Мицкоски во Пробиштип:Ајде заедно масовно да излеземе на 21-ви април а потоа и на 5-ти мај

Вечерва  Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски се обрати на митинг пред граѓаните од општина Пробиштип .

Мицкоски кажа дека СДСМ воопшто не ги исполнија ветувањата кои ги даваа пред граѓаните и дека мислат на граѓаните од едни избори на други и даваат лажни ветувања.

,,Не се овие само претседателски избори затоа што можеби за онаа врхушка на СДСМ се ова претседателски избори бидејќи тие за народот и за државата мислат од едни до други парламентарни избори а потоа ако им помина лагата, ако им помине измамата тогаш фино заседнуваат во меките фотелји и се разбира за пусти пари се работело,тоа е целта нема друго. Но ние сме поразлични од нив ние легнуваме со последна мисла за татковината и народот и се будиме со прва мисла за татковината и за народот. Затоа сакам да ги потсетам на сето она што го ветуваа на сето она кое што го збореа да ги потсетам сите оние снимачи кога ќе го прегледуваат денешниот настан дали кога ќе го прегледуваат ќе се засрамат од сите оние кажани лаги, кажа Мицкоски.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ истакна дека на 21-ви април, а потоа и на 5-ти мај ВМРО-ДПМНЕ победува убедливо на претседателските избори.

,,Сакам овде во Пробиштип да ја соопштам онаа добра вест која што изминативе 20 дена интензивно секаде во Македонија во домовите се зборува. А тоа е дека на 21-ви април, а потоа на 5-ти мај толку големо победуваме што нема да знаат што ги снашло. Победа најпрво на претседателските избори а потоа победа на предвремени парламентарни избори, истакна Мицкоски.

Тој исто така објасни дека состојбите во земјоделието се катастрофални и дека сите ветувања од гарантиран откуп до повисоки цени на производите и повисоки субвенции се само лаги на СДСМ на чело со Зоран Заев.

,,Земјоделците морат со пили да ги сечат крошните на јаболкниците затоа што немаат кому да го продадат родот бидејќи еден килограм јаболка е 1 денар. Но истовремено не потсетија на сите лаги на Зоран Заев сите лаги на Зоран Заев дека ќе има загарантиран откуп , дека ќе има честита цена за трудот на земјоделецот дека ќе има зголемени субвенции и поддршка за земјоделецот. Две години потоа овој политички измамник се срами и дури да спомене за тоа ветување, објасни Мицкоски.

Мицоски кажа дека заради катастрофалната состојба во земјава предизвикана од владеењето на СДСМ и Зоран Заев голем број на луѓе се иселуваат од државата и тоа зазема се поголем интензитет и замав.

,,Разговаравме со нашите сограѓани болката е голема , се сеќавате на овие ветувања пред Владата кога ги поставуваа чевлите дека луѓето се иселуваат. Во Виница луѓето ни соопштија дека само два дена пред ние да дојдеме повеќе од 500 луѓе ја напуштиле Македонија и заминале во друга дестинација во Европа. За само една година 100.000 наши сограѓани ја напуштија Македонија и никогаш не се вратија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски појасни дека ситуацијата во земјата е трагична и дека Македонија се движи во многу лоша насока и повика на масовна излезениот на претседателските избори за да се стави крај на оваа голгота низ која поминуваат граѓаните.

,,Ситуацијата е трагична , Македонија браќа и сестри добри луѓе се движи во многу лоша насока. Да не биде после дека повторно ние сме предупредиле а тоа било само во нашите умови. Ајде заедно масовно да излеземе на 21-ви април а потоа и на 5-ти мај. Онаа пролет која што ја најавивме во Охрид да ја донесеме во Македонија да ја обоиме со името на идниот претседател на републиката професорката Гордана Силјановска Давкова, кажа Мицкоски.

Тој потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ има јасна визија, програма методологија и тим кој знае како да ги направи неопходните реформи во државата на чело со кандидатот за претседател професорката Гордана Силјановска Давкова.

,,Правна држава, враќање на правото и враќање на правната држава . Па има поголем гарант од идниот претседател на републиката дека имаме јасен план, јасна визија , тим и методологија како да направиме вистински реформи за враќање на владеењето на правото и правната држава од најинспиративниот професор на правниот факултет а тоа е идниот претседател на републиката професорката Гордана Силјановска Давкова, кажа Мицкоски.

Камерон: Украина има право да го користи нашето оружје за напади во Русија

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон денеска вети три милијарди фунти (3,74 милијарди долари) годишна воена помош за Украина .

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон денеска вети три милијарди фунти (3,74 милијарди долари) годишна воена помош за Украина „колку што е потребно“ и додаде дека Лондон нема ништо против оружјето да се користи во Русија.

„Ќе даваме три милијарди фунти секоја година онолку колку што е потребно. Штотуку навистина исцрпивме сѐ што можеме во однос на давање опрема“, изјави тој за Ројтерс во интервјуто за време на посетата на Киев, додавајќи дека пакетот помош е најголем од Обединетото Кралство до денес.

„Дел од таа (опрема) пристигнува во Украина денес додека сум тука“, рече тој.

Камерон рече дека Украина има право да користи оружје доставено од Лондон за да нападне цели во Русија и дека тоа зависи од Киев.

„Украина го има тоа право. Исто како што Русија напаѓа внатре во Украина, сосема е разбирливо зошто Украина чувствува потреба да се осигура дека е способна да се одбрани“, изјави Камерон за Ројтерс.

Камерон, кој го предводеше Обединетото Кралство од 2010 до 2016 година како премиер и се врати на политичкиот фронт пред само неколку месеци, се состана со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба и претседателот Володимир Зеленски во неговата втора посета на Киев како министер за надворешни работи.

Највисокиот британски дипломат го прослави објавувањето на долго одложуваниот пакет помош од 60 милијарди долари од страна на американскиот Конгрес.

„Тоа е апсолутно критично, не само во однос на оружјето што ќе го донесе, туку и на зајакнувањето на моралот што ќе го донесе на луѓето овде во Украина.

Сепак, Камерон не одговори директно на прашањето како мисли дека евентуалниот реизбор на републиканскиот кандидат Доналд Трамп во Белата куќа може да влијае на американската поддршка за Украина.

Трамп и тврдокорните републиканци во Конгресот се против понатамошната помош за Украина, со можен исклучок за заем.

„Не зависи од нас да одлучиме кого американскиот народ ќе избере за свој претседател - ние ќе работиме со кој било“, рече Камерон.

ЗНАМ со реакција на ставовите на Венко Филипче од митингот на СДСМ во Радовиш

Квази социјалдемократот Венко Филипче е еден од најодговорните за актуелната состојба во која се наоѓа СДСМ.

Би сакале да ја потсетиме јавноста, додека некогашната државотворна СДСМ се бореше против режимот на Груевски, наметнатиот носител на листа од СДСМ во ИЕ 4 беше прв советник на министерот за смрт Никола Тодоров и беше дел од најкриминалната Влада на Груевски.

По доаѓањето на власт на СДСМ, беше исфорсиран од семејството Заеви да биде министер. Сега е јасно зошто. Всушност тој е бизнис партнер на Зоран Заев.

Тешко на тоа раководство, кое Филипче го брани од партијата каде што се втемелени вистинските илинденски и АСНОМ-ски вредности и принципи, а тоа е Движењето ЗНАМ-За наша Македонија.

Сектор за односи со јавност

Стојчевски: ЗНАМ ќе направи темелна промена во правосудниот систем

Даниел Стојчевски носител на кандидатската листа во ИЕ2: ЗНАМ ќе направи темелна промена во правосудниот систем, со кој правдата ќе е столб на општеството и ќе нема место за корупцијата.

Носителот на листата на кандидати за пратеници од ИЕ 2, Даниел Стојчевски од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, денеска одржа прес конференција на која се задржа на мерките од програмата „Проглас за достоинствена Македонија“ во однос на правдата и борбата со криминалот и корупцијата.

Стојчевски рече дека граѓаните сега имаат можност да направат избор со кој ќе видат дека има начин за да биде подобро, а изборите што се прават сега ќе ја одредат иднината на нацијата. Тој потенцира дека изборите овој пат не се само за тоа кој ќе управува, туку се за враќање на довербата во институциите, како и за создавање на Македонија која е посилна, почесна, и поправедна.

„Ние сме тука да предложиме конкретни решенија за трајни промени. Нашата програма, "ПРОГЛАС ЗА ДОСТОИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА", се залага за темелна промена во правосудниот систем, каде што правдата е столб на општеството и каде за корупцијата нема место.

Првата мерка е зголемувањето на казните за злоупотреба на службена положба и овластувања, со казна затвор од минимум 10 години. Ние сметаме дека казните треба да бидат строги за да се обесхрабри секој обид за корупција и злоупотреба.

Втората, ќе воведеме принцип на незастарување за делата на криминал и корупција. Престапите против државата и нејзините граѓани не треба и не смеат да бидат заборавени или игнорирани со текот на времето.

Третата, зајакнување на капацитетите и интегритетот на судскиот систем преку избор на судии и обвинители кои имаат докажано искуство и знаење, со минимално 10 години стаж и завршена Академија за судии и јавни обвинители.

Четвртата, укинување на доживотниот мандат на судиите и јавните обвинители и воведување на систем за реизбор на секои шест години. Со оваа мерка, тие ќе мора постојано да ја докажуваат својата компетентност и посветеност кон правдата.

Петтата, сите нотари и извршители ќе станат државни службеници, што ќе придонесе кон поголема контрола и стандардизација на нивната работа.

Шеста, зголемување на платите за администрацијата во правосудните органи за 30 проценти за да се овозможи најдобрите кадри да останат во нив“, рече Стојчевски.

Тој нагласи дека оваа битка е битка за сите нас, битка за почесна и праведна Македонија, без корупција и неправда. Според него секој од нас е дел од решението и треба здружено да се работи за иднина во која правдата не е само идеал, туку ќе биде реалност за секој граѓанин на земјата.

„Ние сме подготвени да дадеме „Максимум за Македонија“ и да застанеме рамо до рамо во борбата за подобра иднина, водени од љубовта кон нашата земја и желбата за подобрување на животот на секој еден нејзин граѓанин“ рече тој.

Запрашан кој е ставот на Движењето ЗНАМ во однос на коалициите за идната влада, и дали е Движењето ево преговори со ВМРО ДПМНЕ, Стојчевски одговори:

„Уште пред почетокот на кампањата Движењето ЗНАМ како политичка партија најави дека на изборите учествува за граѓаните, ќе работи за нив и ја бара нивната поддршка. Ние сме можеби единствената партија која не е во коалиција со ниту една политичка партија на овие избори. За нашите идни коалиции ќе одлучува раководството веднаш по изборите.“

Стојчевски беше прашан и каков е коментарот во однос на изјавата, односно ставот на ВМРО ДПМНЕ дека се надеваат дека не постои тројански коњ на власта во опозицијата, за што изјави:

„Вие гледате дека во изминатите денови, а особено по првиот круг на претседателските избори, каде што многумина беа изненадени од освоениот број на гласови што ги доби Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, дека сме мета на напади од двете најголеми политички партии поради тоа што, претпоставувам, се загрижени поради бројот на освоени гласови. Ние сме политичка партија која работи во интерес на граѓаните и тоа го покажавме со нашето делување во изминатите неколку месеци“. Стојчевски исто така пред новинарите рече дека врвен државен приоритет е да се избере Претседател на Македонија.

„Двиежењето ЗНАМ ги повикува сите граѓани масовно да излезат и да гласаат за Претседател наМакедонија по сопствено убедување. Истовремено ги повикуваме граѓаните масовно да го поддржат Движењето ЗНАМ и да гласаат за број седум“, рече на денешната прес конференција Даниел Стојчевски, носител на кандидатската листа за пратеници во ИЕ 2 од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер