Мицкоски во Кисела Вода:Заедно со овој народ ќе ви покажеме што значи вистинска сенародна победа

Мицкоски кажа дека сака да им соопшти на граѓаните на Кисела Вода  една вистина, а тоа е дека ВМРО ДПМНЕ победува  на чело со кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова на претседателските избори.

-Првата добра вест со која што ги почнувам митинзите ќе ја пренесам и овде во Кисела Вода која што секогаш била огромна моја инспирација. Некако митингот ми се погоди пред Пеленица, па еве ја користам оваа прилика да ве поканам во Сабота. А потоа од Пеленица на големиот сенароден митинг на идниот претседател на Републиката професорката Гордана Силјановска Давкова. Веста која што секаде низ цела Македонија се говори некаде гласно некаде тивко но вистината е дека на 21 Април и на 5 – ти Мај победуваме готово е . Готови се – појасна Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека народот е тој кој што треба да ги креира политиките, а не обратно односно да се креираат политики за народот без негова консултација како што е тоа сега случај со Владата на Зоран Заев.

-И додека Господинот Зоран Заев заедно со неговиот избраник Педаровски си потпевнуваат по некоја песничка и додека на луѓето им се закануваат дека ако не победел пред очи да не им излегле , ние сме заедно со народот и заедно со овој народ ќе ви покажеме што значи вистинска сенародна победа на најголемата коалиција во историјата на независна Република Македонија на 21 Април а потоа и на 5 -ти Мај. Народот е тој што ги креира и тезите и политиките ние сме тие кои што треба да бидат поразлични а не како што беше до сега неколкумина позади фино оптегнати во кожни фотелји и креираат политики а овие другите се само гласноговорници и тие политики му ги соопштуваат на народот без да се консултираат без да го прашаат народот што мисли за тие политики. Е овој пат браќа и сестри ќе дојде поинаква реалност во Македонија каде што политичарите ќе се одликуваат со сопствената честитост , каде што зборот на политичарот ќе држи и каде што политиките политичарот ќе ги гради заедно со граѓаните и помеѓу граѓаните изјави Мицкоски.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски потенцираше дека ИТ компаниите ги селат своите фирми а младите си заминуваат од државата . Мицкоски кажа дека поразителните политики на Владата предизвикале да ни се случат празни градови поради зголемената иселеност .

-Денеска гледаме како ИТ компаниите го селат својот бизнис а нашите програмери нашите инженери остануваат без работа и ја напуштаа Македонија односно државата. Тоа што порано беше празни села е стара вест сега се празни градовите кажа Мицкоски.

Христијан Мискоски кажа дека кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова не е случаен избор на ВМРО ДПМНЕ. Мицкоски потенцираше дека професорката Гордана ги има сите човечки и професионални капацитети да ја извршува функцијата претседател на државата.

-Гордана Силјановска Давкова е жена, професор , сестра, колешка, мајка, сопруга, сосетка која што е почитувана од сите сограѓани, пријатели колеги онаму каде што функционира. Затоа што Гордана Силјановска Давкова е најинспиративниот професор на правниот факултет затоа што Гордана Силјановска Давкова не се срами да го пренесе своето знаење на помладите колеги, затоа што Гордана Силјановска Давкова кога требаше беше во првите редови и застана во одбрана на државниот и националниот интерес прво во 2004 година и сега во 2018 година – додаде Мицкоски .

ОЦХА: Отстранувањето на експлозивните направи во Појасот Газа ќе трае 14 години

Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (ОЦХА) соопшти дека отстранувањето на бомбите и другите видови неексплодирани смртоносни средства во Појасот Газа може да потрае 14 години.

Според процените на ОН, за време на војната во Појасот Газа настанати се 37,5 милиони тони урнатини, а поголемиот дел од нив е покриен со бомби и други видови муниција кои не експлодирале.

ОЦХА соопшти дека околу два милиони луѓе или половина од населението на Појасот Газа, нашле засолниште во Рафа, но немаат пристапат до основните потреби како што се здравствена заштита, чиста вода и санитарни објекти. /МИА

МП: Дозволена е екстрадицијата на Љупчо Палевски, првоосомничен за убиството на Вања и Панче

Министерството за правда информира дека е добиено  официјално известување дека екстрадицијата на Љупчо Палевски е дозволена.

Турските власти уште во февруари му ветиле на министерот за правда Кренар Лога дека во брзо време во земјава ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски Палчо, но иако му бил посочен и рок, тој не сакаше да сподели кога ќе се случи тоа бидејќи се уште траат административните процедури.

Инаку, веќе е завршена судската процедура за Палевски, кој е првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Додека се чека на екстрадицијата на Палевски, од притвор излезе таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, на кого Врховен му ја прифати жалбата, а осомничените за соучесништво Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски остануваат во притвор.

По три месеци поминати во притвор возачот Стефан Димковкси кој го превезуваше Палевски низ Србија Бугарија и Турција, беше пуштен да се брани од слобода и му беа определени мерки на претпазливост.

Зеленски: Украина ќе влезе во НАТО по победата во војната со Русија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски е убеден дека Украина ќе се приклучи во НАТО по победата во војната со Русија.

Зеленски го изјави ова за време на состанокот со офицери кои минуваат курсеви за професионално воено образование според стандардите на НАТО, со учество на генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

„Според мое лично мислење, ние ќе бидеме во НАТО дури кога ќе победиме“, нагласи Зеленски. /МИА

притисни ентер