МакедонијаМицкоски: Во Тиват ќе зборувам за енергетска иницијатива на земјите од Западен Балкан која има потенцијал од 26 милијарди евра годишноБи сакал најпрвин од името на Владата, на сите да ви посакам добредојде на Македонскиот енергетски форум, настан кој што полека, но сигурно станува традиционален.“ „Би сакал најпрвин од името на Владата, на сите да ви посакам добредојде на Македонскиот енергетски форум, настан кој што полека, но сигурно станува традиционален и настан кој што полека, но сигурно одбележува одредено време, кое што мислам дека е прилично значајно за развој на една држава и претставува предизвик, а паметна држава, предизвикот може да го направи секоја збор за можност, да ја искористи таа можност, да се развива по-интензивно, да се развива по-правилно и во вистинска насока и мислам дека токму ваквите форуми се додадена вредност кога станува збор за енергетиката, која што е една од најважните работи во суштината на функционирање на едно општество. Би сакал да зборувам за некоја работа која мислам дека се интересни, ќе претставуваат предизвици, а тие предизвици ценам дека можат да бидат и можност за нас како Влада и генерално по широка смисла на регионот на Западен Балкан. Како Влада, кога го почнавме овој мандат пред две години, поставивме пред нас една јасна цел и поставивме акцент на тоа дека енергетиката ни е суштински важна и дека развојот на енергетиката кај нас во нашата земја е нешто што претставува за нас како Влада императив, имајќи ги во предвид производните капацитети, заедно со производните капацитети фокус на обновливата енергија и нормално нераскинлив дел од сето тоа е дистрибутивната мрежа и високонапонската мрежа. Сето тоа во суштина го одбележува електроенергетскиот систем кај нас, но не само кај нас, тука и во поширок смисла на регионот, посебно фокус ставам на дистрибутивната мрежа и на високонапонската мрежа, која во одредена смисла на зборот може да претставува тесно грло. Вие можете да изградите многу производни капацитети, можете да изградите многу нови електрани, но доколку дистрибутивниот систем и оној систем на висок напон, односно преносниот систем за да дојде до крајните консументи, потрошувачите не се надградуваат, тогаш вие имате во суштина проблем. Затоа мораме, кога зборуваме за електроенергетиката, да зборуваме помалку или повеќе холистички. Зошто мојот фокус во денешното зборување ќе биде токму електроенергетиката, а не енергетиката во целина? Не така одамна, на почетокот од годината, во Давос, на Светскиот бизнис економски форум бев на еден панел. На панелот имаше, би рекол, состав на луѓе кои што во рамките на светот на енергетиката имаат што да кажат, а меѓу нив беше Фати Бирол, претседателот на Светската енергетска агенција, и на тој настан разговаравме за сето тоа на кое што претставува за сите нас предизвик и како тој предизвик да го создадеме и да биде можност. Бидејќи генерално на овогодинешниот Светскиот економски бизнис и на форумот во Давос, две суштински работи беа значајни. Тоа беа вештачката интелигенција и сите зборуваат за вештачката интелигенција, а вие знаете дека вештачката интелигенција без податочните центри коишто се погонувани со електрична енергија, не може да функционира со сиот свој потенцијал, со сиот свој фокус во кој што ние како човештво во овој момент сакаме да го развиваме. Така што заклучокот беше фокусиран на вештачката интелигенција и на електроенергијата. Претседателот на Светската енергетска агенција, господин Фати Бирол, ќе го цитирам, кажа две работи: Ќе продолжи во светот да расте побарувачката на енергија, нешто што впрочем и го кажа заменик-министерката којашто доаѓа од Владата на Турција. Но она која што е позначајно е дека побарувачката на електрична енергија ќе расте 2,5 пати побргу отколку побарувачката на вкупната енергија во годините кои што следат. И тоа ќе претставува озбилен и сериозен предизвик за човештвото денес. На прашањето на што во темели сето ова, тој даде два примера. Едниот беше на пример, Нигерија, која што е држава каде што бројот на население и економија може да се сметат како најбрзо растечки, само 5% од населението вели користи клима уреди за кондиционирање на воздухот во своите домови. Или па, на пример, Централна и Јужна Азија, само 11% од домаќинствата користат клима уред. Замислете сето тоа, два пати да се зголеми, што би значело колкава потреба од електрична енергија, само за задоволување на овие потреби ни е на нас неопходна. Тој е едно. Второ, сите зборуваме за дата центри, подоцна или податочни центри, да се изразам литературно, сите денес кога зборуваме за податочни центри, сите зборуваме за дата центри, а многу малку внимание посветуваме на тоа како тие ќе функционираат, како таа вештачка интелигенција ќе функционира, од каде извори енергија во случајов електрична енергија, вода за ладење, имајќи и во предвид глобалните затоплување и така натаму, и така натаму. Тоа беше суштината во која што овогодинешниот Давос Светски бизнис економски форум се сведе. Неколку месеци по тоа започна, не само по мене, току и по најголем дел од светските познавачи, можеби најголемата криза во човештвото кога станува збор за енергетиката. И според овие светски познавачи, оваа енергетска криза која што се уште трае како резултат на војната во заливот, ја споредуваат со следните три светски кризи кои што се случиле во минатото. Па така ќе кажат дека оваа светска енергетска криза по својот интензитет, по својата рихтеража е поголема од оние светски енергетски кризи во 70-те години од минатиот век заедно, и на тоа да се додаде она енергетска криза која што се случи во 2022, 2023 година, како резултат на војната во Украина. Значи, денешната светска енергетска криза по својот интензитет, рихтеража е поголема од трите овие заедно. И денеска го живееме тоа време. Можеби некој не е свесен, но денеска ние го живееме токму тоа време на глобален енергетски предизвик и затоа можеби овој форум денеска по својот полн потенцијал, треба да даде идеи, јас мислам и заклучоци, како понатаму и како овие предизвици да ги претвориме во наша можност. Еве јас кога се обидам неколку работи да споменам, а да не должам, бидејќи веќе беше се кажано претходно во делот на куртоазните говори за значењето на овој настан, вклучително и мојот почеток денеска, па би сакал неколку бројки да споменам, ако ми дозволите. Според податоците на луѓето кои што се длабоко во овој бизнис, побарувачката, од 2025 на електрична енергија, која што изнесувала на светско ниво околу 28.000 TWh, до 2040 година ќе се зголеми за 13.500 TWh, или ќе дојде до 41.500 TWh. Кога сето ова би се помножило во пари, и ако тие пари се евра, и ако 1 MWh претпоставиме, дека ќе чини 100 евра, тогаш на годишно ниво, обемот на бизнис, кој што е само разликата, ќе е од прилика 1,35 трилиони евра. Го зборувам обемот на бизнис, на купопродажба, на електрична енергија, 1,35 трилиони, или тоа е 1.350 милијарди евра. Кога на тоа ќе се додаде, изградбата на овие капацитети кои што треба да го произведат за да некој го потроши. Тогаш, оваа бројка од 1,35 трилиони евра, најмалку триплирајте ја. Тоа е потенцијалот кој што во светот ќе недостасува. Важно е дали ние ќе успееме тоа да го препознаеме, и да бидеме препознаени, дали дел од ова парче на бизнис успееме да привлечеме. Еве ќе дадам и неколку примери. Само во делот на потребите на така наречените податочни центри, вештачката интелигенција или дата центрите, од 2025 година до 2040 година, потребата од електрична енергија ќе биде околу 2.000 до 2.200 TWh. Тоа е колку што моментално троши Индија. Чисто за да имаме чувство за што зборуваме. Денеска толку отприлика троши Индија количина на електрична енергија. Нас толку, само како човештво, како свет, потребна електрична енергија во годините кои што следат или во декада и пол, гледајќи од денеска. Ајде малку за Европа да зборуваме. Предвидувањата се дека потребите од електрична енергија на Европскиот континент до 2040-та година ќе се зголемат за 22% или тоа од прилика некои 1.000 TWh годишно, дополнително повеќе. Чисто колку за да имаме претстава за што зборуваме. Тоа е колку што денеска заедно трошат Германија и Франција. И ова ќе недостасува, и ова ќе треба некој да го изгради, произведе и да го однесе до крајните консументи потрошувачите. Но само по себе, како што реков по самиот мој воведен дел, изградбата на производните капацитети не е доволна. Туку треба да сте подготвени, треба да покрај тоа што ги градите производните капацитети да инвестирате и во преносната мрежа. Дистрибутивната и високонапонската преносна мрежа, која што просекот вели во Европскиот континент, 40-тина, 50-тина проценти од вкупната мрежа е постара 40 години. Сето тоа има глад и жед за инвестиција, за нов капитал, така што кога сето ова ќе го заокружите и ќе го додадете на производните капацитети, тогаш слободно овие бројки за кои што јас денеска зборувам, од аспект на пари, од аспект на бизнис, триплирајте ги. Тој е отприлика потенцијалот со коишто денеска ние мораме да се справиме, односно претставува предизвик на човештвото во случајов конкретно на Европскиот континент. Проценките се дека тоа тесно грло, ќе биде некаде помеѓу 3-4 трилиони евра. Од 3.000 до 4.000 милијарди евра ќе бидат потребни за да се интервенира во дистрибутивната и во преносната мрежа. Ајде малку за регионот. Секогаш кога зборуваме за Западен Балкан, зборуваме Евроинтеграција, како правиме реформи, како тие реформи понекогаш се добри, понекогаш не се добри, па некој се фронтранер сега, догодина на некој друг е фронтранер, за 5 години некој трет е фронтранер, па така од почеток и слично. Ајде малку да зборуваме за можностите што ние како регион и Западен Балкан можеме да ги понудиме. Не секогаш да зборуваме што бараме, туку ајде да видиме и што е тоа што ние можеме да го понудиме. Западен Балкан во моментов, а тоа се државите Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Црна Гора, Албанија и Македонија, можат во овој момент да понудат отприлика годишно производство од 260 TWh часови нови произволни капацитети во делот на обновливата енергија. 260 TWh часови, или ова ако го помножиме со некој да речеме стотина евра, по MWh, тоа значи дека ние на годишно ниво можеме како Западен Балкан да акумулираме бизнис којшто и е потребен на Европа, е само една петтина од потребите на Европа, вреден 26 милијарди евра годишно. Кога на тоа ќе се додадат средствата потребни да овие капацитети се изградат, кога на ова ќе се додадат инвестициите во дистрибутивната и преносната мрежа, слободно оваа бројка триплирајте ја. Ајде да видиме што можеме ние заедно, како Западен Балкан, да испорачаме за Европа, за нашиот заеднички континент. Не да бидеме тие кои што континуирано бараме, молиме нешто. Така да видиме сите заедно да се обединиме, да не бидеме секогаш препознатливи по конфликти или буре на барут, како што често пати знаат да го наречат западниот Балкан, ајде да видиме што е тоа што ние можеме да го понудиме. Е ова е тоа што ние можеме на годишно ниво да го понудиме за Европа и потребите на Европа, и тоа е нешто кое што е процес неповратен. Дали ние ќе го препознаеме и дали ќе успееме ние да се вклучиме во тој процес, тоа зависи само од нас. Дали ние како Западен Балкан ќе останеме да бидеме препознаени како регион кој што можеби понекогаш бара и милост, дали ќе заслужиме таа милост или не, тоа не зависи секогаш од нас, тоа е двонасочна улица, но ајде ние како Западен Балкан да ги понудиме овие можности и јас токму за ова ќе зборувам на овогодинешниот самит во Тиват, што ќе се одржува помеѓу 4 и 5 јуни, односно сега од четврток до петок, поточно работниот ден е во петок на 5 јуни и ќе зборувам за една нова иницијатива која што ние како Западен Балкан можеме да ја понудиме и можеме да ја сработиме, имаме знаење, имаме капацитет, добро сме поврзани и можеме ова да го понудиме. И јас токму едно од темите за кои што ќе зборувам на овогодинешниот ЕУ Западен Балкан самит во Тиват, ќе биде и токму ова, можеби за кое што денеска на овој прекрасен форум зборувам, во екот можеби на светски најголемата енергетска криза за која нас ни се случува. Што ме мотивираше да влезам во разработка на ова тема? Една изјава од претседателката на Европската комисија која што ќе прочитам на англиски јазик, и таа е дадена на инвестицискиот форум во 2025, ЕУ Западен Балкан. Патака, претседателката Урсула фон дер Лајен ќе каже. „Земјите од Западен Балкан може да станат центри за производство, за складирање и снабдување со чиста енергија со останатиот дел од Европа. Градиме нова енергија, нов столб за енергетиката, не само за Западен Балкан туку за цела Европа.“ Да јас навлезам подлабоко, да почнам да размислувам што е тоа што ние можеме да го понудиме и дојдов до овој одговор и мислам дека прилично добро може да даде целата оваа иницијатива одговор на сите оние предизвици со коишто се соочуваме и ќе се соочуваме, но истовремено ќе ни создаде и на нас можност да ние се развиваме. Кога станува збор за овие 26 милијарди евра тоа е отприлика многу повеќе од тоа што е БДП на мојата земја, тоа е отприлика 2.5 од номиналниот БДП на Црна Гора, тоа е отприлика некаде колку номиналниот БДП на Албанија и многу повеќе од тој на Косово, отприлика тука некаде како нешто помалку од тоа што го има Босна и Херцеговина и ова е нашиот потенцијал и ние сме тие коишто одлучуваме дали ќе бидеме препознаени, дали ќе го препознаат овој наш потенцијал.“, рече во обраќањето на МЕФ премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ЖивотЗаборавете на изгледот и мускулите – Еве какви мажи посакуваат женитеМаж со овие особини кај жената буди најголема страст.На сексуалното задоволство кај жената не влијаат само физичкиот изглед на партнерот или неговите сексуални вештини; туку за успешно сексуално задоволство заслужни се и други особини... Според истражувањата на оваа тема, важна улога играат личните квалитети на мажот, начинот на кој се однесува кон својата партнерка, како и чувството на блискост и сигурност што тој ги создава. Издвојуваме неколку карактеристики кои често се поврзуваат со поголемо сексуално задоволство кај жените. Хуморот е привлечен Честопати на жените им се привлечни мажите кои знаат да ги насмеат. Добрата смисла за хумор може да биде знак дека е друштвен, самоуверен и способен да ѝ посвети внимание на партнерката во конкретна ситуација. Исто така, важно е да се знае кога да се пошегува, а кога да биде сериозен. Токму ваквата комбинација создава поопуштена атмосфера меѓу партнерите. Креативност и спонтаност Монотонијата може негативно да влијае на врската, додека креативноста и подготвеноста за прифаќање промени можат да донесат повеќе возбуда. Не е неопходно мажот да биде физички совршен за да биде привлечен. Жените можат особено да ја ценат неговата креативност, спонтаност и подготвеност заедно со партнерката да истражуваат што најдобро им одговара. Креативноста често се поврзува и со одредена доза на мистериозност, што за некои жени може да биде особено привлечно. Топлината создава чувство на сигурност Љубезноста, вниманието, чувството на блискост можат да бидат многу важни за сексуалното задоволство. Кога жената се чувствува сигурно и прифатено од својот партнер, полесно може да се опушти и препушти на моментот. На тој начин, довербата игра значајна улога во сексуалниот однос. Сигурната и опуштена атмосфера, исто така, им овозможува на партнерите поотворено да разговараат за своите желби, граници и за она што им причинува задоволство. Верноста гради блискост Довербата и чувството на посветеност можат дополнително да ја зајакнат врската меѓу партнерите. Кога жената знае дека нејзиниот партнер е верен и ја цени, таа може да се чувствува посакувана и сакана. Таквата емоционална поврзаност може да биде клучна за сексуалното задоволство. За некои жени, ова чувство на блискост и доверба игра поголема улога од физичкиот изглед на партнерот. Мирисот исто така може да игра улога Мирисот може да влијае на привлечноста и да предизвика разни емоционални реакции. Затоа природниот мирис на партнерот може да игра важна улога во создавањето привлечност. Кога постои привлечност, доверба и емоционална блискост меѓу партнерите, поверојатно е сексуалната интимност да биде попријатна и поисполнета. На крајот, не постои еден единствен тип на маж кој гарантира најдобро сексуално задоволство. Привлечноста и сексуалното задоволство зависат од бројни фактори, вклучувајќи емоции, доверба, комуникација и меѓусебна поврзаност. Извор: una.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноБосанката Мирнеса украла над милион евра од фирма во Германија, па ја пуштиле на слобода- парите не се пронајдени Мирнеса С, попозната по прекарот Мики, која украла дури 1,25 милиони евра од германска компанија за готовински трансфер во Штутгарт, повторно е во центарот на вниманието. Откако отслужила дел од тригодишната затворска казна, таа била ослободена на почетокот на 2025 година, но најголемата мистерија во случајот останува нерешена - каде завршиле парите што исчезнале пред повеќе од четири години? Кражбата се случила на 14 октомври 2022 година, кога Мирнеса, која во тоа време била вработена во компанијата за готовински трансфер, однела огромна сума пари од просториите на компанијата, објави 24 сата. Според информациите што подоцна ги објавија медиумите, таа ги ставила парите во спортска торба, ја покрила со крпи и го напуштила своето работно место. Бидејќи имала пристап до парите како вработена, кражбата била извршена без класичен грабеж или употреба на сила. Нејзиното исчезнување предизвикало обемна потрага од страна на германската полиција, која понудила награда од 37.500 евра за информации што довеле до нејзино апсење. Мирнеса, сепак, доброволно се предаде на властите во Германија на почетокот на 2023 година, откако преку својот адвокат го најави своето пристигнување на аеродромот во Штутгарт. Во јули истата година, таа беше осудена на три години затвор за кражба, а за време на постапката тврдеше дека нејзиниот тогашен партнер Роберт С. го смислил целиот план и ја убедил да учествува во кражбата. Според неа, таа добила само 20.000 евра од вкупната сума. Нејзиниот поранешен партнер, од друга страна, ги негираше обвинувањата дека ја организирал кражбата и тврдеше дека само играл улога на возач. Случајот достигна нов епилог во февруари 2026 година, кога Роберт С. беше осуден на три години и девет месеци затвор за учество во кражбата. Судот, исто така, нареди конфискација на приносите од криминал во износ од 1,25 милиони евра, но парите не беа пронајдени ни тогаш. Пресудата не беше конечна во времето на објавувањето на извештајот. Мирнеса се појави и како сведок на судењето на нејзиниот поранешен партнер, каде што зборуваше за желбата да започне нов живот. Иако е повторно слободна, прашањето за судбината на парите останува неодговорено. Во последните месеци, таа привлече внимание и на социјалните мрежи, каде што се појавува во хумористични видеа со босанскиот инфлуенсер Сермед Мактоуф. Иако двајцата поминаа низ судски процес и добија затворски казни, повеќе од еден милион евра сè уште не се пронајдени, а останува непознато кој во моментов ги контролира парите од една од најпознатите кражби во Германија.Тагови: Германија парите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаХоланѓанец си го убил таткото и го исекол телото на 238 парчиња, а потоа направил нешто пострашно Холандските обвинители побараа 12-годишна затворска казна за маж кој го убил својот татко, а потоа го исекол неговото тело на 238 парчиња!Осомничениот ги ставил останките од својот татко во 19 вреќи за ѓубре, кои ги чувал во два замрзнувачи и кутија за складирање повеќе од три години. „Тој го отстранил телото и ги лажел полицијата и луѓето околу него со години“, изјавил јавниот обвинител пред судот, објави Сан. Тајмен В., 33, е обвинет за убиство на својот татко на 10 јануари 2021 година. Полицијата ги пронашла останките во куќата на осомничениот повеќе од три и пол години подоцна, во ноември 2024 година. Обвинителството изнесе тврдења пред судот во Алкмар дека таткото и синот биле во насилен конфликт. Жртвата била удирана во главата осум пати со тврд предмет, можеби статуа на Буда, што самиот осомничен го споменал. Според патолог од Холандскиот форензички институт (NFI), постои и можност жртвата да била задавена. Осомничениот тврди дека дејствувал во самоодбрана откако неговиот татко го нападнал со нож. Обвинителството ја отфрли оваа верзија на настаните, нагласувајќи дека осомничениот не контактирал со полицијата по смртта на неговиот татко, туку им кажал на луѓето околу него дека заминал во странство. Son, 33, ‘chopped dad into 238 pieces & hid body in freezer over poison plot' https://t.co/BRh99bhBrf — The US Sun (@TheSunUS) November 3, 2026 Обвинителот посочи дека осомничениот се однесувал кон својот татко „на ужасен и крајно дехуманизирачки начин“. Психијатар и психолог процениле дека имал благо нарушен ментален капацитет, констатација што обвинителството ја прифатило. Обвинетиот изјавил дека целосно го потиснал и самото убиство и криењето на телото, и дека неговите сеќавања за настанот се појавиле дури околу еден месец по неговото апсење. Меѓу другото, му е дијагностицирано гранично растројство на личноста. Неговиот адвокат изјавил дека физичкото насилство се случило меѓу татко и син во неколку наврати и дека било взаемно. Тој додаде дека неговиот клиент ја изгубил довербата во полицијата по претходен инцидент, кога неговиот татко го нападнал со секира, а полицајците не пристигнале веднаш на местото на настанот.Тагови: татко телото Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter