Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на власт и по 2028 година, за еу нема да водиме мекотелна политика - Канал 5

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на власт и по 2028 година, за еу нема да водиме мекотелна политика

Евроинтеграциите, платите и пензиите беа дел од темите кои се најдоа на денешните пратенички прашања во Собранието.

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на власт и по 2028 година, за еу нема да водиме мекотелна политика

Претседателот на СДСМ Венко Филипче ја обвини власта дека не прави ништо за подобрување на стандардот на работниците и пензионерите а праша и зошто нема напредок во евроинтеграциите и зголемување на инвестициите во земјава.

-Ги оставија работниците без зголемени плати, имаат проблеми во секојдневниот живот, не може да врзат крај со крај, тие не протестираат, тие протестираат поради вистински проблем, викате требало да се почитуваат законите, зошто не ги почитувате за пензионерите? Зошто направивте таков упад? Што да се каже за европската интеграција, јасно е, јасно и гласно кажавте дека чекор напред земјава нема да направи. Да не зборуваме за инвестиции, нема никакви инвестиции, ни во енергетика ни во технологија, посебно е проблематичен секторот енергетика.изјави – Венко Филипче – Претседател на СДСМ.

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека оваа Влада ги покачила пензиите и договорила раст на платите со партнерите во јавниот сектор и потенцираше дека ќе продолжи да работи во интерес и на пензионерите и на работниците. Во однос на евроинтегративниот процес рече дека нема да води политика како претходната влада.

-Јас навистина жалам што повторно ги напаѓате пензионерите и ние ќе продолжиме да работиме во интересот на пензионерите исто како што ќе продолжиме да работиме за интересот на сите работници, последните податоци на ДЗС велат дека во минатата година просечната плата е зголемена за 9.6%. За ЕУ ние нема да водиме мекотелна политика, сто пати ви кажав. Вие сте мекото ткиво и се додека давате вакви изјави, ќе имаме политичари од Бугарија кои што ќе знаат дека има меко ткиво во македонскиот национален идентитет и ќе се обидуваат секогаш да играат на картата на помал отпор. Во енергетика можеме лекции да ви држиме, за било која тема, а за инвестициите ве канам еве на пролет да ја видите инвестицијата која ја донесовме да ја видите.изјави – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада.

Филипче упати и критики на предлог законот за високо образование, Мицкоски за состојбите во образованието ја обвинии поранешната министерка Рената Дескоска и законот донесен во нејзино време.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Љубомир Гајдов вечерва во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гостин ќе биде Љубомир Гајдов

 Љубомир Гајдов вечерва во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана Тасева

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кога обврските ја потиснуваат романтиката

 – Како повторно да внесете блискост во односот

Кога обврските ја потиснуваат романтиката

Стресот поради работата, семејните обврски и секојдневните проблеми не влијаат само на сонот и расположението, туку може да ја ослабат и желбата за блискост.

Кога сме исцрпени и постојано размислуваме на обврските, тешко ни е да се опуштиме и да уживаме во времето што го минуваме со партнерот.

Зошто стресот влијае на желбата за интимност?

Кога сме под притисок, организмот се подготвува да се соочи со предизвиците, па тешко се опуштаме. Повишеното ниво на кортизол и адреналин влијае на сонот, расположението и енергијата, што се одразува на партнерскиот живот.

Долготрајната напнатост често носи умор и раздразливост, и чувство дека немаме доволно време за себе. Кога сме исполнети со грижи, често немаме енергија за нежност, романтика и заеднички моменти.

Хормонaлните промени, особено симптомите на перименопауза и менопауза, промените во нивото на естроген, како и физичките тегоби за време на односот, кои не треба да се занемаруваат, влијаат на желбата, Сепак, намалената желба не значи автоматски дека привлечноста исчезнала или да врската е во криза. На неа влијаат и здравствената состојба, квалитетот на сонот, одредени лекови и емоционални проблеми поради што важно е да се согледа целокупната ситуација.

Како повторно да се разбуди блискоста?

Првиот чекор е да најдете начин да ја намалите секојдневната напнатост. Прошетка, вежби со дишење, јога или активност која ви причинува задоволство, сето тоа може да ви помогне да се опуштите и да се одвоите од проблемите што ве преокупираат.

Важно е да разговарате со партнерот без обвинување и создавање дополнителен притисок. Објаснете како се чувствувате, сослушајте ја неговата перспектива и заедно размислете што би можеле да промените за да имате повеќе време еден за друг.

Не мора веднаш да планирате големи романтични гестови. Заедничката прошетка, вечера, прегратка или разговор без телефони може да ви помогне повторно да се поврзете. Нежноста не мора секој пат да води кон интимен однос, а токму отсуството на очекување може да помогне во опуштањето.

Обидете се да го подобрите квалитетот на сонот и да најдете рамнотежа помеѓу обврските и одморот. Редовното движење, сонот и времето посветено на себе може да придонесат за подобро расположение и поголема енергија, што позитивно се одразува на односот со партнерот.

Ако намалената желба трае, предизвикува незадоволство и влијае на вашиот однос, разговарајте со лекар за можните причини. Особено е важно да побарате помош ако се јавува болка и изразена непријатност во текот на интимниот однос.

Блискоста не се мери со честите интимни односи, туку со чувството на сигурност, разбирање и поврзаност. Кога ќе си дадете доволно време себеси и на партнерот, ќе разговарате отворено без да создавате дополнителен притисок, полесно ќе најдете начин повторно да уживате во заедничките моменти, пренесува Ordinacija.hr

Извор: srecne.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер