Мицкоски во Прилеп: Луѓето денеска буквално се депримирани од сите оние лажни ветувања

Вечерва  Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски се обрати на митинг пред граѓаните од општина Прилеп, се наведува во партиското соопштение.

Мицкоски кажа дека на 21 Април и на 5 Мај СДСМ ќе ги изгубат изборите. Мицкоски исто така истакна дека од разговорите со граѓаните низ цела држава јасно е дека разочараноста е се поголема од катастрофалното владеење на СДСМ на чело со Зоран Заев.

-Поминавме илјадници километри , разговаравме со илјадници наши сограѓани разочараност, депресија. Луѓето денеска буквално се депримирани од сите оние лажни ветувања, од сите оние неисполнети очекувања , од страна на Зоран Зарев и СДСМ. И штотуку сакав да ја кажам онаа добра вест каде што денеска низ цела Македонија се зборува по улиците и плоштадите гледам таа овдека пред мене дошла во Прилеп дека ние на 21 Април и % Мај победуваме браќа и сестри . А победата потоа ни носи предвремени парламентарни избори, народот да си ја врати државата таму каде што и е местото да ја земеме државата од овие измамници потенцираше Мицкоски.

Тој истакна дека граѓаните имаат историска шанса за да си ја вратат повторно државата од пепел. Исто така Мицкоски појасна дека катастрофалната и очајна состојба во која се наоѓа државата е резултат на лошите политики на владејачката гарнитура на Зоран Заев и СДСМ.

-Да ја земеме државата од овие измамници, од овие криминалци кои што ја запустија домашната економија која што ја понижија државата. Попусти ви се сите нарачани анкети, попусти ви се сите оние статуси на фејсбук вистинската анкета ќе ја слушнете на 21 Април. Имаме историска шанса на оваа генерација Македонци дојде аманетот да стане вистина а тоа е повторно да си ја креваме државата од пепел онаа пепел која што ќе ни ја остават овие од СДСМ на чело со Зоран Заев – кажа Мицкоски.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ додаде дека СДСМ немаат ништо направено и дека воопшто не ги исполнија ветувањата кои ги дадоа пред граѓаните.

-Се сеќавате шетаа бојадисуваа, уништуваа, кршеа по плоштадите, ветуваа правда ветуваа живот ветуваа мир, а донесоа пекол: Пекол донесоа во Република Македонија, Прилеп го претворија во најнебезбеден град во Македонија. Хараат силеџии. Луѓе кои што го тероризираат градот. Тоа е вистината Немаат ниту шајка убодено а и таа шајка што ја ставија ја украдоа. За такви луѓе станува збор, истакна Мицкоски.

Мицкоски појасни народот на 21 Април ќе ја земе судбината во свои раце и ќе го победи катастрофалното владеење на СДСМ со пенкало и со глас за кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова.

10- годишно дете од САД си пресудило по малтретирањето на училиште-родителите 20 пати се жалеле

Десетгодишно момче од Индијана извршило самоубиство откако наводно било ужасно малтретирано на училиште, додека неговите родители тврдат дека 20 пати се пожалиле во училиштето.

Семи Теус се самоубил на 5 мај, а според неговото семејство бил малтретиран до ноќта пред смртта.

Неговите родители Сем и Никол тврдат дека момчето било физички и психички малтретирано на училиште, а наводно неодамна го претепале во училишниот автобус.

Малтретирањето започнало минатата година кога тој се префрлил во училиштето, пишува Дејли Мејл.

Според семејството, Сем 20 пати им кажал на наставниците и на другите вработени во училиштето за злоупотребата.

„Најпрвин го исмејуваа поради очилата, потоа поради забите. Тоа траеше долго. “, рече таткото на Семи.

Злоставувањето потоа станало физичко.

„Го претепаа во автобус, децата му ги скршија очилата. Се јавив во училиштето, ги прашав што ќе прават во врска со тоа, стануваше сѐ полошо и полошо“, рекол таткото.

Според него, училиштето знаело што се случува, а злоупотребата низ училиштето и во автобусот се проширила на социјалните мрежи.

Училиштето соопштило дека неговите родители ја пријавиле смртта како самоубиство и ги истражуваат тврдењата за злоупотреба.

Истрагата продолжува.

Скандалозен исказ на таткото, кој ги држел своите деца како заложници и пукал со калашников

Алекс Марку (40), кој ноќта меѓу вторникот и средата во Драч со часови ги држеше како заложници во станот своите две мали деца, додека пукаше со калашников, дал изјава во полиција.

Алекс Марку (40), кој ноќта меѓу вторникот и средата во Драч со часови ги држеше како заложници во станот своите две мали деца, додека пукаше со калашников, дал изјава во полиција и тврди дека направил сѐ за „да ги заштити децата од љубовник на жената“, објави Политико.

Марку рекол дека имал проблеми со сопругата и дека, како што тврди, таа нашла друг маж.

Таткото, кој испукал најмалку 18 истрели во станот и од балконот во Драч, тврдел дека ги зел децата „за да ги држи подалеку од момчето на жената“. Потоа, како што тврди таткото, „новиот дечко на неговата сопруга дошол да го нападне“.

Потоа, како што рече, со калашников излегол на терасата.

„Четири дена бев во стан на плажа со моите деца и сѐ беше супер. Жена ми побегна во Италија и малку се каравме. Последен пат кога се скаравме, таа отпатува за Италија и јас ги зедов децата и дојдовме во Драч.“

Марку рекол дека сѐ ескалирало кога „љубовникот дошол кај него“.

„И тогаш нејзиниот љубовник доаѓа да ме нападне во куќата и затоа пукав. Не сакав да има врска со децата. Го однесов детето на тераса кога пукав, па можеше да види дека никогаш не сум бил насилен кон децата“, тврди таткото, кој беше уапсен вчераутро по неколкучасовни преговори.

Медиумите јавуваат дека децата, кои биле извлечени неповредени од станот, сега се со својата мајка и го напуштиле Драч.

Не се знае со каква казна се соочува таткото.

Аеродромски работник падна од авион- му се лизнаа скалилата кога сакал да излезе (ВИДЕО)

Еден од работниците на аеродромот во Џакарта паднал од паркиран авион.

Скалите со помош на кои требало да го напушти леталото се лизнале непосредно пред да излезе, а бидејќи не забележал – паднал на земја.

Инцидентот, наводно, се случил на аеродромот во главниот град на Индонезија, Џакарта (CGK), кога еден од аеродромските работници излегувал од Airbus A320 (PK-TLB) на TransNus (8B), објави Aviation24. Видео кое кружи на социјалните мрежи јасно покажува како работниците на аеродромот ги отстрануваат скалите за качување/симнување додека човекот го напушта авионот.

Без поддршка на левата нога, работникот испаднал од авионот и завршил на земја.

Иако не се знае многу за здравствената состојба на работникот, голем број на специјализирани воздухопловни портали и профили на социјалните мрежи пишуваат дека тој скршил неколку коски и дека неговиот живот не е во опасност.Aviation24 јавува дека индонезиските власти започнале истрага за инцидентот.

Прагот на вратата на Ербас А320 е повеќе од три метри над земјата.

притисни ентер