Тамара Тодевска на 7 декември со голем концерт „25 години љубов“ – над 40 музичари, хор и безвременски хитови на сцената
2Тамара Тодевска на 7 декември со голем концерт „25 години љубов“ – над 40 музичари, хор и безвременски хитови на сцената
МакедонијаМицкоски: Владата донесе одлука за намалување на ДДВ за горивата и ослободување на количини на мазут од државните резерви Владата донесе две важни одлуки, намалување на ДДВ за горивата и ослободување на количини на мазут од државните резерви, со цел да се спречи зголемување на цената на производите и на електричната енергија. Владата донесе две важни одлуки, намалување на ДДВ за горивата и ослободување на количини на мазут од државните резерви, со цел да се спречи зголемување на цената на производите и на електричната енергија, информира денеска на прес-конференција премиерот Христијан Мицкоски, по владината седница, посветена на мерките за ублажување на ценовниот скок на горивата. Мицкоски нагласи дека донесена е и одлука за прогласување на кризна состојба на целата територија, со цел да се овозможи соодветно законско постапување и институциите да можат ефикасно да ги спроведуваат мерките. Со одлуката на Владата, почнувајќи од понеделник на полноќ ДДВ-то за нафтените деривати се намалува во наредните две недели од 18 на 10 отсто што значи намалување на цената на горивата од 6 до 7 денари по литар. -Имаме план, не само со еден или два чекора, туку со цела низа разработени сценарија, доколку кризата се влоши или продолжи. Нашите пресметки покажуваат дека, доколку Владата не интервенираше, Регулаторната комисија во понеделник ќе донесеше одлука за ново поскапување на дизелот од 10,5 денари по литар, како и зголемување на цените на безоловните горива за 6 денари – што ќе значеше дополнително оптоварување за граѓаните, истакна Мицкоски. Нагласи дека очекува дека Регулаторна комисија утре да ја има предвид оваа одлука на Владата и оти нема да ја зголеми цената на горивата и додаде дека електроенергетскиот сектор во државата е стабилен. Тој истакна дека во услови на глобална криза, државата не смее да биде дополнителен товар и додаде дека Владата директно им излегува во пресрет на граѓаните и бизнисите кои веќе го чувствуваат притисокот. -Овие одлуки се директен одговор на барањата и реалните потреби на граѓаните и компаниите. Намалувањето на даноците значи веднаш пониски цени на горивата. Тоа е најбрзиот начин да се ублажи ударот и да се спречи ширење на поскапувањата низ целата економија. Ова е интервенција што го прекинува синџирот на поскапувања. Со стабилизирање на цената на горивата, се штитат и цените на храната, транспортот и услугите, нагласи премиерот. Мицкоски истакна дека Владата јасно повикува на одговорен однос од трговците и производителите. -Во време на криза, никој нема право да гради профит на грбот на граѓаните. Ќе има засилени контроли на пазарот. Секој обид за злоупотреба, вештачко зголемување на цените или брза заработка во овие услови ќе биде откриен, разобличен и санкциониран. Ќе продолжиме будно да ја следиме состојбата, рече премиерот. Тој посочи дека нашата држава не е исклучок од кризата што се случува и која е наметната поради настаните и воените конфликти на Блискиот Исток. -Сите европски држави, како и земјите во светот, се соочија со ценовни шокови кај горивата, кои вртоглаво растат, како и со ризици од зголемување на цената на електричната енергија. Поскапувањето на горивата претставува значаен инпут и директен удар врз семејните буџети на граѓаните. Слободниот проток на нафта е нарушен. Постојат држави кои се соочуваат не само со ценовни шокови, туку и со недостиг на нафтени деривати за нормално функционирање на нивните системи. Македонија е дел од европскиот и светскиот синџир, нагласи Мицкоски. Премиерот додаде дека Владата будно ја следи состојбата и постојано е во координација со сите засегнати страни и дистрибутери на овие деривати. Додаде дека и покрај ваквите околности, мораме да бидеме свесни дека Македонија има едни од најниските цени на дериватите во регионот – пониски од Србија, Косово, Хрватска, Бугарија, Грција, Словенија и други држави. -Но, секое зголемување на цените на горивата претставува сериозен товар за секој семеен буџет. Како премиер, но и како човек кој ги разбирам потребите на граѓаните, сакам да потенцирам дека Владата ќе делува секогаш кога за тоа ќе има простор, нагласи премиерот. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Свет„Билд“: Русија планирала напад во Полска и сакала вината да ја префрли врз УкраинаПолските граничари, разузнавачките служби и елитните воени единици беа ставени во состојба на висока готовност по извештаите за наводна руска операција што се подготвувала долж границата со Калининградската област.Според овие информации, Москва планирала провокација од типот „лажно знаме“ на територијата на Полска – земја-членка на НАТО – пренесува германскиот весник „Билд“. Руските разузнавачки служби наводно планирале саботажа на полска територија – во близина на границата со руската Калининградска област – за крајот на октомври или почетокот на ноември, со намера за нападот да ја обвинат Украина. Како што пренесува „Украинска правда“, оваа информација првично ја објави полскиот весник „Жечпосполита“, повикувајќи се на високи извори во полската војска и безбедносните служби. Планот бил вината да се префрли врз Украина Операцијата предвидувала упад на руски саботери на полска територија. Нивната цел била да извршат напад што би резултирал со голем број жртви. Потоа, планирале да остават подметнати докази кои би сугерирале дека за тоа е одговорна Украина. Извори запознаени со операцијата за спречување на нападот наведоа дека сојузничките разузнавачки служби ја предупредиле Варшава, а заканата подоцна била потврдена и од полските аналитичари. „Имавме информации за точните локации што биле цел на нападот. Рускиот план предвидувал голем број жртви“, изјави еден од изворите за „Жечпосполита“. Друг извор го спореди планот со инцидентот во Гливице – германска операција под „лажно знаме“ од 1939 година. „Требаше да биде нешто слично на Гливице. Оние што ќе ја преминеа границата веројатно ќе беа убиени, а кај нив ќе беа пронајдени докази што би ги поврзале со Украина. Целта беше да се запре помошта за Украина“, објасни тој. Полските служби презеле контрамерки Полските служби презеле контрамерки откако руски разузнавачки агенти, задолжени за координирање на саботажата, биле забележани на руската страна од границата. Ваквите операции обично се планираат и координираат од руската воена разузнавачка служба ГРУ. Кон крајот на октомври, полициските сили во областите долж границата со Русија беа засилени со припадници од други делови на Полска. На контролните пунктови на Граничната стража пристигнаа засилувања, а на терен беа испратени и дополнителни припадници на Агенцијата за внатрешна безбедност. Во Варминско-мазурското војводство, специјалните сили спроведоа вежби. „Целта беше одвраќање, но и обезбедување на способноста за превентивно дејствување“, изјави извор запознаен со деталите. На почетокот на ноември, во седиштето на полската полиција беше формиран посебен оперативен штаб за дејствување во Варминско-мазурското и Подлашкото војводство. На 3 ноември, премиерот Доналд Туск потврди дека во текот на ноќта на полско-руската граница биле забележани „сомнителни активности“. Министер: Заканата е оценета како реална На новинарско прашање дали Русите планирале терористички напад на локација со голем број луѓе, министерот и координатор на специјалните служби, Томаш Семонјак, не даде директен одговор. „Не го знам одговорот на тоа прашање, тоа би требало да ги прашате Русите. Тие обично не признаваат дека планираат такви акции. Дури и да имаме такви информации, ние не ги споделуваме“, рече тој. Сепак, тој ја потврди сериозноста на ситуацијата. „Ако презедовме одредени мерки, тоа е затоа што сметавме дека заканата е реална“, изјави Семонјак, додавајќи: „Верувам дека сите мерки преземени во овој случај беа соодветни. Достапните докази укажуваа на тоа дека заканата е оценета како реална“. Извор: Индекс.хрТагови: Полска русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЏенифер Лопез: Разводот од Афлек е разочарување на сите нивоаСветската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез отворено проговори за своите неуспешни бракови, вклучително и за разводот од холивудскиот заводник, актерот Бен Афлек. Таа призна дека, по нејзината најнова разделба, морала повторно да ги преиспита сопствените одлуки и да научи како да пронајде среќа без партнер. Гостувајќи во подкастот „Friends Keep Secrets“ – како што пренесува „Page Six“ – Лопез го опиша разводот од Афлек како разочарување на секое ниво. Таа откри дека со години преминувала од една сериозна врска во друга, верувајќи секојпат дека ја пронашла личноста со која ќе го помине остатокот од својот живот. „Постојано бев во сериозни врски, една по друга, барајќи го ’оној вистинскиот‘ и надевајќи се дека овој пат, конечно, тоа е тоа“, раскажа таа. Како што објасни, овие разделби ја оставиле целосно скршена – до тој степен што, во одредени моменти, немала сила дури ни да стане од кревет. Со текот на времето, сфатила дека проблемот не лежи само кај нејзините партнери, туку и во обрасците на однесување што постојано ги повторувала. Како резултат на тоа, морала да научи да се сака себеси. Лопез призна дека дури ни големата популарност не ѝ помогнала да се ослободи од чувството на осаменост. – Долго време бев славна и се чувствував малку изгубено во светот. Тоа е осамен живот. Луѓето мислат дека постојано сте опкружени со други луѓе, но сепак, на некој начин, сте осамени – рече таа. Лопез првпат стапи во брак со Оџани Ноа во 1997 година, а нивниот брак заврши во 1998 година. Од 2001 до 2003 година беше во брак со танчерот Крис Џад. Во трет брак стапи со пејачот Марк Ентони. Заедно ги имаат 18-годишните близнаци Макс и Ема, а се разведоа во 2014 година. На почетокот на 2000-тите беше свршена со Бен Афлек, но раскинаа во 2004 година. Речиси две децении подоцна ја обновија љубовта и се венчаа во 2022 година. Лопез поднесе барање за развод во август 2024 година, на втората годишнина од нивната венчавка во Џорџија. Бракот официјално заврши на почетокот на 2025 година.Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
МакедонијаДЕМАНТ од САНТЕ ПЛУС ГРУП СкопјеСанте Плус Груп Скопје побараа да објавиме демант на веста поврзана со одреден финансиски криминалПЗУ „Санте Плус Груп“ Скопје реагираше до нашата интернет редакција за неоснованото и неточно поврзување со деветтемина осомничени и со предметната истрага за финансиски криминал. Грешката настана поради ненамерна пермутација на називите на здравствените установи. Недвосмислено појаснуваме дека ПЗУ „Санте Плус Груп“ Скопје не е установата на која се однесуваат објавените наводи и дека во неа не се вршат операции на очи. Исто така наводите за двојна наплата на здравствени услуги, противправна материјална корист од речиси 4,5 милиони евра и штета на Буџетот од 1,7 милиони евра не се однесуваат на оваа установа. Јавно ги повлекуваме и се извинуваме за ненамерните невистинити констатации во нашата вест како и за неточните поврзувања на оваа установа со лицата опфатени со истрагата. Во духот на професионалните новинарски вредности, посочената сторија ќе биде симната од нашата интернет страна. Канал 5 ТВ ИнтернетКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook