Мицкоски: Велигден е празникот на надежта и победата на животот над смртта - Канал 5

Мицкоски: Велигден е празникот на надежта и победата на животот над смртта

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка до сите христијани кои го прославуваат католичкиот Велигден.

Мицкоски: Велигден е празникот на надежта и победата на животот над смртта

„На сите христијани кои го прославуваат католичкиот Велигден по грегоријанскиот календар, во мое лично име и во име на Владата, со голема радост и искрена срдечност им го честитам најголемиот и најрадосниот празник во христијанската вера.

Велигден е празникот на надежта и победата на животот над смртта. Нека веста за Воскресението на нашиот Господ Исус Христос ги исполни вашите срца со вера, мир, љубов и нова сила. Нека овој светол ден ви донесе здравје, благослов и радост во секој ваш дом и семејство. Пораката на Велигден нè повикува да се издигнеме духовно и да ги надминеме сите поделби.

Во овие времиња на предизвици, сите ние сме повикани да си подадеме рака, да застанеме рамо до рамо и заеднички да го градиме нашиот единствен дом - Македонија. Само преку толеранција, заедништво, сплотеност, хуманост и взаемна почит можеме максимално да придонесеме за подобра и поправедна држава и за просперитетна татковина во која секој граѓанин ќе има можност за достоинствен живот, сигурна иднина и економски напредок.

Нека духот на овој празник нè инспирира да градиме мостови на разбирање, да ја зајакнуваме меѓусебната доверба и да работиме заедно за да ја направиме нашата земја уште поубава, поуспешна и пред се посреќна, како за сите нас, така и за идните генерации.

Христос Воскресе!

Навистина Воскресе!

Честит Велигден“- објави Мицкоски на Фејсбук.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Додека Мицкоски со државен авион оди на екскурзија, народот со часови е блокиран на граница

Додека Христијан Мицкоски со државниот авион (што веќе го гледа како приватен) оди на своите екскурзии, граѓаните со часови чекаат на граница, поради неговата политика на изолација на државата.

СДСМ: Додека Мицкоски со државен авион оди на екскурзија, народот со часови е блокиран на граница

И кај Стар Дојран е метеж, колоната е до „Св. Илија“.

Ова е реалната слика на политиката што ја спроведува организираната криминална група ВМРО-ОКГ и Мицкоски.

Половина од Владата има бугарски пасоши.

Нивните семејства имаат бугарски пасоши.

Имаат фирми во Бугарија.

Имаат европски пасоши и посебен премин на граница.

Тие си обезбедија Европа.

На граѓаните им обезбедија блокада, изолација и часови чекање под сонце.

Додека тие летаат, народот стои во колона.

Ова е нивна политика.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фнидек во вонредна состојба по мигрантската криза

По масовниот наплив на мигранти кон шпанската енклава Сеута, состојбата во соседниот марокански град Фнидек останува крајно напната.

Фнидек во вонредна состојба по мигрантската криза

Властите воведоа засилени безбедносни мерки, додека стотици луѓе и натаму се обидуваат да стигнат до Европа.

Плажите во Фнидек се обезбедени со жичени огради и засилено полициско и воено присуство, со цел да се спречат нови обиди за нелегално преминување на границата со Сеута.

Мигрантите кои се вратија од шпанската енклава сведочат за тешки услови, недостиг на храна и насилство, додека многумина и понатаму не се откажуваат од обидите да стигнат до Европа.

Експертите оценуваат дека мигрантскиот бран е последица на влошените односи меѓу шпанија и мароко, поврзани со спорот за западна Сахара. Според проценките, во обидот за влез во сеута учествувале повеќе од 50 илјади луѓе.

Во меѓувреме, Европската унија подготвува итен состанок на министрите за внатрешни работи, на кој ќе се разгледуваат натамошните чекори за справување со мигрантската криза и зајакнување на соработката со Мароко.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Грција и натаму беснее опасна огнената стихија

Во Грција и натаму беснее опасна огнената стихија. Пожарникарските служби водат тешка битка со десетици шумски пожари, а најкритична останува состојбата во регионот Атика.

Во Грција и натаму беснее опасна огнената стихија

Во Грција и натаму беснее опасна огнената стихија. Пожарникарските служби водат тешка битка со десетици шумски пожари, а најкритична останува состојбата во регионот Атика, каде еден од пожарите се доближи на само неколку километри од градот Мегара, кој е лоциран околу 50 километри западно од Атина. Градоначалникот ја оцени состојбата како хаотична, додека жителите на повеќе населени места добија предупредувачки пораки за евакуација.

Во гаснењето на пожарите се ангажирани стотици припадници на службите за итни интервенции, меѓу кои и пожарникари од Романија и Франција. Само во областа Порто Гермено се распоредени речиси 500 пожарникари, а дополнителни околу 100 интервенираат на северот од Пелопонез. Според грчката противпожарна служба, низ земјата се регистрирани 73 шумски пожари, од кои 51 избувнале во еден ден.

-Не знам. Пожарите се активни многу денови. Овде има црква, а изутринава видов на телевизија дека областа ја зафатила пожар. Пожарите се на 1 км далечина од овде. Фрустриран сум. Ми изгореа маслиновите дрва овде, а пожарот се уште е активен,- Тасос Ѕемпеликос - Локалец.

Првичните проценки покажуваат дека од почетокот на пожарите во Грција изгореле повеќе од 10 илјади хектари шума, како и куќи, штали и земјоделски површини. Како можна причина за големиот пожар кај Мегара се посочуваат небрижност на локалното население а во врска со случајот приведени се две лица.

-Пожарот е активен од вчера доцна вечерта. Очигледно е дека не може сегде да има пожарникари. Ние како локално население правиме се што можеме да помогнеме. Се мобилизиравме и на своите поседи го чиниме истото, да видиме дали е изгорено. Дали нешто е потребно да направиме до еден км од овде,- -Манолис Далас - Жител од регионот на Атика.

Трагедијата дополнително ја засени операцијата за гаснење откако кај Псата, западно од Атина, се судрија два противпожарни хеликоптери од типот „Бел“. Во несреќата загинаа дански пилот и грчки координатор, додека британскиот пилот и неговиот грчки колега беа повредени. По налог на обвинителството, полицијата спроведува истрага за причините за судирот. Со ова, бројот на жртви поврзани со пожарите во Грција се искачи на пет, откако претходно животот го загубија и тројца пожарникари.

Со големи пожари деновиве се соочува и поширокиот регион на јужна Европа. Високите температури, долготрајната суша и силните ветрови ја отежнуваат работата на пожарникарите во Франција и Шпанија, каде службите остануваат во состојба на висока подготвеност поради зголемениот ризик од нови огнени жаришта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер