МакедонијаМицкоски: Верувам дека ќе бидеме во групата земји кои ќе имаат најповолни услови за извоз во САД Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во Владата изрази уверување дека земјава ќе биде во групата држави кои ќе имаат најповолни услови за да извезуваат на американскиот пазар. - Разговарано е со САД за можните царински олеснувања. Верувам дека ќе бидеме во групата земји кои ќе имаат најповолни услови за да извезуваат на американскиот пазар, рече Мицкоски. САД од денеска најавија испраќање официјални писма до трговските партнери со детали за новите царини и трговски договори. Американскиот претседател Доналд Трамп уште во април најави основна царина од 10 отсто за речиси сите увозни производи, со дополнителни „реципроцитетни“ царини за земји со трговски дефицити со САД. Овие мерки беа паузирани за 90 дена, рок кој истекува на 9 јули. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОбвинителството ја почна доказната постапка против апелацискиот судија Ѓоко РистовНа средното рочиште судењето ќе продолжи со сведочење на вештак.Евра завиткани во алуминиумска фолија, материјали за реконструкција и рачно напишани ливчиња со пресметки за количината и вредноста на банкнотите – преку презентација на фотографии и видео докази, обвинителството ја започна доказната постапка против екс-апелацискиот судија Ѓоко Ристов кому во семејниот дом во Неготино му беа најдени соѕидани во 350.000 евра. Клучен момент на рочиштето беше видео-снимката од претресот во Неготино, на која таткото на обвинетиот, Здравко Ристов, на прашање на извршителите кој го користи просторот на вториот спрат од домот – одговара „Синот Ѓоко, судијата, го користи овој простор“ – на што обвинетиот на рочиштето се противеше. -Спратот горе во куќата, каде што се пронајдени парите е наведено дека го користам јас, но колку што можеше да се види и од прикажаните докази, во дневниот простор, има десетина слики на мојот брат и неговото семејство, тој простор не го користам јас. - Ѓоко Ристов – Обвинет Во доказната постапка беа презентирани и наоди од ДНК-вештачења и други форензички анализи, што беше и причина за тензија помеѓу обвинителството и одбраната. Адвокатот на Ристов забележа на начинот на кој се менаџирало со доказите, и според него, невниманието на кој се прибирале истите – според обвинителството, пак, станува збор за обид за одолговлекување на постапката. -Вештаците се тие кои треба да објаснат, особено околу биолошките трагите, начинот на кои се чувани земените материјали, видовте, дека форензичарите не се облечени така како што налага протоколот, можеби обвинителството да однесува на тој начин, на кој се однесува, ама прописи во Македонија има и тие први треба да ги почитуваат. Нивните докази се контаминирани и тоа ќе го докажуваме во постапката. Ова се се докази од лице место кои не се во сопственост на обвинетиот, не се однесува на обвинетиот. На плочките - Звонко Давидовиќ – Адвокат на Ѓоко Ристов -Јас ќе си дозволам, стана манир, многу често го гледаме, одбраната под плаштот на права на одбраната да влегува и да гази граница на злоупотреба на правата. Законот има одредби за тоа кои практично не дозволуваат и не би требало да се дозволува злоупотреба на правата на одбраната, но јас сум уверена дека овој суд е доволно искусен, и дека нема да дозволи одбраната преку злоупотреба на своите права да ја одолговлекува оваа постапка. - Искра Хаџи Василева – Обвинителка На рочиштето беа прикажани и снимки од средби помеѓу Ристов, и поранешниот државен правобранител и адвокат Фехми Стафа, кој претходно призна вина во предмет за примање на поткуп да посредува помеѓу, апелационен судија, кој според наводите е Ѓоко Ристов и бизнисменот Љупчо Пецов – познат како „Ѓаволот“ за да влијае врз предмет и да ги укине притворските мерки за бизнисменот – случај кој беше „каписла“ да се отвори истрага против Ристов. А, поврзаност меѓу Пецов и Ристов, обвинителството утврдило и при имотно – правни релации, за кредит за стан. На средното рочиште судењето ќе продолжи со сведочење на вештак, по барање на одбранта, со цел лично да ги образложи биолошките траги пронајдени на предметите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЕК не ги открива причините за бугарската блокада на акцискиот план за малцинства Македонските власти ги консултирале Европската комисија, Советот на Европа и сите засегнати страни при изработката на Акцискиот план за малцинствата, велат од Комисијата за Канал 5. Оттаму додаваат дека документот без кој Македонија и да ги донесе уставните измени, нема да може да го отвори првиот преговарачки кластер, поминал и низ јавна расправа, а земјите-членки имале можност да достават забелешки на нацрт-верзијата. Сепак, не појаснуваат дали има блокада или противење од некоја земја-членка во текот на процесот, туку за ставовите на поединечните држави упатуваат да се побараат информации директно од нив. Токму на таа тема, Канал 5 веќе испрати и прашање до бугарското МНР за појаснување каде според нив е застојот за документот, но одговор не добивме. -Можеме да потврдиме дека властите на Македонија се консултираа со Комисијата, Советот на Европа и други релевантни засегнати страни, при подготовката на Акцискиот план за малцинствата и заедниците. Властите на Македонија спроведоа јавни консултации за документот. Во овој процес на консултации, земјите-членки имаа можност да ги достават своите коментари во врска со нацртот. Кога станува збор за ставот на поединечните земји-членки, ве упатуваме да се обратите директно до засегнатите земји-членки.- Европска Комисија Шефовите на дипломатии на Македонија и Бугарија утре во Софија ќе учестуваат на состанокот од процесот за соработка во југоисточна Европа. Сепак од македонското МНР велат дека засега нема план за билатерална средба меѓу нив нив. Такво нешто пак, најави претседателката Гордана Сиљановска Давкова која посочи за сите отворени прашања на релација Скопје-Софија очекува утре да разговара со бугарската колешка Јотова. Прашан пак за средбата, премиерот Мицкоски посочи дека не му е позната евентуалната содржина, но нагласи дека владата има план и стратегија и работи на нивно исполнување. -Јас навистина не знам што би можел да очекувам, како човек очекувам да имаме добрососедски односи со сите соседи, како претседател на влада ќе сторам се што е во наша моќ, прво да го заштитам интересот на граѓаните, да го заштитам идентитетот и интересот на државата, и второ нормално да градам добрососедски односи со сите наши соседи на основа на принципот на двонасочна улица, затоа што за секоја работа во животот треба најмалку двајца.- Христијан Мицкоски – Претседател на владата Најавената средба Сиљановска – Јотова на маргините на процесот за соработка во југоисточна Европа во Софија доаѓа по самитот Еу-Западен Балкан во Тиват каде една од главните теми беше нон-пејперот на германскиот канцелар Мерц и францускиот претседател Макрон во кое побараа постепена интеграција и забрзано проширување на Европската Унија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКако уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? Сите интитуциите знаеле, но татко и ќерка со години успевале да им пркосат на надлежите и бесправно да стопанисуваат со уникатниот геоморфолошки локалитет „Куклица“ во кратовско. Веста дека семејство го узурпира локалитетот, па дури и наплаќало влезници, предизвика бура реакции во јавноста. Случајот датира од поодамна и веќе е предмет на судска постапка. Екипа на Канал 5 денеска е во Куклица, препознатлива по камените кули. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter