ДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти!
1ДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти!
ЕкономијаМицкоски: Владата нуди своја формула за пресметување на покачувањето на платите во администрацијата Најголем дел од претставниците на синдикатите, и репрезентативните и од гранковите, се согласни со таа позиција на Владата, со неколку исклучоци.Владата има своја формула за пресметување на платите на вработените во администрацијата. Најголем дел од претставниците на синдикатите, и репрезентативните и од гранковите, се согласни со таа позиција на Владата, со неколку исклучоци. Формулата што ја нуди Владата во врска со тоа како ќе следи покачувањето на платите на административците етапно ќе значи повисоки примања за нив, а не само за онолку средства колку што ќе расте минималната плата. Тоа денеска го посочи премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашања на новинарите во врска со актуелните разговори за покачувањата на минималната плата и зголемувањето на платите за вработените во јавната администрација со синдикалните претставници. Премиерот истакна дека на синдикатите им била понудена формула по која би се пресметувале личните доходи за вработените во администрацијата, притоа нагласувајќи дека Владата инсистира доколку биде договорена, тоа да биде конечна формула по која ќе се исплаќа платата на вработените во администрацијата. Мицкоски истакна дека во разговорите дел од раководството на ССМ се повикува на општиот колективен договор што синдикатот го има потпишано со претходната влада, што иако е истечен, во преодните и завршните одредби стои дека тој е во функција се додека не биде потпишан нов колективен договор. Тој појасни дека поради оставениот простор за различно толкување на начинот на утврдување на висината на платите во јавната администрација, може да резултира со проблеми во пресметувањето така што Владата заради тоа предлага унифициран образец спорред кој би се утврдувала висината на личните доходи. -Доколку ја примениме оваа формула, тогаш при исплатата на лични доходи ќе се создаде какофонија бидејќи постојат неколку документи што ја дефинираат платата, кои можат да се толкуваат различно. Ние сакаме унифициран образец по кој ќе се исплаќаат платите за администрацијата. Еден од трите члена каде се дефинираат платите во општиот колективен договор да го суспендираме и во периодот додека важи овој договор што ќе го постигнеме да испреговараме нов општ колективен договор. Тоа е некаде три години. Јас ценам дека за три години ако се седне ќе се направи многу повеќе отколку нова верзија на општ колективен договор. Доволно сме зрели и одговорни и мислам дека е тоа сосема доволно време, рече Мицкоски. За самата формула како би се вршело пресметувањето, појасни дека начинот што го предлага Владата на крајот ќе значи повисоки плати за вработените во администрацијата и различно од простото следење на покачувањето на минималецот. Премиерот Мицкоски истакна дека кога зборувал за просечната плата од 31 илјади денари, зборувал за сума што во моментот била апликативна, за математички пресметката да биде полесна. -Импровизирав со зголемување на минималните плати за 1500 денари три години последователно. Сега без оваа понуда на Владата, на платата на административните службеници се додава зголемувањето на минималната плата. Ако админитративен службеник добива плата од 35 илјади денари, а овогодинешното зголемување е 1500 денари, тогаш платата би била 36.500 денари. Моделот што ние го нудиме е тој збир на платата да биде зголемен за осум посто, тоа ќе даде дополнителни средства. Следната година во март да препоставиме повторно зголемувањето на минималната плата да биде 1500 денари. Тоа ќе значи платата на админситративците да се зголеми повторно за осум проценти. Третата година, во март 2028 да претпоставиме дека повторно минималната плата ќе се зголеми за 1500 денари. Тие средства трет пат по ред зголемени за осум проценти се минимум 40 проценти од почетните 30 илјади денари, рече тој. Синдикатите бараат итно зголемување на минималната плата на 600 евра и линеарен раст од сто евра за сите останати, додека Владата застапува модел на постепен раст. Формулата што ја предлага Владата предвидува кумулативно зголемување од околу 40 проценти до 2028 година, со годишни нивелации меѓу седум и осум проценти. Ставот на синдикатот засега е дека дека таквата долгорочна проекција не ги задоволува потребите на работниците имајќи ја предвид инфлацијата, така што ССМ се заканува со Генерален штрајк доколку не се постигне итен договор во рамките на Економско-социјалниот совет. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
ФудбалМанчестер Сити поднесе жалба- доколку ја одбијат, ќе бидат отстранети од Премиер лигата Манчестер Сити се соочува со можно исклучување од Премиер лигата доколку нивната жалба во декември биде одбиена, објави денес „Фајненшл тајмс“.- Манчестер Сити ќе се соочи со санкции во 2027 година доколку нивната жалба биде одбиена. Жалбата во случај на финансиски малверзации ќе биде разгледана кон средината на декември. Казни, одземање бодови или дури и исклучување од Премиер лигата се меѓу можните казни, тврди весникот. Манчестер Сити беше прогласен за виновен за 114 од вкупно 115 точки од обвинението за кршење на финансиските правила на Премиер лигата помеѓу сезоната 2009/10 и 2017/18, како и за несоработка со истрагите до февруари 2023 година. Клубовите во Англија беа казнети со бодови, обично од четири до 12, за многу помали прекршоци, а англиските медиуми се убедени дека Сити ќе биде казнет со одземање бодови што ќе им овозможи да играат во втората лига следната сезона, или дека ќе останат во Премиер лигата следната сезона, но со таков дефицит во бодови што сигурно ќе бидат исфрлени во Чемпионшип. Повеќето клубови во Англија веруваат дека, во случај на драконска казна, Манчестер Сити ќе мора да се откаже од сите трофеи што ги освоил.Тагови: Манчестер сити Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДОМ: Македонија е на европското дно – Владата се фали со бројки, а платите на граѓаните траат до 10-ти!Со „освоеното“ 41. место меѓу 48 европски економии и со проектиран БДП од едвај 11.760 долари по жител, Македонија е официјално меѓу последните десет економии на нашиот континент. Ова не е само лоша статистика, туку сериозно предупредување за економската состојба и развојната перспектива на државата. Додека Владата помпезно се фали за економски успеси, инвестиции и развој, реалноста е дека Македонија останува меѓу најслабите европски економии. Граѓаните се соочуваат со низок животен стандард, слаба куповна моќ и сè поголема неизвесност, а државата нема убедлива стратегија како да го промени овој тренд. Наместо економија што создава домашна вредност, продуктивност и добро платени работни места, продолжуваме да се потпираме на увоз, евтина работна сила и инвестиции без речиси никаква развојна визија. Домашното производство е запоставено, земјоделството е сè понеизвесно, а зелената транзиција останува на маргините на економските политики. Дури и новите инвестиции, вклучително и дата-центрите, мора да се оценуваат според нивниот вистински придонес за економијата, отворањето квалитетни работни места, потрошувачката на енергија и вода и заштитата на јавниот интерес. На Македонија не ѝ требаат уште владини прес-конференции за економски успеси. Ѝ треба економија во која граѓаните ќе живеат подобро, домашното производство ќе има иднина, а инвестициите ќе создаваат долгорочна вредност. ДОМ бара Владата да престане да ги слави ваквите „резултати“ како успех и конечно да понуди сериозна развојна стратегија заснована врз зелена економија, домашно производство, енергетска сигурност и одржливи инвестиции. Економијата не се мери преку партиски соопштенија, туку преку вистинските показатели за куповната моќ и квалитетот на живот на секој граѓанин!, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоДождлив викенд со температура до 19 степениВремето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд, информираат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 13 Попова Шапка, 14 Маврови Анови, 15 Лазарополе, 16 Крушево, 17 Берово, 18 Претор, 19 Охрид, 20 Ѓуриште, 21 Виница, 22 Крива Паланка, Штип, 23 Прилеп, 24 Демир Капија, Струмица, Тетово, Битола, 25 Гевгелија, 27 Велес, 28 Скопје – Зајчев Рид, Кавадарци, Скопје – Петровец. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Дуваше засилен до силен ветер од јужен правец, кој повремено во Струмица достигнуваше брзина од 39 km/h, во Демир Капија, Виница и Прилеп 64 km/h, Во Штип и Крива Паланка 68 km/h, Во Ѓуриште 72 km/h, во Битола 75 km/h и во Тополчани повремено достигнуваше брзина од 84 km/h. До крајот на денот брзината на ветерот ќе се намали, а во крајните западни и северни делови ќе има услови за краткотраен слаб дожд. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и услови за појава на слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 13 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во недела во попладневните часови наместа ќе има повремени врнежи од дожд. Потоа од почетокот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, освен во средината на седмицата кога ќе има пообилни врнежи од дожд особено во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20