Мицкоски: Веќе се анализираат податоците и во најскоро време владата ќе излезе со нови мерки - Канал 5

Мицкоски: Веќе се анализираат податоците и во најскоро време владата ќе излезе со нови мерки

Премиерот Мицкоски најавува дека веќе се анализираат податоците за инфлацијата и во најскоро време владата ќе излезе со нови мерки.

Мицкоски: Веќе се анализираат податоците и во најскоро време владата ќе излезе со нови мерки

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Експертите од Националната конвенција за ЕУ: Безбедноста на водата станува национален приоритет во услови на климатски промени

Водата претставува стратешки ресурс чија заштита и одржливо управување се од суштинско значење за економскиот развој, безбедноста на храната, заштитата на животната средина и благосостојбата на граѓаните.

Експертите од Националната конвенција за ЕУ: Безбедноста на водата станува национален приоритет во услови на климатски промени

Ова беше една од клучните пораки од заедничката 7. сесија на Работната група 5 – Животна средина (Поглавје 27) и 14. сесија на Работната група 1 – Земјоделство и рурален развој (Поглавје 11), што денеска се одржа во рамките на Националната конвенција за Европската Унија во Република Македонија.

Настанот, организиран од Европското движење во Република Македонија, беше посветен на темата „Европските политики за вода во ерата на климатските промени: можностите за интегриран и мултисекторски пристап во Република Македонија“ и собра претставници на институциите, академската заедница, граѓанскиот сектор, земјоделските организации и меѓународните партнери.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, истакна дека управувањето со водните ресурси мора да биде поставено високо на агендата на националните политики.

„Климатските промени веќе имаат директно влијание врз земјоделското производство и достапноста на водата. Затоа е неопходно да инвестираме во модерни системи за наводнување, подобро планирање и поефикасно користење на водните ресурси, следејќи ги европските стандарди и добри практики“, рече Трипуновски, нагласувајќи дека тоа за Владата е стратешка цел и веќе инвестира во изградба на стабилен систем за наводнување преку градење на нови и реконструкција на постојните брани и хидросистеми.

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, посочи дека климатските ризици бараат нов пристап во управувањето со водите.

„Безбедноста на водата повеќе не е само еколошко прашање, туку прашање на развој, економска конкурентност, безбедност и јавно здравје. Затоа е неопходен интегриран систем за управување со водите и подобра координација меѓу институциите, засилена примена на европското законодавство и долгорочни политики засновани врз научни податоци и реални потреби“, истакна Хоџа.

Водата е јасен пример дека современите предизвици не можат да се третираат изолирано, бидејќи водата е бесценет ресурс и нашата заедничка одговорност е да ја зачуваме за наредните генерации, заклучи Хоџа.

Амбасадорката на Република Словачка, Ивета Хрицова, ја нагласи важноста на регионалната и европската соработка во справувањето со климатските предизвици.

„Искуствата на земјите членки покажуваат дека интегрираното управување со водите носи конкретни придобивки за животната средина, земјоделството и локалниот развој. Европската Унија останува силен партнер на Македонија во процесот на усогласување со европските политики и стандарди“, рече Хрицова.

Во рамките на трите тематски панели се дискутираше за европските политики за водна безбедност, потребата од поголема отпорност кон климатските промени, интегрираното управување со водите во функција на земјоделството и руралниот развој, како и за можностите што ги отвора дигитализацијата во управувањето со водните ресурси.

Учесниците се согласија дека е неопходно да се зајакне меѓусекторската координација меѓу институциите надлежни за животна средина, земјоделство, водостопанство и локален развој, како и да се подобри размената на податоци и интероперабилноста на системите.

Во заклучните согледувања беше нагласено дека Република Македонија треба да продолжи со усогласувањето со европското законодавство во областа на водите, да ги зајакне институционалните капацитети за управување со климатските ризици и да инвестира во дигитални решенија што ќе придонесат за поголема транспарентност, ефикасност и одржливост на јавните политики.

Препораките и заклучоците од денешната сесија ќе бидат доставени до надлежните институции и ќе претставуваат придонес во процесот на подготовка на Република Македонија за членство во Европската Унија.

НКЕУ-МК

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Лабораториум се отвора првата изложба од програмата „Нови Лица“ – фотографски проект на младата авторка Јана Наскова

Јана Наскова е родена во Скопје во 2001 година. Дипломирала интердисциплинарна програма по либерални уметности и науки, со фокус на филм, филозофија и литература, во Амстердам, Холандија.

Во Лабораториум се отвора првата изложба од програмата „Нови Лица“ – фотографски проект на младата авторка Јана Наскова

На 11 јуни со почеток во 20ч, во културно-едукативниот центар Лабораториум ќе биде отворена изложбата на фотографии на младата авторка Јана Наскова, која е резултат на едномесечната резиденција реализирана во рамки на иницијативата „Градски ѕид за Нови Лица на македонската културна сцена“.

Изложбата претставува прв јавен настан од оваа иницијатива, преку која Лабораториум ги поддржува и афирмира новите генерации уметници и креативци од независната културна сцена. Во текот на изминатиот месец, Наскова работеше под менторство на реномираната фотографка Еџе Али, развивајќи авторски фотографски проект инспириран од урбаниот простор околу неа.

Јана Наскова е родена во Скопје во 2001 година. Дипломирала интердисциплинарна програма по либерални уметности и науки, со фокус на филм, филозофија и литература, во Амстердам, Холандија. Нејзиниот професионален и активистички ангажман опфаќа работа во младински организации, образование, медиуми и граѓански иницијативи. Нејзината работа се движи на пресекот помеѓу уметноста, општествената ангажираност и личниот наратив.

Проектот „Нови Лица“ има за цел да открие, поддржи и промовира нови автори од македонската независна уметничка и креативна сцена. По јавен повик, стручно жири составено од културни работници, професори, уметници и професионалци избра осум млади артисти и креативци кои до крајот на оваа година ќе поминат низ едномесечни менторски резиденции. Секој учесник работи со искусен ментор кој го насочува и поддржува неговиот креативен процес, со цел создавање на ново авторско дело што ќе биде јавно презентирано во Лабораториум. Изложбата на Јана Наскова е прва во низата од осум изложби, презентации и јавни настани во склоп на овој проект, кои ќе се реализираат до крајот на годината, претставувајќи ги резултатите од соработката помеѓу младите автори и нивните ментори.

Лабораториум е приватен културно-едукативен центар во Скопје, кој во изминативе две и пол години функционира како простор за независна култура, едукација и социјализација. Со над 550 реализирани настани, меѓу кои работилници, изложби, концерти, театарски претстави, креативни базари, кино-проекции, радио програми и други активности, Лабораториум изгради динамична заедница на млади уметници, креативци и проактивни граѓани, при тоа поттикнувајќи нови форми на соработка и културно учество.

Иницијативата „Нови Лица“ се реализира во рамки на проектот „Култура за развој“, поддржан од Владата на Швајцарија, а имплементиран од Хартефакт Фонд.

Изложбата е отворена за јавноста, а влезот е слободен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: „Твоја држава твоја шанса": Наместо еднонасочни билети за странство, 5.000 достапни станови за младите

Вистина е дека младите си заминуваат од Македонија, секој трет млад човек размислува да се исели од државата затоа што не гледа перспектива.

СДСМ: „Твоја држава твоја шанса": Наместо еднонасочни билети за странство, 5.000 достапни станови за младите

Младите немаат пари да купат стан и да го започнат својот самостоен живот.

Платите не се доволни за достоинствен живот, а трошоците растат секој ден.

СДСМ има решенија за младите, во новата платформа нудиме шанса за секој млад човек.

-5.000 достапни станови за изнајмување за младите семејства и младите кои сакаат самостоен живот.

-Укинување на данокот на промет за млади до 35 години при купување прв стан.

-Станбени кредити со фиксна камата од само 1% во првите 10 години.

Е тоа е правда. Младите да купуваат домови во Македонија, а не еднонасочни билети за странство.

Затоа што праведно е да добијат држава што ќе им даде шанса.

Твоја држава – твоја шанса.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер