Мицкоски: Владата ќе испрати 60.000 литри вода за пиење во Гостивар, од градоначалникот па надолу да понесат морална одговорност - Канал 5

Мицкоски: Владата ќе испрати 60.000 литри вода за пиење во Гостивар, од градоначалникот па надолу да понесат морална одговорност

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговори на новинарско прашање дали има нови информации што се случува во моментот во Општина Гостивар со оглед на тоа дека е прогласена епидемија. 

Мицкоски: Владата ќе испрати 60.000 литри вода за пиење во Гостивар, од градоначалникот па надолу да понесат морална одговорност

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање дали има нови информации што се случува во моментот во Општина Гостивар со оглед на тоа дека е прогласена епидемија и дали тој смета дека има морална одговорност кај некои од функционерите, изјави:

„Ние како институции во рок од два дена си ја завршивме работата и како Влада. Утрово бев брифиран од Институтот за јавно здравје дека тоа кое што е нивна ингеренција е завршено и предадено до Обвинителството. Сега на потег е обвинителството односно обвинителот кој што треба да излезе со квалификација. Истовремено како Влада во текот на вчерашниот ден преземавме чекор да обезбедиме 50.000 литри флаширана вода за пиење за гостиварчани. И тоа така ќе биде секој ден. Вчерашните количини утрово се поделени, а денеска очекуваме нови три шлепери кои ќе бидат повеќе од 20.000 литри по шлепер, некаде околу 60.000 литри, кои што очекуваме во текот да денот исто така да бидат дистрибуирани.

Но, она кое што е многу важно е тоа да водата се користи во Гостивар за технички потреби, бидејќи таа сега согласно препораките од АХВ и Институтот за јавно здравје не се користи ниту за технички потреби. Во суштина се ова што го правиме е дел од локалната самоуправа, но кога имате таму летаргија, тогаш морате како Влада да реагирате и да ги преземате вие тие потези во овие два дена што ги преземавме. Значи сега треба Водовод во Гостивар да пристапи кон прочистување на системот за да можат граѓаните да ја користат водата за технички потреби и за хигиена, бидејќи сега во моментот вака како што е не треба ниту за хигиена да ја користат.

Но, тоа зборувам. Сега треба од денеска па натаму локалното „ЈП Водовод“ да започне со чистење на системот, хлорирање и да речеме во рок од ден, два или три да можат граѓаните да ја користат за техничка потреба. Тоа е веќе во ингеренциите на локалната самоуправа. Инаку за морална одговорност, апсолутно таму од прв до последен треба да понесат одговорност, покрај тоа што претпоставува Обвинителството ќе се занима со друга одговорност. Очекувам дека од градоначалникот па надоле сите треба да понесат одредена морална одговорност. А ние како владини институции ќе продолжиме и понатаму да колку е возможно со иницијативи од типот на онаа вчерашната да го олесниме животот на гостиварчани во делот на снабдување со вода за пиење и колку толку од таа вода да се користат за реализирање на техничките потреби и хигиена.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Александар Вучиќ предложен за претседател на СНС

Седницата на Главниот одбор на Српската напредна странка се одржа денес во „Белградска арена“.

Александар Вучиќ предложен за претседател на СНС

Вучиќ предложен за претседател на СНС – „Ќе има уште многу разочарувања за вас!

На почетокот од своето обраќање, претседателот на СНС, Милош Вучевиќ, предложи да се донесе одлука за свикување вонредно собрание на СНС за 13 декември.

– На кое ќе го избереме новото партиско раководство и партиските органи, и ќе ја подготвиме партијата за периодот што претстои. Сметам дека е праведно и демократски, во нашата куќа, во нашето семејство, да дадеме отчет за сработеното во претходниот период. И партијата, со нов оптимизам и сила – без оглед на тоа колку може да биде тешко – треба да биде подготвена за идните политички предизвици; СНС треба да ја предводи Србија во политичката борба против теророт – рече тој.

Тој го предложи Александар Вучиќ за нов претседател на СНС, што присутните го поздравија со аплауз.

– Ние сме бастион на демократијата и на зачувувањето на суверенитетот во Србија. Ви благодарам многу – рече Вучевиќ.

Потоа, Вучиќ излезе на бината и рече дека вакви седници се одржувале многу пати и дека честопати тие претставувале подготовка за одредени важни активности.

- Досега речиси секогаш сме победувале. Имаше тешки моменти, особено по првиот круг од претседателските избори во 2012 година. Се сеќавам, Јелена Мијатовиќ беше таму, беше 7 мај, кога луѓето беа сигурни дека Тадиќ победува и дека ние немаме никакви шанси. За среќа, се опоравивме, застанавме на нозе и оттогаш само продолживме да победуваме. Покажавме дека, и кога победуваме и кога губиме, се однесуваме достоинствено, одговорно и сериозно; се однесуваме во согласност со интересите на граѓаните на Србија. Никој од нас никогаш не сакал да ја доведе во прашање стабилноста на Србија – рече Вучиќ. Тој изјави дека изборниот пораз е дел од животот и дека е нормално да се губат натпревари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Киву : Ќе атакуваме на победа за прекинување на црна серија во дуелите против Милан

Предводникот на италијанскиот фудбалски шампион Интер, Кристијан Киву има лоша статистика во градското дерби против Милан, која сака вечењрва да ја прекине на дуелот кој стартува во 20-45 часот. 

Киву : Ќе атакуваме на победа за прекинување на црна серија во дуелите против Милан

„Нераѕурите“ предводени од Киву имаа забележано два порази на двете градски пресметки против Милан, но негативната серија на Интер во пресметките со големиот ривал трае веќе подолго време.

Интер не знае за победа на седум натпревари во низа против „росонерите“, а новинарите го прашаа Киву дали неговиот тим денеска ќе игра и за враќање на честа во градот.

– Мораме да бидеме најдоброто издание од самите себе на секој натпревар, а секој знае дека мотивацијата на дербито секогаш е нешто посебно. Исто така, мораме да се запрашаме зошто немаме победа на последните седум дерби-натпревари. Се случуваа изолирани инциденти, моменти кои одеа во нивна полза, како на првиот натпревар минатата година. Мораме да се жртвуваме повеќе од тоа што го правевме лани за да го промениме текот на дерби пресметките во наша полза, – изјави Киву.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Техеран со предупредување до Европа: „Сега е ваш ред да платите“

Официјален Техеран остро реагираше на изјавите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за економските последици од војната, додека Берлин повикува на дипломатско решение на конфликтот.

Техеран со предупредување до Европа: „Сега е ваш ред да платите“

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи предупреди дека нов напад врз Иран би можел да ја чини Европа многу повеќе од 100 милијарди евра, откако германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека европската економија и потрошувачите веќе претрпеле многу дополнителни трошоци поради порастот на цените на енергенсите предизвикан од војната.

Во објава на платформата „Икс“ (X), Аракчи потсети дека Мерц ги поздравил американско-израелските напади врз Иран минатата година, велејќи дека Израел ја врши „валканата работа за сите нас“.

„Сто милијарди евра се ништо во споредба со разорниот удар што моќните вооружени сили на Иран ќе им го зададат на оние што ќе се осмелат да му наштетат на нашиот народ“, напиша Аракчи, додавајќи дека „црвените линии се минато“.

Слична порака упати и секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Мохсен Резаи, кој ги критикуваше европските влади поради нивната загриженост за економските последици од војната.

Мерц вчера, за време на неговата посета на Сеул, изјави дека повисоките цени на енергенсите, поврзани со конфликтот во изминатите осум месеци, ја чинеле Европа повеќе од 100 милијарди евра. Тој рече дека Германија ги интензивира дипломатските напори за ставање крај на војната и оцени дека конфликтот „не може да се реши со воени средства“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер