Мицкоски во Свети Николе : Секогаш кога СДСМ е на власт Република Македонија губи по нешто

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со граѓаните и членовите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Свети Николе.

Според партиското соопштение, Мицкоски пред присутните истакна дека секогаш кога СДСМ е на власт Република Македонија губи по нешто, односно како што рече тој Македонија станува посиромашна држава за по некој атрибут. Тој се наврати во минатото односно во време на транзицијата кога голем број на семејства остануваа без работа, па се до промена на знамето, прифаќање на референцата ФИРОМ, спомнувајќи го и фамозниот 15 септември во 2002 година кога ветуваа најмалку едно вработување од секое семејство, територијалната поделба на Македонија во 2004 година, па се до денес кога СДСМ и Заев повторно ги распродаваат националните и државните интереси, со истите лажни ветувања дека доколку се прифати се граѓаните ќе живеат посреќно, во мир и спокој.

Мицкоски пред граѓаните нагласи дека животот кој Зоран Заев го ветуваше во предизборниот период не само што не го донел туку животот на граѓаните го претворил во нивно колективно страдање.Додаде дека СДСМ и Зоран Заев се обидуваат со притисоци и закани да го уценат народот за да го прифатат капитулантскиот договор кој притоа е штетен и значи откажување на се што е македонско.

-Овде во Свети Николе бев сведок на многу такви сведочења од граѓаните без разлика каде се вработени во државната управа, во локалната самоуправа кои велат дека на дневна основа имаат притисок од нивните надредени, локални функционери на СДСМ кои ги тераат, им се закануваат со губење на работни места доколку не го поддржат ова капитулантско дело на Зоран Заев, изјави претседателот Мицкоски.

Уапсен е легендарниот француски актер Жерар Депардје

Францускиот актер Жерар Депардје утрово е приведен во полиција, за да биде сослушан во врска со наводите за сексуален напад врз две жени.

Тој е одведен во полициска станица во Париз каде е сослушан. Две жени го обвинија актерот за сексуална злоупотреба.

Едната го обвинува дека непримерно ја допирал во 2014 година на сетот на „Магионичарот и гледачот“, а другата во 2021 година на снимањето на „Зелените очи“ на Жан Бекер.

Депардје ги оспорува фактите за кои е обвинет.

Првата жалителка, филмски декоратор, раскажала сè за настаните што се случиле во септември 2021 година. Во тоа време, Жерар учествувал на снимањето на Les Volets vertes на Жан Бекер.

- Еден ден, додека седел во ходникот, ја фатил оштетената за нозете и ја закачил меѓу своите бутови - рекла таа. Ја допирал по половината, градите и задникот и ѝ ги кажувал следните зборови според нејзината изјава: „Ќе ти го закачам мојот голем чадор во пи**ата“.

Санчез на лето ќе го напушти Интер како слободен играч

Напаѓачот Алексис Санчез ќе го напушти Интер на крајот од актуелната сезона, пренесува новинарот Фабрицио Романо.

Според Романо, фудбалерот ќе го напушти клубот како слободен играч. Договорот на 35-годишниот Чилеанец истекува на 30 јуни.

Претходно, италијанските медиуми пишуваа дека Интер не е заинтересиран да го продолжи договорот со фудбалерот.

Како дел од клубот од Милано, Санчез двапати ја освои Серија А, го освои Купот на Италија и два пати го освои Суперкупот на земјата.

На лето Интер ќе го напушти и играчот од средниот ред Стефано Сенси. /МИА

Преговорите за глобален договор за подготвеност за пандемија влегуваат во завршна фаза

 Земјите-членки на Светската здравствена организација (СЗО) од денеска ги вложуваат последните напори да постигнат договор за склучување договор за глобална подготвеност за пандемии, јави ДПА.

Во пресрет на пандемијата на Ковид, 194-те земји-членки на СЗО повикаа на договор за да се осигура дека земјите се подобро подготвени да се справат со следната катастрофа и дека глобалниот одговор не е толку хаотичен.

Страните сакаат планираниот договор да вклучи мрежа за снабдување координирана од СЗО, така што сите земји ќе можат да пристапат до лековите што им се потребни во итен случај без трговски ограничувања.

Слично на тоа, дел од произведените лекови или вакцини ќе им бидат дадени на посиромашните земји бесплатно или по ниска цена. Одредбите ќе важат само за земјите што ќе го ратификуваат договорот. Тој ќе стапи во сила откако 60 земји ќе го ратификуваат документот.

Целта е договорот да биде усвоен на овогодинешното Светско здравствено собрание - тело за одлучување на СЗО. Средбата ќе започне на крајот на мај.

Последната рунда разговори на почетокот на оваа година не успеа, а разговорите кои започнуваат денеска се сметаат за последна шанса да се постигне договор пред крајниот рок во мај.

Во обид да се постигне консензус, преговарачите претставија многу покондензиран нацрт-договор од претходната верзија. Сегашниот се состои од 23 страници, изоставувајќи многу контроверзни одредби.

Едно од контроверзните прашања е дали и на кој начин фармацевтските компании треба да бидат обврзани да споделуваат експертиза и да обезбедат дел од своите производи на посиромашните земји.

Хуманитарната организација „Лекари без граници“ тврди дека договорот треба да се однесува на прашањата поврзани со глобалното здравје, здравствената заштита и правдата, а не само да ги штити интересите на индустријата. /МИА

притисни ентер