Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
2Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
МакедонијаМицкоски: Успехот на една стратегија не се мери по бројот на страници што ги содржи, туку по бројот на животи што ќе ги подобри Претседателот на Владата Христијан Мицкоски беше дел од денешниот петти состанок на Националната развојна стратегија. „Живееме во време кога светот се менува со брзина каква што ретко која генерација претходно искусила. Економските текови се менуваат, технолошките револуции ги трансформираат пазарите на трудот, геополитичките предизвици стануваат сè посложени, а државите кои немаат јасна стратегија и визија ризикуваат да останат на маргините на развојните процеси. Затоа денес повеќе од кога било е потребно да имаме институции кои нема да размислуваат само за следната година, туку и за следните две децении. Токму затоа Националната развојна стратегија 2024-2044 година претставува еден од најважните документи кои се создадени во поновата историја на државата. Не затоа што е уште една стратегија усвоена од институциите, туку затоа што зад неа стои широк општествен консензус, сериозен експертски труд и искрена намера конечно да воспоставиме култура на долгорочно планирање и стратешко размислување“, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешниот петти состанок на Националната развојна стратегија. „Долги години наназад Македонија беше исправена пред бројни предизвици кои честопати ја принудуваа политиката да размислува краткорочно. Наместо да разговараме каде сакаме да бидеме за дваесет години, често разговаравме како да го поминеме следниот месец. Наместо да се натпреваруваме со најуспешните европски држави, премногу енергија трошевме во решавање на проблеми кои одамна требаше да бидат затворени. Но денес имаме обврска да го смениме тој пристап. Имаме обврска да покажеме дека државата може да биде предвидлива, дека институциите можат да работат врз основа на план, а не врз основа на импровизација, и дека развојот не смее да зависи од политичките циклуси, туку од јасно дефинирани национални цели околу кои ќе постои широк општествен консензус“, вели Мицкоски и додаде: „Националниот совет за развој токму затоа претставува една од најважните платформи што ги имаме денес. Во него се среќаваат институциите, науката, локалната самоуправа, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор. Тоа е место каде различните перспективи не се гледаат како пречка, туку како предност. Место каде се создаваат политики кои имаат потенцијал да траат подолго од еден мандат и подолго од една влада. Особено сакам да ја нагласам работата на Работниот комитет и на сите оние кои во изминатиот период вложија знаење, енергија и време за да ги преточат стратешките цели во конкретни предлози, мерки и политики. Зад бројките што денес ги гледаме стојат стотици експерти, претставници на институции, компании, универзитети и организации кои покажаа дека кога постои заедничка цел, тогаш може да се создадат решенија кои имаат вистинска вредност за државата. Фактот дека повеќе од 1.200 претставници на различни засегнати страни активно учествувале во работата на комитетите, дека се идентификувани десетици конкретни мерки и дека голем дел од нив веќе се реализираат, претставува доказ дека ова не е процес кој останува затворен во институционалните ходници, туку процес кој создава реални ефекти и реални политики. Ова е особено важно затоа што граѓаните одамна не бараат нови стратегии и нови ветувања. Граѓаните бараат резултати. Бараат подобри работни места, повисоки приходи, поквалитетно образование, подобро здравство, модерна инфраструктура и институции кои ќе бидат ефикасни и праведни.“ Мицкоски потенцираше дека успехот на една стратегија не се мери по бројот на нејзините страници, туку по бројот на животи што ќе ги подобри. „Токму затоа успехот на една стратегија не се мери по бројот на страници што ги содржи, туку по бројот на животи што ќе ги подобри. За мене најважното прашање не е колку документи ќе усвоиме, туку колку млади луѓе ќе одлучат да ја градат својата иднина тука. Не е колку анализи ќе подготвиме, туку колку нови компании ќе отворат свои капацитети, колку нови работни места ќе создадеме и колку силна и конкурентна економија ќе изградиме. Денес кога зборуваме за развој, не зборуваме само за економски показатели. Зборуваме за доверба. Зборуваме за чувство кај граѓаните дека државата има правец, дека постои план и дека институциите знаат каде се движат. Зборуваме за создавање држава во која млад човек нема да мора да бара подобра иднина на друго место, затоа што ќе може да ја препознае овде. Држава во која успехот ќе биде резултат на знаење, труд и посветеност, а не на привилегии и врски. Држава во која развојот нема да биде привилегија на неколку урбани центри, туку можност достапна за секој граѓанин, без разлика каде живее. Затоа особено внимание посветуваме на инвестициите, иновациите, дигиталната трансформација и развојот на човечкиот капитал. Не затоа што тоа се модерни термини кои добро звучат во стратешките документи, туку затоа што токму тие ќе ја одредат конкурентноста на државата во следните две децении. Во таа насока особено значајни се активностите поврзани со Мапата за инвестирање, која веќе покажува конкретни резултати преку поврзување на институциите, домашните компании и меѓународните инвеститори. Денес повеќе од кога било е важно Македонија да биде препознаена како држава која не нуди само поволна географска положба, туку и стабилност, предвидливост, квалификувана работна сила и јасна развојна визија“, дециден е Мицкоски. Претседателот Мицкоски нагласи дека една од најважните теми за која мора да се разговара е токму демографијата, бидејќи како што рече демографската политика не е само прашање на статистика, туку е прашање на национална одржливост и иднина на државата. „Една од најважните теми за која мораме отворено да зборуваме е демографијата. Затоа што ниту една економска стратегија, ниту една инфраструктурна инвестиција и ниту една политичка реформа нема да имаат целосна смисла доколку не успееме да создадеме услови нашите млади луѓе да останат тука, да создаваат семејства тука и да веруваат дека нивните деца ќе имаат подобра иднина од нивната. Демографската политика не е само прашање на статистика. Таа е прашање на национална одржливост. Таа е прашање на иднината на државата. Токму затоа секоја економска мерка, секоја инвестиција, секоја реформа во образованието, здравството или локалниот развој, на крајот треба да има една заедничка цел, создавање подобар и поквалитетен живот за граѓаните“, изјави тој. Мицкоски смета дека годишниот извештај за спроведување на Националната развојна стратегија не е извештај за завршена работа, туку почеток на еден процес кој ќе трае со години и кој ќе бара посветеност, континуитет и политичка зрелост. „Денешниот Годишен извештај за спроведување на Националната развојна стратегија не е извештај за завршена работа. Тој е извештај за почеток на еден процес кој ќе трае со години и кој ќе бара посветеност, континуитет и политичка зрелост. Но истовремено тој е доказ дека државата конечно почнува да функционира врз основа на јасна визија, мерливи цели и конкретни резултати. Убеден сум дека доколку продолжиме по овој пат, доколку останеме посветени на реформите, на економскиот развој, на знаењето, на инвестициите и на модернизацијата на институциите, тогаш 2044 година нема да биде само бројка во една стратегија, туку година во која ќе можеме со гордост да кажеме дека сме изградиле посилна, побогата, поправедна и поуспешна Македонија. Македонија која ќе биде држава на можности. Македонија која ќе биде дом на амбициозните и способните. Македонија која нема да ја чека иднината, туку ќе ја создава“, заклучи Мицкоски.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Судбина„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл. Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени. Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата. Mom of Kids Pushed to Death in Murder-Suicide Says Killer Was ‘Wonderful Dad’ Who Was ‘Depressed’ After Layoff https://t.co/DVaNxyQPEx — People (@people) November 5, 2026 На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“. „Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата. На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август. Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден. „Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“. За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби. Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“. „Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање. „Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.Тагови: деца татко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваПознато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ. Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра. Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи. Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови. „Сите опции се отворени“ Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат. „Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој. Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина. Беше во брак со Клое Кардашијан Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24). Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.Тагови: OnlyFans Ламар Одом Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
ЕвропаФицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3. Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен. Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето. Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.Тагови: Роберт Фицо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28