Мицкоски: Вкупно околу 110 милиони денари се вложени во ГАК, од кои 35 милиони се за реновирање - Канал 5

Мицкоски: Вкупно околу 110 милиони денари се вложени во ГАК, од кои 35 милиони се за реновирање

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ја посети Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство .

Мицкоски: Вкупно околу 110 милиони денари се вложени во ГАК, од кои 35 милиони се за реновирање

„Јас немам многу што да додадам на тоа што директорката и министерот го кажаа, само да се заблагодарам на вработените во Клиниката, на директорката за посветената работа. Се сеќавате и кога почнувавме со овој проект, го почнувавме пред неколку месеци и тогаш имаше луѓе коишто можеби не веруваат дека за така кратко време ќе се сработи сето ова и ќе се стави во функција онака како што денеска изгледа.

Исто така, и тогаш се поставуваа прашања дали функционалноста на самиот објект ќе продолжи и покрај реконструкцијата. Како што можеме да заклучиме дека не само што продолжи, туку оваа година имаме повеќе родени бебиња од претходната година, така што јас им честитам на вработените на Клиниката.

Да се заблагодарам на министерот, на директорот на Фондот, на сите оние коишто дадоа свој придонес да ова денеска изгледа вака.

Немедицинскиот дел е исто така многу значаен. Да речеме онаа настрешница која што е пред објектот, која што претходно не постоеше, па затоа што не постоеше имавме прокиснување во подрумскиот дел каде што беше сместена енергетската мрежа, би рекол, енергетскиот дел од самиот објект, којшто, ако се сеќавате тогаш, најголемиот дел од вас ве препознавам и тогаш бевте на тој прилог, можевте да го снимите како сето тоа изгледа. Сега тоа е заштитено и би рекол, поголеми катастрофи се спречени со изградбата на оваа настрешница.

Исто така, покрај оние 34, 35 милиона за реновирање, тука не треба да се заборават и оние 75 милиона за опрема коишто се исто така потрошени или вкупно околу 110 милиони денари се вложени во оваа болница, во овој објект.

И тука не застануваме и како Влада, продолжуваме и понатаму. Нашата цел е да го јакнеме јавното здравство, граѓаните да добијат јавно здравство онакво какво што заслужуваат, се разбира.

Нашата политика е prolife политиката, односно да испратам уште една порака до младите да се одлучат да се реализираат како родители, да се раѓаат што е можно повеќе бебиња, затоа што денеска видовме една статистика, за којашто јас често пати зборувам во јавноста, од 2016-тата до 2024-тата имаме за 6.000 помалку родени бебиња. Ако е една училница од 20 ученици, тоа значи 300 празни училници имаме сега и ако една училница е долга 20 метра, имаме 6 километра празни училници. Отприлика вака изгледа изумирање на една нација. Ако на некого тоа не му е јасно јас би сакал преку бројки да кажам, колку и да бидам критикуван јас ќе си продолжам со ова што го кажувам затоа што мислам дека за бадијала ние правиме и училишта и градинки и игралишта и улици и булевари и автопати и се ако нема кој тоа да го користи.

Затоа мојата порака до младите е љубовта кон татковината се манифестира со тоа што одлучуваме, се разбира тоа е лична одлука, но, одлучуваме да создадеме семејство и да се реализираме како родители.

Уште еднаш благодарност до вработените во Клиниката, до директорката, до министерот, до директорот на Фондот, до сите оние коишто учествуваа во реализацијата на овој објект и секоја година да постигнуваме рекорди и секоја година да биде подобра споредно со претходната, според бројката на родени деца.“, рече премиерот Христијан Мицкоски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници?

Има напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, нов состанок е веќе закажан, а европски претставници би треало да се вклучат во преговорите веќе од наредниот состанок.

Преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници?

Изјавија двајцата американски медијатори - Стив Виткоф и Џеред Кушнер. Според најавите, следната рунда преговори би можеле да се оддржат во рок од две недели, меѓутоа учество на Европа засега не е потврдено од ниту еден европски претставник.

Вчера, на состанокот на Европската политичка заедница, дел од европските лидери се спротиставија на барањето на Русија безбедносната архитектура на Европа да се дискутира како дел од мировните преговори за Украина.

Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека безбедноста на Европа ќе се одлучува во Европа, додека пак, високиот претставник на ЕУ – Каја Калас посочи дека постои редослед на дипломатскиот процес – прво прекин на огнот во Украина па мировно решение, а во последната фаза би можело да се дискутира за пост-воената европска безбедносна архитектура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември

На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. 

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември

По повод празникот, предвидено е положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани на гробот на генералот Михајло Апостолски на гробиштата во Бутел, како и пред споменикот на Ослободителите на Скопје пред зградата на Владата.

Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна .

Од Град Скопје информираат дека вечерва во Македонската опера и балет ќе се одржи свеченото доделување на наградата „13 Ноември“.

На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. Во ослободителните операции учествувале 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада, кои по неколкудневни жестоки борби влегле во градот.

Борбите се воделе на повеќе локации низ Скопје, меѓу кои на улицата „Илинденска“, кај Главната пошта, Офицерскиот дом, Народната банка и Старата железничка станица. Македонските борци ја спасиле хидроцентралата „Матка“ од уништување, додека граѓани учествувале во одбраната на Камениот мост од минирање.

Во борбите за ослободување на Скопје загинале повеќе од 420 борци, а за време на целата Втора светска војна животот го загубиле околу 4.600 скопјани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во Железничар

Во здравствениот дом Железничар денеска ќе има бесплатни тестирања за рак на простата.

Бесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во Железничар

Бесплатниот скрининг е наменет за мажи над 45 години и ќе се спроведува во рамки на кампањата „Мовембер“ односно ноември - месец за подигнување на свеста за машкото здравје. Бесплатните прегледи ќе се одвиваат од 13 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер