Мицкоски: Владата ќе продолжи со поддршка на влашкиот јазик и културните манифестации - Канал 5

Мицкоски: Владата ќе продолжи со поддршка на влашкиот јазик и културните манифестации

Премиерот Мицкоски посочи дека влашката заедница е нераскинлив дел од македонската државност.

Мицкоски: Владата ќе продолжи со поддршка на влашкиот јазик и културните манифестации

„Денес, стојам овде пред вас со длабока почит, одговорност и чувство на благодарност. Благодарност кон една заедница која со векови е дел од срцето на оваа земја, која со својата истрајност, трудољубивост и љубов кон татковината оставила неизбришлива трага во нашата историја, култура и идентитет“, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешниот настан по повод 23 мај, Денот на влашката заедница.

Премиерот Мицкоски посочи дека влашката заедница е нераскинлив дел од македонската државност.

„Денес е 23 Мај – денот кога ја славиме влашката заедница како нераскинлив дел од македонската државност. Денот кога не само што оддаваме признание, туку и си ветуваме: дека никогаш нема да ја заборавиме вредноста што Власите ја имаат за оваа земја“, истакна тој и додаде:

„Историјата на Власите во Македонија е историја на достоинство. Историја на луѓе кои, и кога било најтешко, не се повлекле. Историја на луѓе кои секогаш работеле – за своети семејство, за својата заедница, и за Македонија. Не смееме да заборавиме и на улогата на Власите во прогласувањето на Крушевската Република. Не смееме да ја спомнуваме борбата за слобода без да го изговориме со почит името Питу Гули. Не смееме да го игнорираме огромниот придонес на влашките интелектуалци, уметници, просветители. Денес и понатаму, тие се присутни во науката, уметноста, медицината, правото, образованието. Благодариме за сè што сте вложиле во оваа земја. Благодариме за тоа што, во времиња на промени, на кризи, на неправди, вие не се откажавте. Останавте и продолживте – со достоинство, со трпение, со љубов.“

Мицкоски рече дека Власите со својата истрајност, се пример како се чува идентитет без да се затвори срцето.

„Живееме во време на тешкотии. Време кога економијата се бори со глобални притисоци. Кога социјалната правда сè уште не ја достигнува секоја фамилија. Кога младите често бараат шанса во туѓина. Кога недовербата, поделбите, разочарувањата го разјадуваат ткивото на нашето општество. Но токму во вакви времиња, се покажува силата на еден народ. Се покажува кои сме – не по имиња, туку по карактер. Не по декларации, туку по дела. Власите, со својата истрајност, се пример како се чува идентитет без да се затвори срцето. Пример како се сака Македонија без да се заборави својата посебност. Пример како се живее во заедништво, а не во поделба. Време е сите заедно – Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи и Бошњаци – да го направиме следниот чекор. Да создадеме општество што не само што зборува за еднаквост, туку ја живее. Да создадеме држава во која секој граѓанин – без разлика на јазикот, религијата или етничката припадност, ќе се чувствува свој на своето“, вели Мицкоски.

Мицкоски порача дека Владата ќе продолжи со поддршка на влашкиот јазик, поддршка на културните манифестации и книжевноста.

„Власите со векови живеат со другите – не покрај, туку заедно. Тоа е училиште за соживот. Тоа е модел кој денес на сите ни треба. И затоа, како Влада, кажуваме јасно:

– Ќе продолжиме со поддршка на наставата на влашки јазик.

– Ќе ги помагаме културните манифестации и книжевноста.

– Ќе вложуваме во младите Власи – нивното образование, нивните идеи“, изјави тој.

Премиерот Мицкоски нагласи дека Власите се составен дел од ова општество и додаде дека секој јазик е мост, а секоја традиција богатство.

„Да се бориме заедно за заеднички живот и заеднички победи. Власите се составен дел од ова општество. Вашиот глас е потребен. Вашата приказна е заедничка приказна. Вашите обичаи се наше културно наследство. Секој јазик е мост. Секоја традиција е богатство. И тоа го знаеме и чувствуваме денес, гледајќи како се веат и македонското и влашкото знаме – не еден спроти друг, туку еден покрај друг. Тоа е Македонија што ја сакаме! Затоа, денес од ова место упатувам порака до сите:

Да не дозволиме да нè разделат!

Да не дозволиме да се заборави кој сме и што сме.

Да не дозволиме ниту еден граѓанин, ниту еден млад човек, да се чувствува како туѓ во сопствената земја.

Младите Власи – вашето место е тука. Вашите идеи, вашите соништа, вашата енергија – и тоа како ни се потребни. Помогнете ни да ја изградиме Македонија што ќе остане, не само за нас – туку и за идните генерации“, заврши Мицкоски.

Вечер на ЕУ на „Охридско лето“ со францускиот гудачки квартет „Модиљани“

За вечерта на Европската унија на „Охридско лето“ сцената на катедралната црква „Света Софија“ е резервирана за концерот на францускиот гудачки квартет „Модиљани“.

Вечер на ЕУ на „Охридско лето“ со францускиот гудачки квартет „Модиљани“

За вечерта на Европската унија на „Охридско лето“ сцената на катедралната црква „Света Софија“ е резервирана за концерот на францускиот гудачки квартет „Модиљани“, со виолинистите Амари Сојто и Лоик Рио, Лорaн Марфан на виола и Франсоа Кифер на виолончело.

Парискиот квартет „Модиљани“ во 2023 година ја прослави својата 20-годишнина и денес важи за еден од најзначајните гудачки квартети постојано гостувајќи на најдобрите фестивали за камерна музика низ целиот свет.

Во 2017 година на квартетот „Модиљани“ му припадна честа да биде прв квартет кој настапил во големата сала на новата „Елбфилхармонија“ во Хамбург. Во 2020 година членовите на квартетот ја добиваат улогата на уметнички раководители на Фeстивалот за гудачки квартети „Вибре-квартети во Бордо“, како и на престижниот Меѓународен натпревар за гудачки квартети во Бордо. Тие се основачи и уметнички раководители на Фестивалот „Сaн Пол де Ванс“, а од 2023 година предаваат камерна музика – гудачки квартет на Високата школа „Алфред Корто“ во Париз.

Од 2008 година квартетот издава носачи на звук за издавачката куќа „Мираре“ и досега имаат издадено 13 компакт-дискови. Во 2024 година нивниот последен албум со музика од Григ и Сметана е позитивно примен од музичката критика: Францускиот квартет „Модиљани“ ги оживува овие емотивно интензивни дела со енергија, мноштво на бои и сјајна страст“ („Рондо“- јануари 2024). Тој албум се наоѓа на листата најпродавани албуми од класичната област и им ја носи Наградата на Германската стручна критика. Во сезоната 2024/2025 квартетот „Модиљани“ е посветен на еден од најголемите потфати во нивната кариера, а тоа е снимањето на сите 16 гудачки квартети од Лудвиг ван Бетовен. Покрај тоа, во октомври минатата година остварија турнеја низ САД, а потоа и концерти во Хамбург, на биеналето на гудачки квартети во „Аудитори“ во Барселона, во Филхармониската сала во Стокхолм и на „Шубертијадата“ во Шварценберг...

Благодарение на поддршката на спонзори, членовите на „Модиљани“ музицираат на исклучителни инструменти изработени од италијански мајстори.

Амари Сојто свири на виолина изработена во 1715 година од Антонио Страдивари.

Лоик Рио свири на виолина изработена во 1780 година од Џовани Батиста Гуадагини.

Лоран Марфан свири на виола изработена во 1660 година од Луиџи Мариани.

Франсоа Кифер свири на виолончело изработено во 1706 година од Матео Гофрилер.

Квартетот „Модиљани“ се заблагодарува за поддршката на асоцијацијата „Спедидам“.

На програмата на вечераниот концерт се избрани дела на Турина, Равел и Бетовен.

Почетокот на концерот е во вообичаениот фестивалски термин од 21 часот.

ВМРО-ДПМНЕ: Владата останува посветена на реализација на инфраструктурни проекти со цел модернизација на државата

По 7 годишна стагнација, Македонија почна да развива, модернизира и трансформира.

ВМРО-ДПМНЕ: Владата останува посветена на реализација на инфраструктурни проекти со цел модернизација на државата

За период од една година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажа како со посветена и чесна работа се градат темелите и државата инфраструктурно се транформира и модернизира. Се започнаа и се завршуваат големи инфраструктурни проекти.

Пуштен е во употреба дел од автопатот Кичево - Охрид. Делницата Пресека-Песочани, ќе се вози по нов автопат. По години на застој, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да го откочи еден од најголемите и најзаглавени инфраструктурни проекти.

Ова ќе значи и повеќе туристи, повеќе работни места, а автопатот ќе го позиционира Охрид како попривлечна и постабилна дестинација за туристи.

Ова е 6-та делница која што е пуштена во употреба. Пуштени се во употреба делницата Градско-Фариш, Фариш -Дреново, пуштен е во употреба Страцин -Крива Паланка, Гевгелија- Валандово, Охрид -Свети Наум.

Се пушти во употреба дел од експресниот пат Градско- Прилеп, на потегот Градско- Дреново, вреден 37,4 милиони евра.

Експресниот пат Дреново- Фариш, кој значително го скратува патувањето и го зголемува квалитетот на сообраќајната безбедност.

Експресниот пат Ранковце- Крива Паланка (потег Страцин), во должина од 26 километри и вредност од речиси 98 милиони евра.

Целосно се реконструира регионалниот пат Охрид- Свети Наум, во должина од 25 километри, вреден 12 милиони евра.

Со упорност, посветеност и заедничка работа, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги реализира и најкомплексните проекти.

Ги градиме темелите на промените.

Доаѓа времето на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ

Ултраортодоксната партија УТЈ ја напушти владата на Нетанјаху

Една од ултраортодоксните партии во Израел, Обединетиот јудаизам на Тората (УТЈ), соопшти дека ја напушта владејачката коалиција на премиерот Бенјамин Нетанјаху поради долготрајниот спор и неуспехот да се изготви закон .

Ултраортодоксната партија УТЈ ја напушти владата на Нетанјаху

Една од ултраортодоксните партии во Израел, Обединетиот јудаизам на Тората (УТЈ), соопшти дека ја напушта владејачката коалиција на премиерот Бенјамин Нетанјаху поради долготрајниот спор и неуспехот да се изготви закон со кој учениците од верските училишта (јешива) би се изземале од задолжителна воена служба.

Шест од преостанатите седум членови на УТЈ (UTJ), која ги обединува фракциите Дегел ХаТора и Агудат Јисраел, поднесоа оставки, додека претседателот на партијата Јицак Голдквопф се повлече уште пред еден месец.

Со овој потег, Нетанјаху останува со минимално мнозинство од 61 претставник во Кнесетот (израелскиот Парламент), што брои 120 членови. Не е познато дали другата ултраортодоксна партија, Шас, ќе го следи нивниот пример.

Дегел ХаТор изјави дека одлуката е донесена по консултација со водечките рабини на партијата, поради, како што наведуваат, „повторените прекршувања на ветувањата на владата за зачувување на статусот на светите ученици на јешива, кои посветено учат“. Од тие причини пратениците го соопштија своето повлекување од коалицијата и од владата.

Ултраортодоксните партии тврдат дека законот за изземање на студентите јешива беше клучен услов за влез во коалицијата на Нетанјаху на крајот од 2022 година.

Портпаролот на Голднопф потврди дека сите седум претставници на УТЈ ја напуштаат владата.

Ултраортодоксните пратеници веќе долго време се закануваат дека ќе ја напуштат коалицијата поради контроверзноста околу законот за регрутирање.

Дел од религиозните партии во владејачката коалиција бараат учениците од верските училишта да продолжат да бидат ослободувани од задолжителна воена служба, додека некои други коалициски партнери се залагаат за укинување на сите ослободувања.

Ултраортодоксните Евреи со децении наназад се ослободени од воена служба, но Врховниот суд на Израел минатата година му наложи на Министерството за одбрана да ја запре таа практика и да почне да ги регрутира и тие ученици.

Во последните недели, Нетанјаху интензивно се обидува да ги надмине несогласувањата во рамките на коалицијата во врска со предлогот за нов закон за регрутирање, што доведе до сегашната криза.

Темата за ослободување на студентите Јешива од воената служба стана особено чувствителна со оглед на тоа што израелската армија сè уште е во војна во Газа.

притисни ентер