Мицкоски во Брвеница: Секој кој зборува за етнички поделби не му мисли добро ниту на Македонецот ниту на Албанецот - Канал 5

Мицкоски во Брвеница: Секој кој зборува за етнички поделби не му мисли добро ниту на Македонецот ниту на Албанецот

Секој што зборува за етнички поделби не им мисли добро ниту на Македонците ниту на Албанците. Вака премиерот и претседател на ВМРО ДПМНЕ ги оцени повиците на кандидатите ВРЕДИ и ДУИ од нивната заедничка мисија во дијаспората.

Мицкоски во Брвеница: Секој кој зборува за етнички поделби не му мисли добро ниту на Македонецот ниту на Албанецот

Секој што зборува за етнички поделби не им мисли добро ниту на Македонците ниту на Албанците. Вака премиерот и претседател на ВМРО ДПМНЕ ги оцени повиците на кандидатите ВРЕДИ и ДУИ од нивната заедничка мисија во дијаспората да се гласа за кандидатот Албанец во Брвеница. Мицкоски а и кандидатот за градоначалник на Брвеница од неговата партија Јовица Илиевски, сметаат дека жителите на оваа општина ќе ги отфрлат ваквите повици да се гласа по етничка линија.

-Со жалење го слушав сето она што противкандидатот на Јовица го кажуваше во една егзалтирана состојба, не знам дали беше тоа специфичен момент за него но мислам дека направи голема грешка. Направи една голема грешка пред се за кандидатите за градоначалници од истата онаа коалиција за која тој настапува. Замислете што ќе се случува сега во Тетово, во Дебар, Струга и неколку други општини. Така што толку себичен потег од политичар до сега од поновата историја Македонија до сега не видела. Да влегува да мисли само за себе и својот кусоглед интерес а притоа да ги занемари сите останати кои се борат во вториот круг за градоначалнички мандат,- изјави – Христијан Мицкоски – Претседател на ВМРО ДПМНЕ .

-Општина Брвеница и јас како градоначалник без разлика на етничка верска припадност фокусирани сме на проекти сакаме да продолжиме во тој тренд. Значи улици, патишта без разлика на село, на население, сите се рамномерно застапени во општинава. Овие повици на поделба на никого не носат добро, населението докажа и во првиот круг, и тогаш имавме албански гласови и сега ги очекувам и уште еднаш повик до сите, не сме за омраза не сме за поделба. Брвеница е мултиетничка средина така и ќе остане,- изјави – Јовица Илиевски – Кандидат за градоначалник на Брвеница.

Мицкоски и покрај првичниот став на Биљал Касами дека во вториот круг ќе го поддржат Фатмир Дехари за Кичево, смета дека со партиското соопштение ВРЕДИ јасно дале до знаење дека сепак нема да го поддржат.

Во однос на повиците за предвремени парламентарни избори, Мицкоски рече дека останува на ставот дека не се потребни, но им порача на лидерите од опозицијата да внимаваат што посакуваат бидејќи, како што рече, тоа може и да им се исполни.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Карлеуша: „Ако сакав да тепам проститутки...“

Српската пејачка Јелена Карлеуша го обвини својот екс сопруг , поранешниот фудбалер Душко Тошиќ дека ја нападнал неа и нејзиното момче! Таа откри и дали неговата нова девојка Нора е сè уште во брак.

Карлеуша: „Ако сакав да тепам проститутки...“

Јелена Карлеуша се огласи на својот X профил, откако нејзиниот поранешен сопруг Душко Тошиќ за прв пат објави фотографија со својата нова девојка Нора.

Контроверзната Карлеуша не штедеше зборови за својот поранешен сопруг, а откри и дека Нора е сè уште во брак.

- Никогаш физички не би го нападнала мојот поранешен сопруг и неговата мажена девојка на начинот на кој тој нè нападна мене и моето момче иако долго време бевме разведени (претпоставувам дека ќе го стори тоа и нејзиниот сопруг).

Ако сакав да тепам проститутки, ќе почнев од Турција. Но, ги сакам новинарите кои се тркаат наоколу, ги фалат моите бивши, а воедно имаат амнезија за годините злоупотреба. Поради ова, ниту еден новинар нема да добие изјава од мене повторно. Сега нека ви ја дадат Карлеуш од Тему - напиша ЈК.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Минијатурни бикини, градите и задникот во преден план

Една од сестрите Кардашијан - Џенер, атрактивната Кајли моментално престојува на егзотичните острови Туркс и Кајкос, каде што го користи своето слободно време за одмор, релаксација и правење секси фотографии. 

Фото: Минијатурни бикини, градите и задникот во преден план

Фотографиите од младата бизнисменка повторно привлекоа големо внимание на социјалните мрежи, но очигледно нејзе не ѝ пречат коментарите.

Напротив, таа продолжува да споделува слики од својот одмор и ужива во секој момент.

Кајли редовно ги информира своите следбеници за тоа како ги поминува деновите, па нејзините профили во последните денови се полни со фотографии од плажата и базенот.

Кајли ги радува фановите со фотки во минијатурни бикини на кои во преден план се нејзините бујни облини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Рафаел Надал го прослави својот 40-ти роденден: Воодушеви со синовите и сопругата

Еден од најдобрите тенисери во историјата Рафаел Надал слави важна лична годишнина.

Фото: Рафаел Надал го прослави својот 40-ти роденден: Воодушеви со синовите и сопругата

Тенискиот шампион Рафа надал го прослави својот 40-ти роденден во интимна атмосфера со сопругата и нивните два мали сина, Рафаел Џуниор и Микел.

Тениската легенда го одбележа својот 40-ти роденден со многу ретки фотографии со сопругата Марија Франциско Перело и нивните две мали деца.

Рафаел зрачеше од среќа на прекрасна фотографија со своето семејство додека го прославуваа посебниот ден дома со чоколадна торта. Поранешниот тенисер, кој ги замагли лицата на своите деца, го држеше својот постар син, тригодишниот Рафаел Џуниор, во скут, додека неговата сопруга го држеше нивниот помлад син Микел во раце.

На друга ретка фотографија, Надал позира со широка насмевка додека во рацете ги држи синовите пред декорација со балони подготвена за да го прослави неговиот 40-ти роденден.

Тој исто така сподели трогателни видеа од неговите најблиски како ја пеат роденденската песна и го прегрнуваат.

„Ви благодарам на сите за желбите за роденденот. Беше многу посебен ден, опкружен со целото мое семејство“, напиша Надал под објавата.

Инаку Рафа и убавата Франциска својата вфрска ја започнаа пред повеќе од две децении во 2005 година.

За прв пат заедно се појавија на црвениот тепих во 2011 година.

Двојката беше заедно 14 години пред свадбата, а судбоносното „да“ го кажаа во Шпанија во октомври 2019 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер