Мицкоски во Владата ќе го чуе предлогот на Филипче за долгорочна стратегија на државата - Канал 5

Мицкоски во Владата ќе го чуе предлогот на Филипче за долгорочна стратегија на државата

 Премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче денеска ќе имаат средба во Владата, но претходно тие „ќе се соочат“ и во пленарната сала во Собранието каде премиерот и министрите ќе одговараат на опозициски прашања.

Мицкоски во Владата ќе го чуе предлогот на Филипче за долгорочна стратегија на државата

Се очекува Филипче на средбата во Владата да му го образложи на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ неговиот план за долгорочна стратегија на државата која би се изготвила со политички дијалог. Ова е прва средба меѓу нив по стапувањето на премиерската функција на Мицкоски и преземањето на претседателската позиција во СДСМ од страна на Филипче.

Од Владата вчера попладне соопштија дека имајќи ја предвид меѓусебната подготвеност за средба, таа е закажана за 14 часот.

- Согласно јавната комуникација и упатените иницијативи и демонстрираната подготвеност од двете страни, за утре во 14 часот е закажана средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на СДСМ, Венко Филипче, посочија од Владата.

Лидерот на опозициската партија Филипче вчера на прес-конференција повика на политички и општествен дијалог. По трагедијата во Кочани, рече тој, граѓаните реагираа со револт и бес, системот не функционира како што треба, а за тоа вина, како што посочи, имаат сите политички партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ... Областите каде што треба системски пристап, според него, се - образование, здравство, правосудство, животна средина, партизација и политизација. Смета дека треба да се изготви стратегија во која ќе се влучат сите, во форма на политички дијалог, врз основа на која државата ќе функционира во следните децении, многу повеќе од мандат на која било влада и која било партија или коалиција да ја води таа влада. Во однос на правосудството, истакна Филипче, неминовно е да се донесат реформската агенда во што пократок рок реформските закони во одреден систем во којшто ќе се постигне широк консензус не само политички туки и други фактори од делот на правосудството на коишто ова навистина им е експертиза.

-Тоа што граѓаните најмногу ги иритира а тоа е партизацијата и политизацијата. Мора да ги ослободиме институциите од канџите на политиката и партијата за да младите луѓе имаат навистина добар, компетитивен мерит систем и на тој начин да се вработуваат и напредуваат поради тоа што само на тој начин можеме експертизата да ја издигнеме на соодветно и заслужено ниво, нагласи Филипче, додавајќи дека добро е на овие теми да седнат лидерите на сите партии.

Лидерот на СДСМ истакна дека на премиерот Мицкоски и подетално би му го образложил овој план на средбата, но и врз основа на она што го образложил ќе се приклучат и другите политички партии.

На новинарско прашање дали на средбата ќе ја постави темата за евроинтеграции и уставни измени, рече дека најверојатно ќе се зборува и за таа тема.

Во изјава за медиумите вчера премиерот Мицкоски изјави дека темата е сериозна и оти доколку има план како што најавија, подготвен е да го прими на средба претседателот на СДСМ да го образложи планот, да го слушне планот.

- Јас сум сериозен човек, сериозни работи се во прашање и најмалку што треба да се прави е естрада на јавна сцена. Доколку навистина има план и желба да помогне стојам на располагање во секое време ќе го прераспределам мојот распоред, на полноќ на полноќ, после полноќ, кога ќе каже тогаш да го сослушам неговиот план и да видиме дали во тој план може нешто да се реши. Но, доколку планот опфаќа пристап „Стабри“, како што беше во минатото за време на короната тогаш такви планови не можам да прифатам, изјави Мицкоски.

Партиски реакции по најавата за средба и планот на Филипче

СДСМ и Венко Филипче апсолутно немаат политички кредибилитет, ниту легитимитет да нудат какви било концепти за Македонија овој момент, реагираа од партијата ЗНАМ.

- Оттука, Венко Филипче и СДСМ не можат да бидат решение на проблемите, бидејќи покажаа дека тие се проблем за секое решение, наведуваат од ЗНАМ и прашуваат дали самопрогласениот лидер на опозицијата со ова бара начин да се факторизира како политички фактор во јавноста и да седне на преговарачка маса, имајќи ја в предвид очајната состојба на неговата партија.

Довчерашниот министер во владите на Зоран Заев, одговорен за длабоките системски грешки во општеството, директно одговорен за трагедијата во Тетово со модуларната болница кадешто загинаа 14 невини лица, криминалната набавка на вакцини во времето на КОВИД кризата, случајот во клиниката за Онкологија каде што наместо хемотерапија на болните им се даваше физиолошки раствор, директното учество во донесувањето на измените на Кривичниот Законик, каде што се амнестираа функционерите од режимот на Груевски, но и високи функционери на СДСМ на чело со неговиот ментор Зоран Заев, посочија од ЗНАМ, денеска предлага КОНЦЕПТ за НОВ општествен дијалог во Македонија.

-Македонската јавност не е дементна за да заборави дека директорот на Фондацијата Заев во претходните осум години го промовираше концептот Едно општество за СИТЕ, едно за Вицето, се посочува во реакцијата од ЗНАМ.

ДУИ, пак, во соопштението до медиумите изразува, како што стои, „силна загриженост поради сѐ понагласената моноетничка доминација која власта ја демонстрираше во првата година од своето владеење, а сега веќе на јавна сцена ја вклучува и етничката македонска опозиција во својата намера“.

- Јавноста е просто згрозена од овој јавен флерт на Мицковски и Филипче, за полноќни средби во политички интимна атмосфера на која ништо помалку туку ќе се крои планот за нов општествен договор за регулација на идните политички текови. Иако и досега не беа за ништо прашувани, дегутантен е молкот на Албанскиот партнер во Владата, посочија од ДУИ.

Тие сметаат дека основниот модел на мултиетничкиот карактер на земјата е системски загрозен, а загрозен е и интегративниот процес на земјата во ЕУ, а тоа се две клучни стратешки основи кои што сериозно ја загрозуваат долгорочната стабилност и просперитет на земјата, и тоа се двата приоритети за кои треба да се отвори суштински политички дијалог.

Реакции за средбата Мицкоски-Филипче има и од Алијанса на Албанците на Зијадин Села. Од оваа партија наведуваат дека „оваа моноетничка средба е практична имплементација на платформата Македонија повторно твоја!“.

Само вака ќе знаете дали доматот е полн со отрови

Не мора да чекате да го пресечете плодот, сè се гледа однадвор, а клучот е во деталите.

Само вака ќе знаете дали доматот е полн со отрови

Веројатно барем еднаш во животот сте застанеле пред тезга на пазар и сте се запрашале дали доматот пред вас е прскан или не. Меѓутоа, наместо одлуката да ја темелите исклучиво на довербата на продавачите, кои најчесто тврдат дека нивниот зеленчук е домашен и не е третиран со пестициди, ви носиме корисни совети како да го препознаете непрсканиот домат.

Еден од начините да утврдите дали доматот е прскан е да го пресечете и да ја погледнете неговата внатрешност. Доматот третиран со хемикалии има жолтеникави пруги и жолт дел во средината на плодот, којзнае колку такви домати сте изеле во животот.

Меѓутоа, присуството на пестициди може да се утврди и однадвор, постојат неколку знаци што укажуваат на постоењето на отрови. Имено, ако доматите се со иста големина, совршено мазни и речиси идентични, тоа не е добар знак. Исто така, избегнувајте претходно пакувано овошје и зеленчук бидејќи најчесто потекнува од интензивно производство во кое се користат голема количина пестициди и други хемикалии.

Од друга страна, ако доматот изгледа помалку совршено, има бразди, неправилности, кафени точки и необичен облик, голема е веројатноста дека станува збор за непрскан и природно одгледан плод.

Доколку сакате сами да го одгледувате овој вкусен плод, еве неколку совети како да го направите тоа дури и ако немате премногу простор. Всушност постојат луѓе кои успеале да одгледуваат повеќе видови домати, најчесто шери, за сопствени потреби.

Изберете го видот што ви одговара: Прашајте стручно лице која сорта е најсоодветна за вашите услови. На пример, сакате да одгледувате домати на отворено со многу сонце или на тераса. Не секоја сорта е еднакво успешна во сите средини, дури и ако е широко достапна во расадниците.

Подготовка на почвата: Почвата мора да биде „свежа“ и прозрачна. Ако е премногу густа, корењата нема да можат да растат, а билката нема да се развива правилно. Пред садењето добро прекопајте ја земјата по можност додајте компост за подобро хранење.

Испробајте го трикот со сода бикарбона: Содата може да помогне да се подобри вкусот на плодот. Кога растението ќе достигне 2,5 см, околу него посипете 4 лажички сода бикарбона. Постапката повторете ја и некое време пред бербата. Содата ја неутрализира киселоста на почвата, што резултира со посладок и повкусен домат.

Седумдесет луѓе потврдиле – ова се случува после смртта!

Биле на работ од животот и сите виделе исто!

Седумдесет луѓе потврдиле – ова се случува после смртта!

Џон Бeрк интервјуирал луѓе кои доживеале тешки несреќи и бил изненаден од она што го слушнал од нив.

Американскиот писател Џон Бeрк поминал години проучувајќи едно од најмистериозните и најемотивните искуства – моментите непосредно пред клиничка смрт. Во состав на подготовките за својата нова книга “Imagine the God of Heaven”, Берк разговарал со 70 луѓе од различни континенти, култури и верски позадини кои преживеале искуства блиски до смртта.

Иако потекнувале од различни краеви на светот, сите опишале речиси идентично искуство: присуство на светлина и љубов, кои многумина ја поистоветувале во Бог.

-Замислете ја сета љубов што сте ја почувствувале во животот и помножете ја со 1000. Тоа велат дека го доживеале овие луѓе – рекол Берк говорејќи за сведоштвата на луѓето кои тврдат дека биле во божјо присуство.

Опишаните искуства се засновале на реални сведоштва на луѓе кои се нашле на работ од смртта како последица на траума и престанување на мозочната активност, срцев застој или длабока анестезија. Некои од испитаниците тврделе дека го гледале сопственото тело додека лекарите го реанимирале, додека други, пак, опишувале глетки од чекалните или детали кои физички не би можеле да ги знаат.

Еден од највпечатливите примери е жена по име Мери која „умрела“ на пораѓај и наводно, се сретнала со Бог. Почувствувала огромна љубов и прошка, а потоа се вратила со опишаните случувања што не можела да ги види освен на натприроден начин.

Берк признава дека некогаш бил скептик кога станува збор за религијата, но овие искуства го промениле.

Едно од највпечатливите сведоштва било од хиндуистот Сантош, кој раскажал дека видел „свет град со 12 порти и ангели“, глетки кои се поклопуваат со описите од Библијата, иако Сантош никогаш не ја читал. Берк смета дека тоа искуство дополнително ја потврдува автентичноста на визиите, иако признава дека останува отворено прашањето како воопшто можел да дојде до тој библиски приказ на задгробниот живот.

Заедничката нишка на сите исповеди е силното чувство на љубов, светлина и мир. Многумина кои доживеале такви искуства изјавиле дека всушност не сакале да се вратат во земскиот живот, колку тој да им бил мил, бидејќи тоа што го почувствувале таму, не можело да се спореди со ништо што го доживеале на Земјата.

Беркoвото дело предизвикува бројни расправи помеѓу научниците и теолозите, но она што не може да се игнорира е поклопувањето на сведоштвата на луѓето од различни средини. Како што вели авторот: „Ако сите го гледаат истото, мора да постои нешто повеќе зад тоа“.

Полицајци пукаат врз деца од 7 и 9 години во пижами- не го фрлаат пиштолот (ВИДЕО)

Полицајци во Ново Мексико биле принудени да застрелаат две момчиња, на возраст од седум и девет години, откако тие одбиле да го фрлат оружјето и да ги почитуваат нивните наредби.

Полицајци пукаат врз деца од 7 и 9 години во пижами- не го фрлаат пиштолот (ВИДЕО)

Вознемирувачкото видео, кое е објавено во петокот и прикажува инцидент од 16 февруари, прикажува две момчиња во пижами со тематика од „Мајнкрафт“ и „Војна на ѕвездите“, како наизменично држат наполнет пиштол, објави „Дејлимејл“.

На шокантната снимка, која е прикажана на јавноста за да се илустрира како се користат дроновите во реални ситуации, се гледа како момчињата се борат за оружјето, повремено мавтајќи невнимателно кон полицајците и едни со други, како да е играчка.

Во еден момент, едно од момчињата го повлекло чкрапалото, но за среќа, пиштолот не испукал поради дефект.

Сфаќајќи дека немаат други опции, полицајците на местото на настанот одлучуваат да отворат оган, но користејќи несмртоносна муниција, пукајќи во ѕидот на куќата, а не директно во децата.

Видеото ги прикажува очајничките обиди на полицијата да ја деескалира застрашувачката ситуација во која децата френетично мавтаат со оружјето кон полицијата.

Вознемирувачките снимки од воздух, снимени со дрон, го покажуваат помладото момче како едвај успева да го држи пиштолот цврсто, при што ниту едниот ниту другиот не се свесни за сериозноста на ситуацијата.

На снимката од камерите што ги носеле полицајците, објавена заедно со снимката од дрон, може да се слушнат гласовите на полицајците како упорно ги молат момчињата да го спуштат оружјето.

Немаше викање, немаше ненадејни движења, само нервозна, продолжена ситуација во која животите на две деца и неколку полицајци висеа на конец.

„Спушти го долу, душо“, може да се слушне како полицајка ги моли децата.

„Не си во неволја, но треба да го оставиш тоа и да разговараш со нас“, додава друг.

„Спушти го пиштолот и дојди да разговараме. Не си во неволја, душо. Те молам спушти го за да можеме да разговараме“, продолжува полицајката со смирувачки глас.

„Ставете го на земја и дојди да разговараме“, додава машкиот полицаец.

Потоа се слуша како еден полицаец го советува својот колега да пука во ѕидот, наместо директно во децата, со цел да ги исплаши и да ги принуди да го фрлат оружјето.

„Обиди се да не ги погодиш“, му вели полицаецот на својот колега.

„Сакаме да ви помогнеме. Не сакаме да ве повредиме“, додава друг полицаец.

„Фрли го сега или ќе те погодат!“

Додека момчињата сè уште го држеа оружјето, меѓу полицајците се слушаат дискусии за тоа дали да трчаат кон децата, да пукаат со несмртоносна муниција или да чекаат на вистинскиот момент.

На крајот, кон децата се испукани два гумени куршуми, но тие сепак успеаја да го држат огненото оружје. Потоа втрчува полицаец и ги фаќа, земајќи го пиштолот од рацете на едното од момчињата и ставајќи го подалеку од дофат.

„Доколку пиштолот беше испукал, нашите заменик-шерифи можеа да бидат принудени да употребат смртоносна сила. Тоа не би му се допаднало на никого во земјата“, рече Џон Ален, шериф на округот Берналило.

„Ова ќе ја потресе совеста на луѓето од округот Берналило“, додаде тој за време на напната прес-конференција каде што беше објавена снимката и беа разјаснети сите детали.

Шерифот Ален нагласи дека полицајците покажале воздржаност под незамислив притисок. Наместо да поднесува обвиненија или да врши апсења, канцеларијата на шерифот се обрати до Одделот за ментално здравје, започнувајќи сеопфатна интервенција.

Заменик-шерифите велат дека семејството од кое потекнуваат момчињата веќе ѝ е познато на полицијата и дека тие биле поканети во нивниот дом најмалку 50 пати пред инцидентот. Шерифот Ален изјави дека семејството, како и децата, имаат документирана историја на траума.

Заменик-шерифката Дајан Арагон, портпаролка на одделот, изјави дека не се поднесени обвиненија против децата или нивните родители, а момчињата не биле однесени од домот. Сепак, наполнетиот пиштол бил конфискуван.

Канцеларијата на шерифот одби да открие имиња или точни локации, наведувајќи ги напорите да се обезбеди приватност на семејството и да се поврзат со потребните ресурси и поддршка.

YouTube video

притисни ентер