Мицкоски во Давос на панел заедно со американскиот секретар за енергетика, Крис Врајт - Канал 5

Мицкоски во Давос на панел заедно со американскиот секретар за енергетика, Крис Врајт

Од Давос Мицкоски на панел заедно со американскиот секретар за енергетика, Крис Врајт, дијалог за инвестиции и нови порти за развој.

Мицкоски во Давос на панел заедно со американскиот секретар за енергетика, Крис Врајт

„Денес имавме би рекол многу успешни и инспиративни средби со голем број мултинационални компании. Теми коишто беа опфатени се темите од областа на енергетиката, здравството и високата технологија. Се разбира од наша страна беа претставени можностите за инвестиции во Македонија, во македонската економија, нешто што ќе значи додадена вредност за македонските граѓани.

На она на коешто посебно би сакал да се задржам е вториот дел од денот, односно панелот за енергетика каде што бев активен учесник и говорник заедно со секретарот за енергетика на САД г. Рајт. Панел на коешто учество зема буквално светското водство во енергетскиот бизнис, компании коишто доаѓаат од сите континенти, компании чиишто обрти се движат во рамките на илјадници милијарди. Таму разговаравме за очекувањата и плановите за развој на енергетиката во годините коишто следат, енергетиката од областа на производство на електрична енергија, зошто токму областа на производство на електрична енергија.

Она коешто можам да го заклучам како резултат на овој панел за енергетика се три работи.

Првата работа е дека во годините коишто следат, потребата од енергија во светот ќе расте, но два ипол пати побргу ќе расте потребата од електрична енергија и тука ние како Македонија како држава не смееме да бидеме нем набљудувач, туку треба да бидеме активен чинител и активен учесник и тука повторно ќе треба да ги рестартираме сите оние можеби заборавени енергетски проекти од минатото како што се Чебрен и Галиште, Бошков Мост и останатите, и да го понудиме потенцијалот за инвестиции во обновливи извори на енергија на голем број од инвеститорите коишто покажаа несомнен интерес во дискусиите после завршувањето на панелот.

Втора работа којашто исто така е значајна е дека во следните десет години, производните капацитети коишто треба да бидат изградени, коишто треба да произведуваат во светот електрична енергија ќе треба да произведат вкупно 40.000 терават-часови електрична енергија. Колкава е таа количина на електрична енергија, тоа е пет ипол илјади пати повеќе отколку што денеска Македонија троши електрична енергија и некаде отприлика онолку колку што денеска САД, Канада, ЕУ и Јапонија заедно трошат. Зошто е ова потребно? Зошто во годините коишто следат развојот на човештвото ќе опфаќа развој на вештачка интелигенција, а со тоа и центрите за податоци или т.н. дата центри коишто работат, не на енергија туку на електрична енергија.

Тоа се трите факти коишто се многу важни и ние како држава треба тој чекор да го следиме и во таа насока да ја развиваме нашата економија. Од економија којашто се темелеше на развој на автомобилската индустрија, да го диверзифицираме своето портфолио и да бидеме значаен чинител имајќи ги предвид перформансите и потенцијалот коишто го нудиме во дел и секторот на енергетика. Јас сум убеден дека тоа како држава можеме да го направиме, јас сум убеден дека ние како држава ќе успееме во таа намера.“

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одговор од Москва за Марин Ле Пен (ВИДЕО)

Русија не претставува закана за Франција или за која било друга европска земја, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, отфрлајќи ги тврдењата на раководството на партијата „Национален собир“.

Одговор од Москва за Марин Ле Пен (ВИДЕО)

Песков наведе дека Москва не ги прифаќа таквите критики.

„Не се согласуваме со таа изјава. Русија не ѝ се заканува на Франција ниту на која било друга земја во Европа. Претседателот Путин тоа го има нагласено повеќепати. Немаме спорови со европските држави што би можеле да доведат до сериозни несогласувања“, рече Песков.

„Според тоа, Русија апсолутно не претставува закана; таа никого не заплашува ниту уценува. Затоа, категорично не се согласуваме со таквите изјави. Не ги прифаќаме“, додаде тој.

Во заедничката изјава објавена за време на викендот, претседателската кандидатка Марин Ле Пен и претседателот на партијата, Жордан Бардела, изјавија дека „никогаш нема да толерираат странска сила – во овој случај Русија – да се обидува да ја диктира политиката на нашата земја, директно или индиректно, преку заплашување, закани, дестабилизација или психолошки притисок“.

Ова претставува промена во однос на претходниот, поблаг став на партијата кон Москва.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Убил три девојчиња во Саутпорт, истурил врела вода врз затворски чувар

Аксел Рудакубана, осуден за убиство на три девојчиња и обид за убиство на уште десет лица во Саутпорт, е обвинет за нови напади извршени додека бил во затвор.

Убил три девојчиња во Саутпорт, истурил врела вода врз затворски чувар

Тој се товари дека истурил врела вода измешана со шеќер врз чувар во затворот „Белмарш“ и дека нападнал друг службеник, пренесува „Скај њуз“.

Пред Судот за прекршоци во Вестминстер денеска беше изнесено дека на 8 мај минатата година, Рудакубана истурил врела течност врз затворски чувар низ отворот на вратата од својата ќелија. Брзата медицинска интервенција спречила трајни повреди. Обвинителката Кетрин Патисон изјави дека, неколку дена претходно, Рудакубана ѝ се заканил на една чуварка, велејќи дека ќе ја „полие“ доколку не му донесе весник. Подоцна тој истурил непозната течност врз неа, иако тоа не предизвикало повреди.

Обвинителите исто така го товарат дека удрил чувар на 28 октомври 2025 година. Инцидентот се случил кога службеникот го запрел додека се обидувал да ја избегне контролата за земање лекови. Патисон додаде дека во јуни минатата година, во ќелијата на Рудакубана биле пронајдени наострени парчиња камен, заглавени под една полица.

Се верува дека тој ги извадил од подот. Кога чувар го прашал за тоа, Рудакубана рекол дека ги чува за самоодбрана. По нападот со врела вода, тој тврдел дека чуварите му ја трујат храната. Рудакубана е обвинет за обид за нанесување тешка телесна повреда, напад врз службено лице и поседување оружје во затворот. Тој е задржан во притвор и треба да се појави пред судот „Олд Бејли“ на 19 октомври.

Дваесетгодишниот Рудакубана издржува доживотна казна затвор за убиствата на деветгодишната Алис да Силва Агијар, шестгодишната Бебе Кинг и седумгодишната Елси Дот Станкомб. Тој исто така беше осуден за обид за убиство на уште осум деца и двајца возрасни. Нападот се случи на 29 јули 2024 година, за време на час по танц со музика на Тејлор Свифт.

Тој беше префрлен во болница. Во јули оваа година, Министерството за правда потврди дека Рудакубана е префрлен од затворот со високо обезбедување „Белмарш“ во психијатриската болница „Бродмур“. Болницата, која се наоѓа во Беркшир, е најстарата од трите британски психијатриски установи со високо обезбедување.

Во неа биле сместени некои од најозлогласените криминалци, како што се Рони Креј и серискиот убиец Питер Сатклиф. Согласно Законот за ментално здравје, одлуките за префрлање на затвореник во установа со високо обезбедување ги носат службени лица кои постапуваат во име на министерот за правда, врз основа на стручно медицинско мислење.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Романски екстремно десничарски политичар приведен поради измама, планирал и државен удар

Романските власти денеска покренаа нови обвиненија против поранешниот екстремно десничарски претседателски кандидат Калин Џорџеску.

Романски екстремно десничарски политичар приведен поради измама, планирал и државен удар

Тој е задржан во 24-часовен притвор поради обвинувања дека тој и уште двајца осомничени измамнички прибавиле 1,1 милион евра и ги искористиле средствата за финансирање изборна кампања, пренесува ДПА.

Џорџеску, познат како политичар наклонет кон Кремљ, неочекувано освои најмногу гласови на претседателските избори во Романија во 2024 година. Уставниот суд ги поништи изборите поради недостаток на транспарентност во финансирањето на неговата кампања, а гласањето беше повторено во 2025 година.

Обвинителите денеска девет часа го пребарувале неговиот дом, по што осомничениот бил одведен на испрашување.

Измамата вклучувала ветување од страна на осомничениот и неговите соучесници до еден бизнисмен во 2021 година дека ќе му обезбедат заем од странска банка.

Тој ја задржува поддршката од втората најсилна политичка сила во парламентот

За возврат, тие побарале гаранција од 1,1 милион евра од бизнисменот;,според Дирекцијата за истрага на организиран криминал и тероризам (DIICOT), тој ја платил сумата, но парите никогаш не му биле вратени.

Истрагата започнала во 2024 година по пријава поднесена од измамениот бизнисмен, јавуваат романските медиуми.

Се очекува Џорџеску да одговара и за обид за вооружен државен удар, кој наводно го планирал заедно со платеник претходно активен во Африка.

И покрај тоа, тој продолжува да ја ужива поддршката на романската екстремно десничарска партија АУР, втората најсилна политичка сила во парламентот, пренесува ДПА.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер