до професорите за како што рече - нивната посветеност, за пренесеното знаење, искуство, време и трпение.

„Со многумина од вас имаме заедничка соработка на активности насочени кон унапредување на високото образование и науката. Особено ми е драго што заеднички работевме на подготовка на новата законска регулатива во оваа област, која наскоро ќе се најде пред пратениците. Убедена сум дека со заедничка визија и посветеност ќе создадеме поконкурентен и поквалитетен систем на високо образование и научно-истражувачка дејност“, нагласи Јаневска.

Додаде дека ова е најмладиот државен универзитет во земјата и заслужува поддршка каква што добиле и сите државни универзитети при основањето, но и дека веќе ја добива. Владата обезбеди средства за изградба на нов универзитетски кампус кој се очекува да биде целосно завршен во период од 5 години.

Министерство за образование и наука

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Успешно 17-то издание на Фестивалот РАДИКА ФЕСТ 2026

Пред прекрасната публика во концертната сала на Центар за култура-Дебар, се одржа 17 - тото издание на детскиот музички фестивал на македонски јазик “Радика Фест” 2026.

Успешно 17-то издание на Фестивалот РАДИКА ФЕСТ 2026

На самиот почеток на фестивалот познатиот дебарскиот композитор Зинче Мимидиноски инаку директор на Фестивалот Радика Фест 2026, ги поздрави сите присутни гости, а на учесниците им посака многу успех.

На фестивалот настапија деца и автори од Дебар, Центар Жупа, Ростуше-Маврово, Струга и Охрид како и автори на текстови од повеќе градови од републикава и тоа Дебар, Струга, Охрид, Кичево, Крива Паланка, Битола, Прилеп при што се изведоа 13 нови авторски композиции.

Од страна на стручното жири на фестивалот се доделија награди од стручното жири, награда од публиката, награда за најдобар вокал, награда за најдобар сценски настап, награди за бест хит, награда за бест талент и награда за бест јуниор талент.

Победник на детскиот музички фестивал на македонски јазик “Радика Фест” 2026 е Бида Оручоска од Косоврасти која ја испеа прекрасната песна ”Сонце во нас”. Нејзиниот прекрасен настап со прекрасна интерпретација ги воодушеви присутните посетители. Првотото место од публиката го освои Ада Кадриоска од Бороец, за најдобар вокал беше прогласена Џана Ибраимоска од Дебар, за најдобар сценски настап беше прогласена прекрасната и волшебна Мелда Кадри од Дебар.

Гости во програмата на Фестивалот беа прекрасната фолклорна група Скудриње од Општина Маврово Ростуше како и триото Аниса, Есра, Џансу од Општина Центар Жупа,

Фестивалот финансиски беше поддржан од: Министерство за Култура и Туризам, Општина Дебар, Општина Центар Жупа, ТД Боград Струга ДОО, Арсенал Дооел Струга, ТД Гајрет с.Лабуништа Струга, Дооел Јасен Подгорци, Струга помогната и од Центар за култура – Дебар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер