МакедонијаМицкоски: Утре имаме средба со ЗНАМ за локалните избори, а на кандидатите на СДСМ им посакувам успешна кампања и сигурен поразУтре ќе имаме првична средба со политичката партија ЗНАМ за да видиме кои се очекувањата.Утре ќе имаме првична средба со политичката партија ЗНАМ за да видиме кои се очекувањата, а што се однесува до кандидатите за градоначалници од СДСМ им посакувам успешна кампања и сигурен пораз на следните локални избори, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање за коалицирањето со ЗНАМ на локалните избори и коментар за кандидатите на СДСМ за градоначалници. Додаде дека в недела ќе заседава Извршниот комитет на партијата на кој ќе биде пренесено тоа што се разговарало. -Продолжуваат и разговорите со политичките партии од внатрешната коалиција, па ќе се отпочнат консултации со политички партии кои сакат да се приклучат кон ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори, така што имаме еден систематизиран пристап на активностите. Кога ќе имаме повеќе информации ќе ја информираме јавноста околу коалициите кои би се случиле за изборите, посочи премиерот Мицкоски.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаХуманитарен настан посветен на Јорданчо Џамов и загинатите ангелиНа 15 јуни со почеток во 19 часот во Градски парк- Кочани ќе се одржи хуманитарен настан посветен на Јорданчо Џамов и загинатите ангели.Настанот има за цел да ја обедини хуманоста, љубовта и заедништвото, а сите собрани средства ќе бидат наменети за: • Изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста“ • Помош и поддршка за семејства од ранливи категории Во рамките на програмата ќе бидат организирани: • Модна ревија во соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип • Продажба на фустани, при што сите собрани средства ќе бидат наменети за поддршка на хуманитарната цел на настанот 🎼 Музичка програмаТагови: кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКако уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација? 15:14Тошковски: Во план се законски измени за управување со електричните тротинети11:18Маленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
ЕвропаУнгарските пратеници се откажаа од 40 проценти од нивните платиУнгарските пратеници се согласија со 40-процентно намалување на нивните плати, со цел да се намали притисокот врз јавните финансии и да се покаже политичка одговорност.Одлуката беше донесена со акламација, односно за неа гласаа сите 189 присутни пратеници на седницата на парламентот. Од следниот месец нивната основната бруто плата ќе изнесува 3.690 евра. Според владејачкото мнозинство, заштедите од мерката ќе ги покријат годишните трошоци за функционирање на парламентот. Со мерката се укинува и надоместокот за мобилни телефони, а се намалуваат и парламентарните додатоци за канцеларии, станови и персонал. Новоизбраниот премиер Петер Маѓар ја поврза реформата со мерките за фискална дисциплина и борба против корупцијата во Унгарија.Тагови: пратеници Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Свет14 загинати во нов израелски напад низ јужен ЛибанНајмалку 14 лица загинаа во нови израелски напади врз јужен Либан, соопшти либанското министерство за здравство, во ново заострување на безбедносната состојба долж границата со Израел. Нападите биле изведени во повеќе подрачја, меѓу кои Тир, Марваније и Зифта, во округот Набатије. Нападите продолжуваат во период на зголемени тензии меѓу Израел, Хезболах и Иран. Хезболах соопшти дека таргетирал израелски војници на либанска територија, но не презеде одговорност за напади врз израелска територија. Израелските власти, пак, најавија дека операциите во Либан ќе продолжат, со образложение дека цел на нападите е инфраструктурата на Хезболах.Тагови: Либан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook