Мицкоски: Владата ќе одговори жестоко на сите провокации и обиди да се дестабилизира мирот - Канал 5

Мицкоски: Владата ќе одговори жестоко на сите провокации и обиди да се дестабилизира мирот

Владата ќе одговори жестоко на сите провокации и обиди да се дестабилизира мирот и безбедноста во државата.

Мицкоски: Владата ќе одговори жестоко на сите провокации и обиди да се дестабилизира мирот

Премиерот Христијан Мицкоски го осуди сквернавењето на државното знаме вчера, очекува дека вакви случувања, чија цел се етнички тензии, да има и во иднина и апелираше до сите граѓани да останат мирни на провокации зашто „во овој момент ни треба трезвеност и мир“. Според него, се работи за „мала, изолирана и манипулирана група од оние кои ги штитат своите милиони“.

Нагласи дека Владата „ќе одговори жестоко на сите провокации и обиди да се дестабилизира мирот и безбедноста во државата“.

-Најостро го осудувам, тоа сепак претставува чин на агресија, нешто за коешто ние предупредувавме дека ќе се случува, дека ваков тип на обиди за ескалација на случувањата и креирање етнички тензии ќе има, и ќе има и во иднина. Нема да биде изолиран случај, очекувајте дека ќе има и во иднина, бидејќи како правдата полека, но сигурно се доближува до криминалците и како правдата ќе затропа на нивните врати, така тие ќе стануваат понервозни, понетрпеливи и единствениот начин да го одбранат криминално стекнатиот капитал е токму вака, со манипулирање и предизвикување ваков тип на инциденти, изјави Мицкоски.

Рече дека имале информации оти „токму ова ќе се случува на вчерашниот ден“ и за тоа ги предупредиле „нашите стратешки партнери и претставници на меѓународната заедница“.

Премиерот им честиташе на „навремената, трезвена и државничка акција“ на Министерството за внатрешни работи, Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје што не дозволиле ескалација на настаните и што привеле лица кои го скверанвеле македонското државно знаме.

Како што рече, сторителите во текот на денот се очекува да бидат изведени пред судија и ќе бидат обвинети по член 319 од Кривичниот законик за кривично дело за кое, рече, е запретена затворска казна од најмалку една до најмногу пет години.

Сите докази, рече, „се доставени до нашите партнери, но истовремено ќе бидат докази и во судските постапки“. Очекува дека „нема да остане само на овие осум приведени“.

Апелираше до сите граѓани, без разлика на нивната етничка припадност, како што рече, „овие криминални групи кои се уште се длабоко во своето политичко мочуриште, а беа седум години на власт, да не дозволиме да ја дестабилизираат нашата заедничка татковина Македонија“.

- Јас апелирам до македонските граѓани на трезвеност, апелирам да не дозволиме овие инциденти да предизвикаат негативни чувства, бидејќи ова е една мала, изолирана и манипулирана група од оние кои ги штитат своите милиони. А до тие кои се потенцијални жртви на овие политички криминалци и насилници, сакам да ги предупредам дека нема да има милост кон никого. Секој кој ќе го прекрши законот и Уставот ќе одговара. И ако мислат дека се недопирливи и ако мислат дека ова што го зборуваме не е вистина, мислам дека силно ќе се разочараат и ќе бидат сведоци уште во првиот обид, за овие коишто во текот на вчерашниот ден беа приведени, но и оние кои во текот на денот и во деновите коишто следуваат, а за кои постојат докази за сторено кривично или прекршочно дело ќе бидат, исто така, приведени и извадени пред истражен судија, рече Мицкоски на настан по повод реконструкција на салата Расадник во Кисела Вода.

Владата, рече тој, „гарантира безбедност, трезвена акција на МВР како што беше вчера и државничко однесување“.

-Бидете сигурни дека македонската влада ќе одговори жестоко на сите провокации и обиди да се дестабилизира мирот и безбедноста во државата, нагласи Мицкоски.

Соопшти дека утрово заедно со МНР ги информирал „нашите стратешки партнери“ во земјата и надвор за случувањата и за доказите, „со какви информации располагаме и што е она што очекуваме да се случува во периодот што следува“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: На терен со вредните работници кои го градат автопатот Охрид - Кичево

На терен со вредните работници кои го градат автопатот Охрид - Кичево. Одличен напредок!

Николоски: На терен со вредните работници кои го градат автопатот Охрид - Кичево

Што би рекол нашиот народ - „Се гледа крајот“

Брз, сигурен и најсовремен автопат, со најдолгите тунели во Македонија, галерии и вијадукти е на повидок.

Ја градиме Македонија- објави на Фејсбук вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Анализа: Политизацијата на раководните позиции го урива квалитетот во јавното здравство

Кој и според кои критериуми ги добива директорските позиции во јавните болници? Стручноста и искуството треба да бидат пред политичките влијанија при изборот на раководен кадар. 

Анализа: Политизацијата на раководните позиции го урива квалитетот во јавното здравство

Токму на ова предупредува анализата на „Солуција“, која ја отвора потребата од департизација во здравството.

Целта е да се отвори прашањето за потранспарентен избор на раководен кадар, во кој предност ќе имаат стручноста, искуството и менаџерските способности.

„Ако не ги имате компетентните луѓе да раководат со ваквите установи, тогаш граѓаните ја губат вербата во системот...тогаш граѓаните не го добиваат здравството кое го посакуваат, тоа е една од многуте причини кое граѓаните не се задоволни и се обидуваат да најдат иднина на друго место“-– Михалис Рокас, амбасадор на ЕУ во Македонија.

Длабоката политизација е присутна на сите нивоа во јавниот сектор, предупредува евроамбасадорот Михалис Рокас. Тој посочува дека со секоја промена на власта се менуваат и вработените на раководни позиции, но и кадри на пониските нивоа во институциите

„Ако ја следиме историјата на земјата во Јавниот сектор постои длабока политизација на сите нивоа, дури и на најниското.Шокантно е следиме низ годиниве, а јас сум тука само две години меѓутоа имам прочитано многу за тоа кога имате промена на власта луѓето на позициите се менуваат“-– Михалис Рокас, амбасадор на ЕУ во Македонија.

Враќањето на довербата во институциите е еден од клучните приоритети на кои се работи заедно со Владата, посочува евроамбасадорот Рокас. Според него, тоа е суштински чекор за граѓаните да ја вратат вербата во системот, да ја гледаат својата иднина во сопствената земја и да останат во неа.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Смени и тврдења за притисоци во српската полиција по заплената на пет тoни марихуана од Македонија

Се отвора ли нов скандал во Србија по веста објавена во српските мкедиуми за смени и притисоци врз полицајците  кои на почетокот од годинава во близина на Крушевац  открија рекордна пратка од пет тони марихуана шверцувана од Македонија?

Смени и тврдења за притисоци во српската полиција по заплената на пет тoни марихуана од Македонија

Летово српското обвинителство поднесе обвние протиув шест лица повзрани со случајот. Кај нас досега со истрагатакоја се уште трае опфатени се десеттина лица.

Од ОЈО ГОКК за Канал 5 велат дека последните случувања во Србија немаат влијание за проширување на истрагата..

„По предметот за организираниот транспорт на пет тони марихуана од Македонија во Србија се преземаат истражни дејствија. Се очекува наскоро да биде донесена соодветна јавнообвинителска одлука.“, велат од ОЈО ГОКК.

Претходно на 17 авггуст годинава, Обвинителството соопшти дека истрага е проширена за уште седум лица, со што во постапката беа опфатени вкупно тринаесет осомничени. Двајца од нив веќе ја признаа вината и врз основа на спогодби со Обвинителството, на 10 август беа осудени на три години и шест месеци, односно три години и осум месеци затвор.

Постапката продолжува за преостанатите единаесет осомничени, меѓу кои е и Предраг Брковиќ, сосопственик на скопската компанија „Алфафарм“, кој според Обвинителството учествувал во организирањето на транспортот на дрогата.

Во однос на случајот со притисоци врз српски полицајци поврзани со запленетата марихуана, истражувачкиот портал „КРИК“ објавува дека 15 раководители на Службата за борба против дрога биле сменети од функциите и прераспределени на други работни места по рекордната заплена на дрогата.

Тринаесет полицајци во писмо до српскиот премиер Ѓуро Мацут испратено вчера тврдат дека веднаш по акцијата започнале смени и притисоци врз нив и нивните семејства. Побарале средба со премиерот, но според порталот, до објавувањето на истражувањето не добиле одговор.

Инаку, шверцот на дрогата беше откриена на 29 јануари годинава во Коњух кај Крушевац, на имот на локален функционер на владејачката Српска напредна партија.

Тогаш српските полицајци пронашче документација од македонската компанија „Алфафарм“, по што сознанијата им биле доставени на македонските истражни органи. На почетокот на февруари следуваше голема полициска акција во Македонија, во која од повеќе компании беа запленети над 40 тони марихуана и биомаса.

Според досегашните наоди на Обвинителство, криминалната група во најмалку пет наврати транспортирала големи количини на марихуана преку граничниот премин Табановце, прикриена во камиони со друга декларирана стока.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер