Мицкоски во Крушево:Доаѓа правдата и правдата ќе ја победи неправдата во Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, денеска се обрати пред граѓаните во Крушево, се наведува во партиското соопштение.

Тој од Крушево истакна дека професорката Гордана Силјановска Давкова победува на 21 Април и на 5 Мај.

-Пристискаа, се закануваат, уценуваат, злоупотребуваа денеска гледам ги вклучија и медиумите и главните уредници на медиумите, оние скапо платените медиуми на СДСМ, лиферуваат анкети, ама не разбираат дека вистинската анкета ќе ја видат на 21 Април, каде најголемата коалиција на Република Македонија ќе им ја испорача вистинската анкета, рече Мицкоски.

-Дојде време за политичка пензија господине Заев, но ние ви ветуваме дека таа политичка пензија нема да ви биде спокојна, бидејѓи за сиот криминал што го сторивте изминативе две години за сета неправда, за сите понижувања и омаловажувања ќе одговарате пред законите од првиот па до последниот, па ќе имате време и за потпевнување и за себехрабрење и за бодрење, затоашто доаѓа правдата и правдата ќе ја победи неправдата во Македонија. А неправда има многу, не само во оваа кампања туку и пред кампањата, потенцираше Мицкоски.

Претседателот Мицкоски од Крушево зборуваше за сите неисполнети ветувања, нереализирани очекувања, сите оние лаги, сиот оној криминал којшто се насобрал во овие две години во Република Македонија, а основен генератор е тој кој ветуваше дека ќе ја донесе правдата, мирот и живот во Македонија. Но, наместо живот пекол донесоа во Македонија.

-На оваа генерација повтоно и падна честа да ја крене Македонија од пепелта којашто ќе ја наследиме и ќе ни ја остави Зоран Заев и СДСМ . Затоа треба да се бориме за да победиме за на крај да можеме Македонија да ја креваме од пепел, затоашто се плашам дека ќе немаме втора шанса, затоашто ако оваа шанса не ја искористиме, ако оваа шанса не победи се плашам дека ќе нема следна можност. Јасно е дека тука во Крушево ќе победи Македонија, и јасно е дека гласот којшто сакав да го донесам, пред мене стигнал во Крушево, дека ВМРО-ДПМНЕ победува. Но, мораме да победиме затоашто и веднаш потоа после поразот на 5 мај ќе бидат распишани предвремени парламентарни избори за да можеме назад на народот да ја вратиме државата, посочи Мицкоски

Мицскоски пред граѓаните во Крушево зборуваше за сета неправда во Македонија, и ги посочи:

-Неправда е она секојдневие коешто го живеат граѓаните. Mе среќаваат луѓе насекаде и ми велат ветуваа поголеми пензии кога беа опозиција, а денеска што направија и тие скромни и мали пензии коишто ги имаме и тие ни ги намалија, тоа е неправда

-Неправда е кога ќе ветуваат дека ќе имаме загарантиран откуп за земјоделите, дека ќе има зголемени субвенции, дека ќе има поддршка за земјоделците. Неправда е кога ги гледаме оние луѓе во Ресен како ги сечеа дрвата кои род требаа да родат

-Неправда е кога се полни амбарите во Кочани, оризот нема кој да го откупи , неправда е кога во Малешевијата и Пијанец луѓето го истураат родот во коритата на реките затоашто нема кој да го откупи тој род

-Непрвда е кога оние во Росоман праските ги истураат покрај патот, а им ветуваа на луѓето само за пуста власт и пусти пари дека кога ќе дошле на власт, веднаш целиот откуп ќе почнел да тече и немало да има неоткупен земјдоелски прозивод

-Неправда е кога ни ветуваа дека ќе има работа за сите и ќе отвараат работни места. Од опозиција ветуваа дека имаат јасен план за живот за Макодонија, а денеска е пекол во реалниот живот и ако не си седми братучед на Мира Дизел тешко дека ќе се вработиш и ќе најдеш работно место

-Непрвда е кога ветуваа дека ќе ги реновираат болниците и ќе отварат нови, дека ќе дадат 100.000 просечна плата за докторите, а денеска кога се власт никаде ги нема тие 100.000 декари, па затоа ќе ги затвараат болниците или истите ќе ги приватизирале

-Неправда е кога на студентите ќе им ветувате реновирани студенски домови , поквалитетно образование, реновирани училишта, а денеска ги гледаме студентите како во 19 век под свеќа ги подгвотвуваат испитите и бога молат побрзо да завршат со студирањето за да ја напуштата Македонија. Јас ќе ви пренесеа 5 од 10 од моите дипломци одлучуваат да ја напуштат Македонија затоашто не гледаат перспектива и иднина во Македонија

Мицкоски упати прашање до кога господата од СДСМ ќе се срамуваат да пеат „ Денес над Македонија се раѓа“и дека „Македонците се борат за своите правдини“.

-Денеска е годишнина од насилството на Смилковско езеро, од смртта на тие дечиња. Се сеќавате кога беше опозиционер на безсрамен начин даваше изјави дека луѓето коишто се осудени дека тоа го направиле тоа злосторство не се тие, дека биле други. Денеска ќе го потсетиме и на таа лага. Што направи кога дојде на местото коешто е сега. Веднаш ги ослободи тие луѓе и тие луѓе избегаа од Македонија.Таа неправда продолжи со Мартин Нешковски, со Мартин Јанушев со малиот Саздо, каде се сторителите, луѓето кои ги одзмеаа тие човеки животи. Тие луѓе денска шетаа слободно затоашто се блиски до деспотот Заев, посочи Мицкоски.

Мицкоски од Крушево порача дека овој народ е како пиреј и еден да остане нема да му го заборави ова и нема да помине неказнет .

-Ајде заедно да ја градиме новата иднина, ајде заедно да се бориме сонот за Македонија да стане јаве. Ајде да ја донесеме правдата во Македонија. Ајде да победиме во нашата битка за нашиот сон да стане јаве затоашто не победуваат ниту побројни, ниту помоќни, туку мотивирани храбри како вас и подговени цврсто решени да победат . Да ставиме крај на ова зло што денеска надвиснало над Македонија, додаде Мицкоски.

10- годишно дете од САД си пресудило по малтретирањето на училиште-родителите 20 пати се жалеле

Десетгодишно момче од Индијана извршило самоубиство откако наводно било ужасно малтретирано на училиште, додека неговите родители тврдат дека 20 пати се пожалиле во училиштето.

Семи Теус се самоубил на 5 мај, а според неговото семејство бил малтретиран до ноќта пред смртта.

Неговите родители Сем и Никол тврдат дека момчето било физички и психички малтретирано на училиште, а наводно неодамна го претепале во училишниот автобус.

Малтретирањето започнало минатата година кога тој се префрлил во училиштето, пишува Дејли Мејл.

Според семејството, Сем 20 пати им кажал на наставниците и на другите вработени во училиштето за злоупотребата.

„Најпрвин го исмејуваа поради очилата, потоа поради забите. Тоа траеше долго. “, рече таткото на Семи.

Злоставувањето потоа станало физичко.

„Го претепаа во автобус, децата му ги скршија очилата. Се јавив во училиштето, ги прашав што ќе прават во врска со тоа, стануваше сѐ полошо и полошо“, рекол таткото.

Според него, училиштето знаело што се случува, а злоупотребата низ училиштето и во автобусот се проширила на социјалните мрежи.

Училиштето соопштило дека неговите родители ја пријавиле смртта како самоубиство и ги истражуваат тврдењата за злоупотреба.

Истрагата продолжува.

Скандалозен исказ на таткото, кој ги држел своите деца како заложници и пукал со калашников

Алекс Марку (40), кој ноќта меѓу вторникот и средата во Драч со часови ги држеше како заложници во станот своите две мали деца, додека пукаше со калашников, дал изјава во полиција.

Алекс Марку (40), кој ноќта меѓу вторникот и средата во Драч со часови ги држеше како заложници во станот своите две мали деца, додека пукаше со калашников, дал изјава во полиција и тврди дека направил сѐ за „да ги заштити децата од љубовник на жената“, објави Политико.

Марку рекол дека имал проблеми со сопругата и дека, како што тврди, таа нашла друг маж.

Таткото, кој испукал најмалку 18 истрели во станот и од балконот во Драч, тврдел дека ги зел децата „за да ги држи подалеку од момчето на жената“. Потоа, како што тврди таткото, „новиот дечко на неговата сопруга дошол да го нападне“.

Потоа, како што рече, со калашников излегол на терасата.

„Четири дена бев во стан на плажа со моите деца и сѐ беше супер. Жена ми побегна во Италија и малку се каравме. Последен пат кога се скаравме, таа отпатува за Италија и јас ги зедов децата и дојдовме во Драч.“

Марку рекол дека сѐ ескалирало кога „љубовникот дошол кај него“.

„И тогаш нејзиниот љубовник доаѓа да ме нападне во куќата и затоа пукав. Не сакав да има врска со децата. Го однесов детето на тераса кога пукав, па можеше да види дека никогаш не сум бил насилен кон децата“, тврди таткото, кој беше уапсен вчераутро по неколкучасовни преговори.

Медиумите јавуваат дека децата, кои биле извлечени неповредени од станот, сега се со својата мајка и го напуштиле Драч.

Не се знае со каква казна се соочува таткото.

Аеродромски работник падна од авион- му се лизнаа скалилата кога сакал да излезе (ВИДЕО)

Еден од работниците на аеродромот во Џакарта паднал од паркиран авион.

Скалите со помош на кои требало да го напушти леталото се лизнале непосредно пред да излезе, а бидејќи не забележал – паднал на земја.

Инцидентот, наводно, се случил на аеродромот во главниот град на Индонезија, Џакарта (CGK), кога еден од аеродромските работници излегувал од Airbus A320 (PK-TLB) на TransNus (8B), објави Aviation24. Видео кое кружи на социјалните мрежи јасно покажува како работниците на аеродромот ги отстрануваат скалите за качување/симнување додека човекот го напушта авионот.

Без поддршка на левата нога, работникот испаднал од авионот и завршил на земја.

Иако не се знае многу за здравствената состојба на работникот, голем број на специјализирани воздухопловни портали и профили на социјалните мрежи пишуваат дека тој скршил неколку коски и дека неговиот живот не е во опасност.Aviation24 јавува дека индонезиските власти започнале истрага за инцидентот.

Прагот на вратата на Ербас А320 е повеќе од три метри над земјата.

притисни ентер